1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепт за убавина на славните

Дискусија во 'Лице' започната од FemmeBrunette, 20 ноември 2011.

  1. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Случајно налетав на еден пост со ваков наслов, па се решив да отворам ваква тема бидејќи мислам дека ќе биде воедно интересна и корисна за сите нас. Клеопатра се капела во млеко за да има нежна кожа, а истото го применувала и Тери Хачер, само што таа ставала и вино во кадата. Знаете ли некој ваков трик за убавина од некоја позната личност? Споделете ја. Ќе почнам јас прва со сознанијата од нет секако.

    Познатата германска актерка Марлен Дитрих внимателно ги негувала своите совршено обликувани, само неколку милиметри тенки веѓи. За совршен изглед на веѓите, таа ги бричела, па ги цртала со молив. Никогаш не нанесувала маскара на долните трепавици, бидејќи била убедена дека нивната сенка ќе ја направи да изгледа уморно.
    ПС: Изгледа заводливо, ама претенки и се за мој вкус.
    [​IMG]

    Грета Гарбо на очните капаци таа нанесувала тенок слој вазелин, кој го покривала со пудра со неутрални бои, а на очните капаци нанесувала темна сенка за очи, со цел да постигне театарски, длабоко експресивен изглед. На горниот очен капак нанесувала и моливче за очи, направено од мешавина на петролеум и јаглен.
    [​IMG]
    Kетрин Хепберн за да го одржи лицето во топ состојба, редовно применувала пилинг терапија. Во кожата втријувала мешавина од шеќер, топла вода и сок од лимон, кој потоа го миела со многу ладна вода.
    [​IMG]
    Одри Хепберн погледот дополнително го нагласувала со нанесување на тенка линија туш за очи и многу маскара на трепавиците. Одри со многу тенка игла ги двоела трепките после секое нанесување маскара. Уникатно, но практично.
    [​IMG]
    Грејс Кели користела две нијанси на руменило за да создаде илузија на истакнати јаболчници. На јаболчниците нанесувала посветла, а на образите потемна нијанса на руменило.
    [​IMG]
    Мерилин Монро, за повеќе да ја истакне својата убавина и да го одржи младешкиот сјај, користела неконвенционални третмани. Нејзината омилена терапија било користењето на хормонска крема што ја мешала со пудра во прав, а со тоа нејзината кожа добивала повеќе сјај.
    [​IMG]
     
    На lokumche, unlucky и interesna им се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кетрин Зета Џонс својата блескава коса ја негува со смеса од пиво и мед.
    Синди Крафорд ја одржува кожата на лицето убава и нежна така што ја мие со мешавина од млеко и вода.
    Тери Качер во бањата додава црвено вино кое и’ ја омекнува кожата.
    Кејт Мос има едноставен рецепт за „отстранување“ на брчките пред излегување- го нурнува лицето во сад полн со коцки мраз и парчиња краставица.
    Никол Кидман користи сок од брусница кој на косата и’ дава блескав сјај.
    Но, сепак не сите се задоволуваат со толку едноставни третмани. Некои ја бараат убавината и во малку поекстравагантни методи.
    Така, за да и’ изгледа лицето младешко и свежо, Викторија Бекам користи маска од измет од славеј.
    Деми Мур оди чекор понатаму за да изгледа помладо и користи пијавици кои и’ ја цицаат крвта од лицето.



    Анџелина Џоли, пак, против стриите се бори со икри, јајца од риба.