Знам дека илјада теми со рецепти на форумов. Се одлучив да ја отворам темава затоа што собирам рецепти, се обидувам да си направам книга - кувар за себе лично, ги пишувам рецептите, ги принтам и си имам книга Освен текстот нормално, задолжително ставам и слика, многу ми е полесно така Собирам секакви рецепти за благо, солено, месено, тестенини, салати.. Ако имате некое интересно рецептче со слика пишете го. Ако темава е глупа или дупла слободно нека се заклучи Еве нешто од мене за почеток Мафини Потребно: - Хартиени кошнички - 200гр. чоколадо - 100гр. маргарин - 5 јајца - 200гр. брашно фил: - 3 јајца - 9 лаж. шеќер - прехранбена боја Подготовка: Чоколадото и маргаринот се топат на пареа и откако ќе се излади (ќе биде млако) се додава 5 јајца (1 по 1) и се мати со миксер на еденица. Постепено се додава брашното и се мати се додека убаво не се соедини. Се полнат кошничките и се пече 7-8 мин. на 250c°