Да ги носам во пунктот за капачиња каj ист гејт и зоолошката градина... Ама ги собирам само капачињата од сокови кои не се во пластични шишиња бидејќи носам шишиња во машините на пакомак и затоа не ги вадам капачињата а ти собираш ли капачиња?
Селектирам пластични шишиња, ги носам во машините на Пакомак, а пред години кога немаше машини на Пакомак ги давав на собирачите или ги селектирав во садовите за рециклирање (ако беа уредни) селектирам и батерии електричен отпад и стакло никогаш не купувам ќеси носам торби, и не купувам тоа што не ми треба за да не правам дополнителен непотребен отпад, сметките ми доаѓаат по електронски пат така и ги плаќам... Кога вадам пари од банкомат не земам хартија, често пати не можам да гледам рафрлани нерециклирани лименки и шишиња по патот и ги земам и носам на рециклирање... Со малку страв што би помислиле минувачите
Да собирам и капачиња и шишиња носам во пакомак машините, батерии исто… се трудам на минимум отпад да произведувам…ама кога ќе видам дека ретко кој го прави тоа се разочарувам
И jaс се разочарувам ама знам дека тоа ќе и се врати зимоска таа пластика кога ќе се пали не селектираната во депониите и ќе ја дишат јас не го правам заради нив туку заради љубов кон природата а плус и заради почвата да не се загадува и воздухот и водата тие не мислат дека од таа почва во која што фрлаат пластика дека ќе им се врати преку храната и водата ....ама има луѓе што рециклираат.. И забораив преска да надополнам.. Ставам вода нон стоп на мачките надвор бидејќи нема од каде да пијат... Баш ми е мило што рециклирате
Од прв ден од кога има кај нас, многу претходно имав информации околу тоа бидејќи следам и читам постојано се што е поврзано со заштита на животната средина, екологија и слични теми
Рециклираме овде во DE. Има посебни контејнери за пластика, хартија и за стакло. Пластичните шишиња ги враќаме во продавниците (се ставаат во машина) и добиваме пари. Со тие пари си пазаруваме.
Телевизорот во контејњер а таму каде што е за електричен отпад ѓубре што е за во контејњер.. А има и пример каде што жолтиот сад е до обичниот контејњер ама тие го наполниле обичниот со пластични шишиња... Толку поган гнасен злобен расипан варварски народ не е ни чудо што е рекордер во рак
Сакам да се надоврзам уште малку на оваа тема бидејќи сум фанатик може да се каже и Еко терорист ама за кратко ќе се селам од и веќе нема да ме интересира ништо за екологијата во ... Именно овие неколку години кога фрлам во подземните контејњери ги гледам дека се полни со шишиња или стакло а садот за пластика и стакло е до нив и се нервирам а се нервирам кога гледам и комшиите кога одат не селектираат и фрлаат се во подземните не се замараат да ја мрднат раката да ги стават во садот..... И веќе подолго време за мене нема контејњери повеќе се фрлам низ тарасата и низ прозорецот и по некое време се создаде доле мн ѓубре кое чистачите од општината го игнорираа после неколку чистења го исчистија и последниот пат после долго време стоење и председателот на куќниот совет залепил известување од општината демек да не се фрла од терасата јас им залепив мојодговор и се открив индирекно на камерите дека сум јас и не се плашам од никој и ќе фрлам и пред сите фрлам.... Ако сакаат Бангладеш ќе го добијат само нека кажат... Во Кочани во бунарите за наводнување на ориз фрлаат мртви мрши и секакво ѓубре... Кога беше Груевски на власт се договорил со Германска фирма да извезуваат илјадници тони корнишони... Германците кога направиле анализа виделе дека производот е загаден со метал заедно со почвата и се откажале.... Целата почва тука е загадена целата е полна со тешка индустрија и плус ѓубрето на луѓето насекаде како бонус и најзагадениот воздух зимоска во светот.... Јас купувам секогаш увозен ориз и увозни производи од овие гнаси не купувам... Правам исклучок само за такви како тебе ама многу малку се... Другите сите се демони за мене кои не им е гајле ниту за почвата ниту за воздухот и сами себе си прават зло
Јас навистина се трудам да рециклирам, пластика, стакло, хартија батерии, електронски уреди... Околината за жал ме прави ненормална а на запад тоа е секојдневие, ние сме прост и неосвестен народ...
Каде да ги однесам капачињата од бебешките кашички, тегличките во "стакло" ама капачињата заедно со нив посебно како каде??
На зелен пазар има еден чичко продава лук, бутик за лук пишува на тезгата, секој ден е таму освен понеделник, ги откупува тегличките за 5денари и ги користи потоа за макалото кое го прави, ако можеш однеси ги
Здраво, Ме интересира како функционираат вендинг машините на Пакомак? Секогаш кога поминувам низ Џамбо ги загледувам...на интернетов не гледам некое објаснување. Освен што треба да се симне Екомак апликација, каков тип на шишиња собира, со капаче или без?
Ги прима и со капаче и без, има код на апликацијата го куцаш на апаратот и ставаш шишиња ае собираат поени и со тие поени можеш да си пазариш после
Со тоа што го имаш направено си подеднакво демон како што ги нарекуваш другите. Скоро повеќе од 10 години рециклирам и го делам отпадот, но тоа доаѓа со едукација и пренос на воспитување за нашата екологија и природа. Тоа што ти го правиш извини но не можам да го прифатам! И мене ме нервира луѓето што не рециклираат, но промената ја започнуваме од самите себе! Ќе рециклирам и ќе се обидам сите околу мене во мој круг да се запознаени со придобивките на рециклирање, колку тоа значи и што се случува ако не го правиме тоа. Ти што зимаш увозно бидејќи почвата е загадена, НО и ти си таа што ја загадува уште повеќе! Не те разбирам сори! Нема да сум подобра верзија од себе бидејќи луѓето околу мене не сакаат да бидат?! Запамти! Промената почнува од тебе! Треба да гледаш за ти што правиш подобро, не другите