Решение за лишаи на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од ma4o4female, 13 април 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Имам проблем со лишички на лицето, а имам нормална кожа.Дали знаете што треба да користам? Очекувам некој корисен совет. Поздравче <3 :*
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Еее јас го имам овој проблем секоја пролет...ќе си отидеш на кожен лекар и ќе ти направи специјална крема како за тебе и ќе се мачкаш.100% ефект...јас така направив и еве неколку години немам мака,штом запролети веднаш почнувам да ги мачкам критичните места и спречувам да се појават,инаку рабовите на вилицата,цела кожа ми е црвеникава и ми се перута.Инаку,лишаи,не лиши...
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Мене сега за прв пат во животов ми се појавија лишаи на телото. Мислам дека е од гелот за туширање, бидејќи купив еден што не сум го користела претходно.
    Сега се мачкам интензивно со млеко за тело, и плус го сменив гелот за туширање.
    Се надевам дека ќе ми помине, и дека нема да морам да одам на лекар, бидејќи многу мразам да одам по лекари.
     
  4. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Знам грешка во чекори :D јас порано го немав проблемот со лишите, ама мислам дека е од четката со која ставам перли :( ми се појавија. Интензивно го мачкам лицето наутро и навечер, и тоа со Бекутан, не поминува. Сепак би било добро да отидам на кожен лекар. Фала на советот ;) поздравче
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Jaс имам најсува кожа на светов :D
    И исто така имам лишаи периодично. Најчесто во есен и зима, ама не ме одминуваат и летно време посебно ако сум на море па се суши така повеќе кожата.
    Бев на кожен лекар ми препорача крема ама џабе. Едноставно сува ми е кожата.
    Спасот го најдов во една многу хидратантна италијанска крема CERA DI CUPRA. Така да си ја користам како дневен и ноќен крем и лишаи сега имам преееееемалку. Може и со години не сум имала изразит лишај кој многу ќе ми се познава, како пред користење на кремава. Сега некогаш, ретко, ги имам како посуви и дури незабележителни делови на лицето.
    Иначе некогаш ако ми излезе користам павличева маст, мислам дека сега се вика детска крема. Таа е најмасна крема
     
  6. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    3 пати на ден ставај облоги од Acidi Borici (Борова вода), и мачкај се со Garamicyn (маст е тоа).После секоја облога ставај маст. Мене ми помогна, многу. :)
     
  7. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Не знам колку би ти помогнала крема без разлика дали е павловичева или бекутан. лишаите се вируси на кожата кои се шират и доколку ги мачкаш со обична крема колку и е мрсна, ќе исчезнат привремено додека не упие кремата, а потоа пак ги има. Значи мора да лекуваат, најдобро е да одиш на кожен лекар и тие ќе ти кажат како да ги третираш за да ги излечиш.
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас се мачкав со две различни креми една наутро една навечер со малку триење. Таа наутро беше хлорамфеникол мислам а таа невечер една жолта не ми текнува како се викаше
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    И јас го имам истиот проблем.Обично ми излегуваат кога има премногу ветер бидејќи имам сува кожа и лесно пука,но знаат да се направат и во различен период од годината пред да добијам.
    Можеш да пробаш со облоги од камилица,а потоа со павловичева крема наутро и навечер.Доколку не забележиш резултати најубаво би било да се консултираш со кожен лекар и да не земаш сама на своја рака мастови бидејќи може да направиш беља.
     
  10. perdija

    perdija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    Секоја години ми се појавуваат лишаи, претезно на вратот и делот кај устата. Користам Decotal маст и имам ефект, многу брзо поминува.
     
  11. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    и јас го имам проблемот со лишаите но оти ми се појавуваат во пределот под оците несмејам нисто да користам едино само павлицева и ми помага
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Мене ми се појавуваат лишаи од пудрата (дали оти никогаш не можам да си ја погодам и прилагодам).
    Пробував со секакви помрсни кремчиња, или ги оставав сами да поминат при тоа го одмарав лицето од пудра...
    Но, мајка ми ми' ја купи оваа маст [​IMG] и верувале или не вечерта се намачкав на чисто, измиено лице, и утрето ми беше ееептен чисто, меко и мазно. Но сепак постапката ја повторив и наредната ноќ. И секогаш кога ќе почувствувам потреба ја користам и ептен сум благодарна.
    Некаде 60,70ден е (до 100 најмногу, ја има по аптеките), ама стварно помага.
    Треба да си купам сега (немам веќе), па може и за овие ситните брунчиња ќе ми помогне.
     
  13. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Јас имам користено Кутерид Г и ми има значително помогнато..Сега ретко ми се појавуваат и дома Кутерид ставам и ашш,ги нема :D
    Вакво е пакувањето..
    [​IMG]
    Или поточно вакво,како на оваа сликичка..
    [​IMG]
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Јас би ја додала и Реконазол кремата...многу е ефикасна.
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    а дали некој имал проблем со лишај на тело и како го излечил?

    мене на рамото ми излегол еден голем лишај и ми дадоа крема Бетасилк... :^),
    [​IMG]

    но,некако споро ми се чисти, напукната мие кожата, малку крвари и пецка :worried:.
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^^ Па ете погоре ти пишува искуства и масти. :)
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Знам Роси ја фалеше Cera Di Cupra Rosa за проблеми со суво лице, јас немам проблеми со лишаи, ама имам доста сува кожа, и ја земав да видам како ќе се покаже на мојата кожа. Инаку вообичаено користев Нивеа во плава лимена кутија што е, ама некоаш осеќам ко да не ми ја впива лицето, па сеа обично Нивеа си ставам навечер а Cera Di Cupra Rosa за преку ден и ко подлога за шминка. Кремава е околу 260 денари во Зегин, кутивче од 100ml е.

    [​IMG]
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    ^ oткако ја користам кремава пу пу да не се урочам немам лишаи речиси ич, освен некое минијатурно многу минијатурно зимно време ептен ретко.
    А порано имав големи на лицето, па мачкај со секакви креми, бев на 2 дерматолози абе ништо не ми помагаше додека сам лишајот не си помине. Пола од погоре кремите ги користев и џабе.

    Јас и кремава сме во љубовна врска :D
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ Грл, обавезно да ми пишеш како ја поднесе кремата, и дали е убава. :wasntme:
    Оти и јас сум како тебе.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Имам комбинирана кожа ,носот челото ми беа мрсни...сега дали оти нонстоп си користев гелови креми и лосиони за таква кожа,ми стана сува :devil: и почнаа да ми се јавуваат мали лишаи околу истата и на образот една,а никогаш сум немала..ставам павловичева и хлорамфеникол ама џабе....
    откако ќе го измијам лицето ми е најсуво на свет затегнато ептен,ама после саат два се јавува мрсното лице-на Т зоната....и сега незнам што да направам дали да продолжам со прозиводите за масна кожа или да најдам за сува зошто лишаите ужасно ме нервираат па и почнаа тие околу устата да се лупат :@