Фина епизода... Ми се чини дека серијава се подобрува, еве во денешнава епизода и појавувањето на татко му на Кејлеб му дава малце тежина на сценариото. Без тоа некои работи како да им висат во воздух, како да се направени ради-реда без некоја логика...
Јас го изгледав само пилотот, некако индиферентна ме остави, и уште сум во мислење дали да ја почнам. Нејќам да инвестирам време и да ми биде ко со ПЛЛ, да оставаат неодговорени прашања, нелогични дешавки, да се нервирам и да трошам живци. Вака се осеќам за ПЛЛ, ама срце не ми дава да ја прекинам после толку време. Кажете ми дали воопшто да се нафаќам да ја гледам или да баталам? Незнам какви се коментарите на предходните страни, нејќев да се спојлерисувам во случај да се одлучам да ја гледам. Благодарам однапред
^ Who doеsn`t Paradox дај и втора шанса, посебно ако сакаш мистерии и малку(повеќе) сај-фај. Има некои нелогичности, некои работи кои не се согласуваат барем засега, ама мислам и ми се чини дека нема да ја тупат бесконечно и дека се на пат да ги разоткријат. Сeпак има само 9 eпизоди до сега, прeрано e да очeкувамe којзнаe какви откривања, ќe трeба многу брзо да ја завршат а и тоа нe чини па. Конкретно ми се допадна последната епизода мислам дека ни дава надеж дека ја носат во насока на некое откритие. Реми ми е навистина смешна, интересна и посебна, не би можела да ја замилам серијава без неа. Сцeнитe со нeа ми бeа прeдобри. Спојлер
http://www.justjared.com/2014/02/14/rav ... ne-season/ Kлошаришта, клошаришта. А тамн работите почнаа да се откриваат... Штета, голема штета!
Ова е некоја клетва по мене шо оди. А почнам серија од почеток - ја исклучват а е предобра ама нема доволно гледаност. Damn. Една глупа Хана Монтана поќе сезони имаше. Саботата кога видов срцето ми се скрши и се сетив на the secret circle (исто така прекината после една сезона) и една работа што знам е дека одсега почнувам да гледам серии кои се стигнати до средина со втора сезона. Уште два една една недела ќе помини откако ја прекинаа ама јас никогаш нема да се помирам со тоа и ме вознемирува фактот што нема петиции за враќање (Teen Wolf која ја гледав и исто ја прекинаја после прва сезона, со петиција ја вратија и сега машала супре оди )
Се знаеше дека серијава ќе се прекине ја направија само затоа што изгубија гледаност на ПЛЛ и кога повторно се зголеми гледаноста ја прекинаа, а шансите да ја вратат не се мали зашто ако ја упропастат 5та сезона на ПЛЛ ќе ја вратат I hope so
Ете уште една серија си отиде недовршана и недокажана А само што почнаа да се отплеткуваат работите и што убав беше крајот кога се појави Кејлеб(од минатото) и кога конечно можеше да бидат заедно со Миранда а Хана со Кејлеб(од сегашноста). И мене Реми ми беше најинтересен лик, се надевам ќе ја видиме во некоја нова епизода!
Што се случи со серијава? Мене ми е баш интересна,штета што веќе нема нови епизоди.Се надевам во наскоро време ќе има...
^ Ја укинаа серијава после само една сезона, така да за жал нема да има веќе нови епизоди т.е ќе нема втора сезона...