РејдиоХед и Том Јорк (Radiohead & Thom Yorke)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Trendafilka, 9 јануари 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Radiohead е англиска музичка група од Абингдон, Оксфордшајр која свири алтернативен рок.

    Групата е формирана во 1985 година и се состои од Том Јорк (водечки вокали, ритам гитара, пијано), Џони Гринвуд (водечка гитара, клавијатура, други инструменти), Ед О‘Брајан (гитара, помошни вокали), Колин Гринвуд (бас гитара, синтисајзери) и Фил Селвеј (тапани, перкусија).

    Radiohead го издале својот прв сингл, „Creep“, во 1992. Песната отпрвин била неуспешна, но станала хит ширум светот неколку месеци по издавањето на нивниот деби-албум „Pablo Honey“ (1993). Популарноста на Radiohead се зголемила во Обединетото Кралство со издавањето на нивниот втор албум, „The Bends“ (1995). Третиот албум на Radiohead, „OK Computer“ (1997), ги издигна во поголема меѓународна слава. Вклучувајќи во себе експанзивен звук и теми на модерно оттуѓување, „OK Computer“ честопати се спомнува како еден од позначајните албуми на 1990-тите.

    Kid A“ (2000) и „Amnesiac“ (2001) обележуваат еволуција во музичкиот стил на Radiohead, како што групата вклучува влијанија од електронска музика, краутрок, пост-панк и џез. „Hail to the Thief“ (2003), мешавина од рок предводен од гитара, електроника и текстови инспирирани од војна, е последниот албум за нивната голема издавачка куќа, EMI. Првите шест албума на групата, издадени преку EMI, се продадени во повеќе од 25 милиони копии до 2007. Radiohead независно го издадоа нивниот седми албум, „In Rainbows“ (2007), првобитно како дигитално преземање од интернет за кое купувачите можеле самите да си ја постават цената, а подоцна и во физичка форма кој довел до успех кај критичарите и топ-листите.

    Време е да се одвои тема за овие музичари, за овој бенд, за Том Јорк.
    Не се за сечиј вкус, уникатни, оригинални, ексцентричен лидер.
    Се' уште ги проучувам, многу песни, премногу квалитетен материјал, почнав наопаку, :lol: од In Rainbows па наназад, ама за него ми беа потребни добри 6 и повеќе месеци да го преџвакам, засакам и тотално да се опседнам со Рејдиохед. :up:


    Ако постои уметност денес, едно од имињата кои ги носи е токму ова. ;)
    Секој албум е посебно доживување, ова е едно од малкуте нешта за кои сум имала предрасуди (депресивни, меланхолични, досадни, претенциозни), а сум го променила мислењето 100%.

    Една од омилените:
    http://www.youtube.com/watch?v=cdrCalO5BDs
    Уживајте . . .
     
    На Annabel Lee, gingerchild, faye и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Radiohead & Thom Yorke

    А мори Трендафилке, росно цвеќе, можам ли да си дозволам да не те пофалам? Не, не можам.

    Браос! :clap: Конечно ни се полни музиката со свежи теми за квалитетни музичари кои заслужуваат да се зборува за нив!

    Ги обожавам. Од кога знам за себеси. Од кога почнав подлабоко да ги перцепирам песните кои ги слушам. Алфа и омега ми беа во 90те години. Во средно ги слушавме и преслушувавме заедно со друштвото и дискутиравме за песните со часови.
    Нивната музика се доживува, се слуша, се апсорбира. Да можеа да се дишат ќе си купував боци Radiohead и со нив ќе дишев.
    Текстовите им се длабоки како океан. Ништо не е случајно втиснато на парче хартија.

    Прекрасна музика, прекрасен печат на музичкото минато па и сегашност.

    Моите омилени?

    http://www.youtube.com/watch?v=wepAxJ6BN30

    http://www.youtube.com/watch?v=IBH97ma9YiI

    Иронично - токму оваа :) Оваа буди прекрасни спомени, на денови поминати покрај езеро следејќи го зајдисонцето на оваа песна...неколку ноќи по ред. Да можам, би се џитнала во песнава. Толку е моќна!

    http://www.youtube.com/watch?v=FVNjd3fqCt8

    И оваа ми е врв. Колку само километри сме поминале со родителите и ги гњавев со песнава. На рипит! Татко ми ја засака песнава со мене, кутриот а сигурно му збогтисала затоа што го тормозев. Ах здодевна тинејџерка што може да ти направи :)

    http://www.youtube.com/watch?v=mcYu5Vg_YH8
     
    На Domino, Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Radiohead & Thom Yorke

    Алал да ти е за темава.

    Радиохед се група која што можам да ја слушам цел ден и да не ми се смачат значи. Посебно ми се допаѓа Џони Гринвуд, значи цар е човекот. Mи се допаѓа тоа што имаат примеси на електронска музика односно има мали додатоци на техно. Ако сакам на некој концерт да појдам тогаш е на нив. Најубави ми се

    http://www.youtube.com/watch?v=lstDdzedgcE

    http://www.youtube.com/watch?v=cdrCalO5BDs

    http://www.youtube.com/watch?v=UJkeVkYq8Es

    И секако, песна без која не ми врви ниту еден единствен ден, и ми е една од најубавите песни кои постојат на светов

    http://www.youtube.com/watch?v=XFkzRNyygfk
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Radiohead & Thom Yorke

    :clap:
    :whew:

    Уф, два одговори.
    Колку сме, толку сме, токму сме. ;)

    Пирамид, ретко кој ја знае Talk Show Host. Јас ја слушнав како дел од OST Romeo + Juliet, и сосем се опседнав со песната. Ја знаев таа дури пред да ја дознаам Creep. :P

    Погрешна е етикетата дека Radiohead се депресивни.
    Музиката им е генијална.

    Морам да признаам дека покрај сета контроверзија која го следи бендот, тргнувајќи од Том Јорк, како едни од најоригиналните, анти-комерцијални, анти-gold digger's бендови, бев изненадена кога ја слушнав 15 Step на крајот на Twilight првиот дел. :^)

    What was that?

    Ама па, од друга страна, и Muse редовно "донираат" преубави песни за овој... неинтелигентен филм. |(

    Зборот ми беше, бидете срциња и дајте да ја откриеме тајната во спотов, ме копка месеци наназад. :D
    Не можам да се помирам дека само Том Јорк знае што им шепна човеков... и режисерот , нормално.
    http://www.youtube.com/watch?v=R5X7HKxpiQA
     
    На Wild.Child и Annath им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Radiohead & Thom Yorke

    Зрно по зрно - погача. Капка по капка - океан :)

    Зарем на форумов нема други фанови на Radiohead?! Ја чекам и повикувам Вајлд Чајлд да се јави на темава! :)

    Talk Show Host ако добро се сеќавам ми влезе длабоко во потсвест во втора средно токму благодарение на филмот на Baz Luhrman. Беше употребена при една сцена на зајдисонце и од тогаш не можев да ја откачам. Нон стоп ми свиреше во глава. Така да и кај мене се „виновни“ Ромео + Јулија ;)

    Не знам само како заборавив да ја спомнам Rabbit In Your Headlights која Том ја направи во соработка со UNKLE односно со еден од најизвонредните хип хоп диџеи - DJ Shadow. Што може човек да каже после една ваква соработка освен :bow: ? Умешно експериментирање и тотална иновација на звуци. И уште кога ќе додадете таков уникатен глас, не може а да не се создаде ремек дело.

    За тоа дека се депресивни не би се согласила. Атмосферични се, но не се депресивни. Впрочем секоја музика може да се доживее депресивно доколку и самите сме во таква состојба. Јас покрај нив уживам дури и во меланхолијата која ја создаваат, не ми пречи.

    Том Јорк е повеќе од чудничок. Имам читано и слушнато по музичките телевизии за него дека е тотално асоцијален тип и контроверзен со своите искрени и дрски изјави за музичарите. Се плашат дури од него :) Не му се ни чудам. Револуционер и антиглобалист во душа не може да се лигави пред некој кој едноставно не му се допаѓа :) Ама ич не ми е гајле, се додека прави таква извонредна музика, и живи жаби на сцена да јаде ќе ми биде сеедно.

    Сега се потрудив и малку гуглав и го најдов ова што им го оставил како порака на своите музички колеги.

    Цар! :clap:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Radiohead & Thom Yorke

    Море муле, сум заборавила да ја постирам

    http://www.youtube.com/watch?v=LsJTaMSx3_8

    Ова е мелем за уши. Слушаш и уживаш, влегуваш во сосема друга димензија. Тоа најмногу го сакам кај некој бенд, ти да ги почувствуваш емоциите кои пејачот сакал да ги пренесе.

    П.С што да не бидиме малку, кога поитересни се Цеца и компанија, ама ај не пишувам за тоа, не сакам да ја грдам темава со такви "музичари".

    П.П.С Дали приметувате дека групава најмногу внимание посветува на текстот? Значи не се грижи ни тоа како ќе ја презентира песната сценски, туку со гитара во раката и создава таква хармонија. Тоа мене ми е супер.

    Радиохед рулз! :rock:
     
    На Phyramide, Trendafilka и Annath им се допаѓа ова.
  7. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    254
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Radiohead & Thom Yorke

    Ја видов вчера темава, но немав време да пишам. :)
    Според мене, Radiohead се најдобриот бенд во светот. Тотално се ежам секогаш кога ги слушам. Секоја песна ја чувствувам на чуден начин, ме допира до секој дел и ме исполнува. Тоа што го прават е дефинитивно многу повеќе од музика. :)
    Creep, која имам веќе спомнато е моја омилена песна. Каков бран од емоции добив првиот пат кога ја слушнав, тоа е нешто што со милион зборови не би можела да го опишам, а Рејдиохед тоа го можат со една трака од неполни четири минутки - генијалност. :)
    И морам да признаам, Том е вистински генијалец, а и страшно многу ми е харизматичен. :$ :lol:
    Чест ми е што сум родена на ист датум со ваква легенда. ^_^
    Да издвојам и уште некоја песна, иако секоја нивна песна е посебна на свој начин и во себе носи многу повеќе од музика. :)
    Најдобар бенд, а воедно и мој најдобар другар. Нивната музика може да ја залечи секоја рана. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=M_wGLZmwZ8o
    http://www.youtube.com/watch?v=uG3R7con ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=waJWRYa7 ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=RnfXvPBV ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=M9dphUSHE5s
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.013
    Уф Radiohead :inlove: Прва песна (очигледно и нивна најпозната на јавноста) што ја слушнав беше Creep пред година време и од тогаш станав опседната со нив, им ги обожавам сите песни. Ај и ја да постнам нешто од нив :)
    http://www.youtube.com/watch?v=GKkr29EGc-Y
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    За сите обожавателки на Рејдиохед и Џеј Зи, ова е веројатно најдобриот mash up на рок и хип хоп, presented by Minty Fresh Beats ;)
    Jay-Z x Radiohead - Jaydiohead
    http://www.youtube.com/watch?v=p_VYEac2fBU
    http://www.youtube.com/watch?v=mEUdiRTpKfk

    Дури и насловите на песните се комбинација од наслов на песна од Radiohead и од песна на Jay Z,
    Simply a must! :up: :up: :up:

    Еве и торент:
    http://www.monova.org/details/2165688/J ... SH%20BEATS)-2009-MIXFIEND.html
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Според мене поентата на спотот, а воедно и мое лично видување е, Ignorance is bliss, Незнаењето е благослов, колку повеќе знаеш за многу работи, толку си попреокупиран и размислуваш, тумачиш настани, луѓе. Кога незнаеш ништо не може да те повреди.
    За жал, човечката љубопитност е незаситна, па дури и по многу висока цена,дури иако после тоа нема да можеш да се помириш со тоа што ќе го чуеш.
    Ете јас така мислам за поентата на спотот, кој воедно е многу интелегентно направен и според мене е еден од најдобрите спотови, со многу јака порака ;)
     
    На Trendafilka, Wild.Child и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.510
    Гад блес Трендафилка што ја отворила темава! Не ми се верува дека не сум ја забележала до сега.

    Само сакав да кажам дека Крип е една од моите омилени песни воопшто. Ја слушам речиси секој ден, и ја имам слушано на рипит до бесвест!
    Чудно влијание има врз мене. Кога не ми се сите овци на број ја слушам милион пати, и после тоа како нова сум!

    Ги сакам и другите песни, ама Крип ја рокам до даска каде и да сум, ама ич не ми е гајле!
     
    На Phyramide, Annath, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    На Phyramide и Wild.Child им се допаѓа ова.
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    705
  16. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    435
    Концертов има совршен избор на песни и прекрасен перформанс. Би сакала да присустувам на ваков настан + нешто од новите албуми без да се скрати било која песна што е на концертов. :$

    http://www.youtube.com/watch?v=iNPD0Fuan-k
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.013
    Го преслушав веднаш по излегувањето и морам да кажам (иако Трендафилка не се согласува) дека помалце ме разочара. Или јас повеќе очекував. Некако премногу се насочиле кон електрониката, а ги напуштиле инструментите. Сепак има некои песни кои можам да ги издвојам од новиот албум, Codex пред се да не ја постирам по втор пат, Separator и Lotus flower.
    http://www.youtube.com/watch?v=F3oRhwOcQ3w
    Еве и еден од моите постари фаворити: http://www.youtube.com/watch?v=y6GkPkwkgSE
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Овој албум ми е да речам најчуден од сите, не во негативна смисла, секако. :) Првата недела додека го слушав ми изгледаше како сите песни да се исти, некој нов електро звук со малку гитара, но по некој ден сфатив дека воопшто не сум била во право. :) Тоа што не ја забележав магијата на овој албум од самиот почеток беше само уште еден доказ дека музиката на Рејдиохед е многу по сложена и не е нешто што се прави за месец или два.
    Како фаворит ќе ја издвојам Separator. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=wx-3DeJYUu4
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Мене ми се допаѓа Feral.
    http://www.youtube.com/watch?v=Yb-OhedMKc4



    Уствари, целиот албум ми се допаѓа.
    На почетокот звучи малку чуден, но со секое преслушување следи повторно вљубување.