Еве и еден рецепт за посни плескавици од риба . За околу еден килограм ослич потребни се околу 3 компири (средна големина), сол, вегета, црн пипер, буковка, 2-3 лаж. брашно, 2 лаж. масло, мешан зачин за риба, главица ситно сецкан кромид и малку лук по вкус. Рибите целосни (без кожа) се ставаат во врела вода да се варат. Ќе процените дека се варени кога месото ќе се дели од ’рбетот. Тоа е некаде од прилика околу 10 - 15 минути да се варат. Потоа компирите се лупат и се сечат на тркалца, па и тие во истата солена вода од рибите се варат. Откако се сварат и изладат се мелат на машина за месо, паралелно и месото и компирот. Во сомелената смеса се додава, брашнто, маслото, сол по вкус, вегета, црн пипер, зачинот за риба, буковката. Се убаво се меси и се оформуваат плескавиците. Потоа се валкаат во пченкарно брашно (можете и во обично, но ова не гори и нема воопшто да ви поцрнат, туку ќе бидат убави и со румена боја), па се пржат во зејтин. Превкусни се и нема да зажалите да ги пробате .
јас сега правев лосос во фурна, го посолив лососот, ставив вегета, црн пипер, лук во прав, малку рузмарин и сок од лимон... во таа смеса отстои половина час, потоа во плех ставив парчиња компир и морков, и филетите од лосос, ја истурив течноста од маринадата врз сето тоа, врз компирите посолив вегета и го залив со вода... врз плехот ставив алуминиумска фолија,така ке ги печам половина час,на 200 степени, а потоа ке ја тргнам фолијата да зарумени лососот... па ке пишам што ке излезе
јас многу си сакам риба ама штета што сум алергична а последниот пат коа јадев риба направив сериозен проблем па така да не планирам да пробувам од мерак
Домакинки.. Ај ве молам произнесете некој убав рецепт за приготвување на Клен рибата? Татко ми купил тоа за ручек да праиме па се чудиме со мајка ми како да го направиме
се ја посолиш т.е. се ке и ставиш видета зејтин и останато и ке ја замоташ во фолија и ке ја ставеш да се пече...мммммм
^^^ Скушата ти е нај убава на скара,се прави сос се толчи лукче со масло и киселина,и кога е готова секој си става на скушата од сосчето,вака ми е нај убава
Домаќинки, имате ли некој рецепт за приготвување икри? Цел саат барам на интернетов, ама ништо не најдов
едни ги подгорвувам-посолувам малце брашно и пржам во масло... др-посолувам,малце брашно и лимон кругови и пече
Обично ја печам на фолија во рерна, без да додавам масло. Скушата , претходно исчистена, ја посолувам и ја полнам со сосче од сецкан лук, магданос/рузмарин и цеден лимон, а врз неа исто ставам кругови лимон, додека белвица и пастрмка само ги посолувам и ги ставам во рерна
Претходно исчистената риба,ја посолувам ја реда во четвртаста тава и ја покривам со кеса за да не прими мирис од фрижидерот и ја оставам да отстои една ноќ за да биде доволно солена. Утредента ја полнам со фил составен од свеж магдонос,свеж лук,моркови,кари,рузмарин и ја полевам со смеса од зејтин и бело вино и цеден лимонов сок.Рибата е подготвена за печење во рерна.Не многу,премногу е вкусна
Вчера приготвив риба ослиќ со зеленчук и излезе мн мн вкусна (како сам се надала, добро сам се удала ) Замрзната риба-ја исчистив само од паринките и од перките, и ја измив. Во тава голема издробив на крупно неколку компири, два големи моркови, две главици кромид и пола страк праз. Го зачинив тоа со сол, вегета и бибер, му ставив маслиново масло, ги наредив одозгора рибите (не сечени, како што си се замрзнати, моите не беа ни одмрзнати, така ги ставив) ги посолив нив и им ставив вегета, во тавата ставив еден филџан вода, и околу 100 мл. бело вино. Го покрив со фолија, и го ставив да се пече. Печев околу 40ина мин со фолија на 250, после ја тргнав и уште 20-30 мин печев без фолија. Излезе навистина вкусно. И не замирисува цел стан како кога би се пржела рибата. А, да, направив и сос со ситно сецкан магднонос, лук, маслиново масленце, лимон, сол и малце вода...Делишес Кој не е искусен со риби, нека проба вака-успева
а потоа овие работи под рибата се јадат ли компирот празот...?..или само за да добие вкус рибата се. јас само пржена риба не сум експериментилара друго и незнам баш како да подготвам риба
Како да пржам филети но без да ми се ронат? Рецепти? Аовие стапчиња со бело рибино месо како да ги приготвам?
Јас да си прашам нешто за ручекот денеска,ако ми одговори некој арно,ако не,експериментација Купив замрзнат ослич и сега не сакам да го пржам,туку да го печам. Да го наредам така неисчистен во тава,да го полијам со маслиново масло и лукче? Или да го исечкам на филети,ама коските да ги оставам после со јадењето да ги чистиме? Оти ептен се смрзнати,а не можам така да ги чистам,па затоа сакам цели да ги испечам. Немам печено риба во рерна,па не сум многу информирана. Фолија да ставам одозгора или може и така? Ај домаќинки помогнете