Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Риба - начини на приготвување

Дискусија во 'Рецепти' започната од EmCeee, 20 март 2010.

  1. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Нема проблем стави го цел, масло да не ти загори и останато по желба. За пола час отприлика се пече но сепак проверувај го често. Штом фати кора и малку пожолтее готово е. Јас дури кога печам било каква риба не користам ни масло само ставам малку повеќе вода. Аааа и не заборовај сол!
     
    На westt и Marossa им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Малце доцна одговоров, али подобро доцна отколку никогаш:D.
    Замрзнат ослич највкусен ми е на следниов начин, парчињата така заледени ги ставаш по млаз топла вода и убаво ќе ги измиеш, таман тие малку ќе се одмрзнат. Со нож за филети или друг остар нож излупи им ја кожата, засечи и повлечи, лесно оди.
    На страна спреми алуминиумска фолија, доволно големи парчиња за да може убаво да ја завиткаш рибата. Секое парче риба посебно се пече, па така на сите парчиња стави по една капка маслиново или сончогледово масло и малку со прстите размачкај. Стави ја рибата, додај зачини, сол, бибер, вегета, магдонос, босилек, мајчина душица, копар...
    Врз секое парче стави по една/две лажици бело вино и едно до две тркалца лимон и малку ситно сецкан лук.
    Убаво замотај ја и печи окулу 30 минути на 180-200 степени.
     
    На afrodita26, Outlook, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Ги исчитав коментарите за подготовка на пастрмка, ама не сум правела до сега, па не знам дали треба да ги засечам на 2 одвоени филети, дали да вадам некоја главна коска?

    Ќе ги добијам исчистени и свежи, само за подготовка, па планирам со сол, лимон, масло и малку вода и малку црвено вино да ги печам под фолија...
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Не сум пробал, но многу сакам, да пробам риба на трски. Звучи дека е добро.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Imam od ovie ribite sto se drobeni so prezla (taka kupeni) no ne sakam da gi prigotvuvam so kompir kako garnir. Nekoj sovet sto so niv da stavam?
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Ориз со златна мешавина, брокули и пченка (не заедно), посебно обарени брокули, посебно пченка па на сервирање малку од едното, малку од другото ќе ставиш.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mravka

    Mravka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Ako moze nacin na prigotvuvanje na pastrmka
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ја приготвувам печена во рерна, ставам сол, бибер, масло, сечкан лук, сецкан домат ( може и од замрзнативе ако имаш ), малку бело вино и водичка.
    Се пече на 250-200 степени отприлика пола саат до 45 мин. Барем јас толку ја печам. Точни мерки немам, се од око.
     
    На galapce, joy1 и Mravka им се допаѓа ова.
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.608
    Како подготвувате лосос? @Eli23 мислам дека ти имаше ставено некаде слика од приготвен лосос?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Јас пробав 2 различни начини и беше подеднакво вкусно.
    На првиот начин го печев лосос во фолија, завиткано како чамче,за 4 филети лосос треба 4 супени лажици маслиново масло, 3 сецкани домати, 2 млади кромиди, 2 супени лажици сок од лимон, 1 лажичка оригано, 1 лажичка мајчина душица, сол и бибер. Прво рибата ја зачинуваш со сол и бибер, го додаваш маслиновото масло. Со таа страна на фолијата ја ставаш. Останатите состојки + пак 2 лаж маслиново ги блендираш и ги полеваш врз рибата во фолијата. Јас користев тегли со живи патлижани, со кромид и лук внатре. Ги затвараш фолиите и печеш 25мин на 200 степени. Јас ги отворив фолиите па печев уште малку. Ја сакам рибата посува.
    На вториот начин ги зачинив рибите со сол, бибер, рузмарин, магдонос, масло, полив со 250мл бело вино, 25мл сок од лимон и 300мл вода (мерките се за 900гр.лосос, јас од око си ставав според количината риба ). Рузмарин јас по желба си додадов. Нема во рецептот рузмарин, ама секако беше убаво. Печев 40 минути на 160 степени.
    Вкусот е тука некаде, нема голема разлика.
     
    На Bozica1980, galapce, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.608
    Фала ти многу,а на вториот начин ги печеш без фолија,така?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Da taka. :)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Мајка ми пече олич со магдонос бело вино под фолија, превкусен е!
     
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    Јaс лoсoсoт гo печaм вo земјенa тaвa нa мaслинoвo мaслo и цеден лимoнoв сoк стaвaм oдoздoлa крoмид,лук,мaгдoнoс,мoркoв,сушен зеленчук,aкo имaм,сoл,бaтaт некoгaш зaтвaрaм сo фoлијa и печaм,крaткo пoсле јa вaдaм фoлијaтa дa пoрумени рибчетo
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Дали можам лососот да го правам во апарат на пареа?
     
  16. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Кажете ми како се приготвува риба филети оние без кожа. Ги добив на поклон ама нз како се приготвуват.
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    Купив цел смрзнат лосос. Поим неам што да му правам :(
    Помагајте. А ќе треба и да го послужам.
     
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 еве еден рецепт на Анат од поодамна. Рецептов е за во рерна.
    А еве уште еден рецепт за пржење на лососот со зеjтин.Се надевам ќе ти се наjде некоj
    https://moirecepti.mk/post/лосос-во-маринада
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anonimus-mk

    anonimus-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Машки
    @Bozica1980

    Еве освен тој што ти го кажав можеш и вака нешто..па бирај :party::D
     
    На Bozica1980 и Emy867 им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.