Фала ви ќе проучам се Највеќе ми беше дали ќе успеам кога ќе го одмрзнам да исечам парчиња пошто е цела риба
Здраво девојки. Имам пица пан тава, до сега ја немам користено а знам дека освен пица се готви и риба, месо, омлет, компири, палачинки итн. Дали некоја од вас користи и како се готви во неа, со колку зејтин, дали загорува или лепи. Ако може некој рецепт домаќинки
Јас досега само палачинки праам на неа,не ми текнало дека може и друго да се готви,а пицата не ми ја пече баш убаво како во рерна,затоа ја користам само како тавче за палачинки,ако приготвиш нешто сподели рецепт
Кажете некој вид риба кој не мириса уопште за да си направам да јадам? Избегнувам риби со тежок мирис. и рецептче некое пуштете ако сакате Помедитеранско нешто
Пастрмка најмалку мириса... иначе најлесно е да ја завиткаш чистена во хартија за печење како вреќичка, да ставиш малку масло, ептен малку вода, сол, зачини по желба, морков, кромид, лук и магдонос, и така завиткана да ја печеш.
Било која риба може да ја готвиш вака, нема врска дали се филети или цела риба, со тоа што ако готвиш филети, тие се прават за пократко време од цела риба. А панга не знам, не сум јадела, нема ни да јадам, имајќи предвид дека е риба која живее во многу загадени води. Најчесто земам ослиќ или лосос за спремање, пастрмка ако начекам убава. Лососот ми е омилен, ама мириса, а ти сакаш риба што не мириса. Уште една, прилично здрава, риба е скушата - и таа многу мириса. Генерално, рибите кои се богати со масни киселини (омега) мирисаат троа повеќе, и општо морските риби мирисаат повеќе, за разлика од слатководните. Е сега, цаката е што ниедна риба не е чиста од отрови, кои секако се присутни во водите поради загадувањето.
Ако сакаш филети со понеутрален вкус и без јак мирис можеш да земеш од КАМ маркет филети од полок (alaska pollock fillets), а јас обично ги ставам во тава во рерна со зеленчук, попрскани со масло (можеш царска мешавина со морков, карфиол и брокула или по желба) или можеш да ги испржиш и да ги јадеш со прилог од рижото.
Дали некој може да ми каже начини како да подготвам риби ама од оние малите од рибарници што се купуваат
Иако не јадам, морам да прашам од "технички" аспект. Со шо и како јадите туна салата? Каков додаток, крекери некако ко да ми одат дур гледам. Напрајв веган салата, на вкус е баш како туна салата ама никогаш не сум ја јадела многу и сега не знам со шо да ја макам или на шо да ја мачкам. Се шо сакав е норите да ги доискористам и ете ти "проблем".