Доста често Во неделата мора еден ден да имаме за ручек риба. Обично зимаме ослич или тие од Дојранското езеро
јас ја обожувам рибата, често се приготвува дома кај нас и тоа разноврсна, ослич, скуша, харинга, крап или пастрмка, а секако и тие фишфингер и туна конзерва. Мене омилена ми е скушата печена, полнета со лукче магдонос, морков, лимон..мммм, исто и крап па ај нека бидат сите овие што сум ги набројала А ке ви кажам за еден интересен рецепт, го јадев во ресторан Фрателис или по познато како Визијана после Куманово е натаму и Ви го препорачувам да си го нарачате-цементиран крап. Буквално е цементиран кога ке го донесат во крупна сол значи така се пече, и ога ке се испече како во оклоп е целиот и се крши тоа солта и внатре крапот има неверојатен вкус.
Обожувам риба!!! Морски плодови неможам и несакам, ми имаат специфичен мирис. Езерска, речна, скуша, ослич, лосос, крап, пастрмка- секоја, До скоро дома земавме панга, ама откако разбравме со какви ѓубриња се полни пангите и во какви услови и како воопшто се создадени и одгледувани, прекинавме. Најчесто приготвуваме скуша или ослич на филети чисти печени, на фолија, со лимон, зачини, магдонос, зеленчук. Лососот го јадеме пржен, и така ми е највкусен. Туна јадам барем 1 неделно, исцедена од маслото, и со многу лимон. Ја сакам и салатата со рендано јаболко, туна, лајт мајонез, бибер и сол.
Риба исклучиво свежа, најчесто панга, лосос, понекогаш јадам филети и туна. Обожавам риба и морски плодови воопшто. Инаку за риба на скара можам да кажам дека има фантастичен вкус. За приготовка на рибата не е потребно ништо специфично, зачини по желба и вкус, пржена во врело масло или печена во тавче со малку масло. Лесно и едноставно. Како зачин добро оди рузмаринот во комбинација. Исто така ако се пече рибата, може од страните да се засече и да се стават зачини за подобро да впие. Исто така сум видела рецепт каде се полева со бело вино, се покрива и така се пече. Има многу комбинации, по вкус и желба.
Не јадам риба. До сега не сум пробала. Не можам да ја помирисам, а камоли да ја јадам. Кога ќе ја помирисам одма ми се повраќа. Бљааааааааааак.
Рибата најмногу ја сакам кога е со црвено вино потурена и со кромид од страна и се тоа во рерна . Ова ми е омилено јадење , а посебно баба ми кога ќе го направи . Навистина рибата помага во концентрацијата ?
Офф кај ја видов темава, кај се запустив. Сеа нема цела вечер да заспијам или ќе сонувам крапчиња и пастрмки. Риба ми е едно од омилените јадења, и обожавам бре рипче не било кој начин подготвено
Риба е многу здраво да се јаде и јас многу ја сакам Многу ја сакам со моркови,ситно сечкан кромид и лук,магданос и бело вино во рерна! Лососите се исто така многу вкусни! И гириците! Туна до сега не сум пробала,можеби ќе ми се допадне,а можеби и нема,но тоа не е ,многу битно,бидејќи постојат толку многу други вкусни риби! И да не ја заборавам охридската пастрмка,многу е вкусна,навистина прекрасно нешто!