Сакам риба, еднаш во неделата дома ја јадеме и тоа најчесто ослич со компир салата, а понекогаш кога спремам брокула ја печам заедно со туна и павлака, превкусно е.
Риба ослич.Ја обожавам секако ама последно време гледам да биде варена ради поздрав живот. Вкусна е и без ништо
Здраво, јас сум апсолутно огромен обожавател на риба и морски плодови, буквално зависник!!! Обожавам да ги готвам. Еве ви неколку рецепти: Лососот најчесто го спремам во рерна полнет со зеленчук или печурки или пак со рендани тиквички и домати. Обожавам коктел од ракчиња кој го подготвувам вака: ракчињата ги чистам ги варам во зовриена вода околу 2/3 мин. во меѓувреме правам сос од мајонез со кечап (повеќе мајонез помалку кечап) и откако ќе се сварат ги ставам ракчињата во сосот и ги сервирам во гочема чаша (онаа за сладолед) врз лист од марула. Инаку обожавам шпагети со риба или морски плодови, ама да не ве уморив со рецепти ако сакате повеќе кажете. Еве ви слика од последната “морска“ вечера
Riba jademe minimum ednas vo nedelata. Kupuvam Mediterranean Sea bass ( grcka riba, ne znam Kako se vika kaj nas vo mk). Ja polnam so lukce, magdanos, sok od limon, polevam malku belo vince I maslinovo maslo, I pecam pod folija okolu 20 min pa ja vadam folijata I pecam uste 15 min. Prevkusna e I ima mnogu belo mevce so malku koski sto ja pravi idealna za so malo dete, da be trebis koski do besvest
Bidejki ne jadam nikakvo meso, doktorot mi preporaca obavezno barem ednas mesecno riba ili morski plodovi. Pa taka ponekogas pastrmka ama pocesto znam I rakcinja da si napravam nekako morskite plodovi mi se povkusni.
Обожавам риба,посебно Крап,Пастрмка и Скуша на скара,овие ми се омилени..а морски плодови послабо,нив ич не ги можам
Обожавам риба, пастрмка, бранцин, ципура, орада, приготвена на скара, добро испечена со некој варен зеленчук како прилог и салата.
Обожавам највеќе пастрмка и крап, инаку јадам и туна, сардина, лосос, ослич, папалина мислам се викаше таа ситната итн