Во јануари направив тест за алергија. Испадна дека сум алергична на морска риба.... Морска риба во продавниците има кога сакаш, а други нема во овие наши продавници. Иначе јас обожавам риба затоа што таа е здрава за очите и ми е вкусна.
Обожавам печени ослич филети со додаток мајонез, исто така и туна или сардини во конзерва. Другите видови риба не ги обожавам баш.
Риби јадам еднаш, а понекогаш и два пати неделно затоа што е корисно, но воопшто не ги сакам, освен конзервираните.
Обожавам. Највеќе ослич пржена. Највкусна ми е. А убави ми се и филетите и туната ама нив поретко ги јадам.
Само ослич, топла со премногу лимон врз нејзе. Кога е ладна не ми е баш по мерак. Со туната од конзерва ич не се сакаме.
Ослич и пастрмка ми се омилени. Во принцип многу сакам риби ама некои видови риба и не ми се допаѓаат.
Ретко јадам риба, не ја обижавам башТуна конзерва ретко, дадов шанса на димен лосос Не можам ни да го доближам до уста Ама вежбан, се хранам здраво а здосадено ми е од пилешки стек(од месо само тоа јадам) Да ми препорачате која фирма замрзнат ослич да земам? Или подобар е свеж? Ии најважното како да го спремам за да биде вкусен? Хелп
Ослич користам смрзнат од жито маркет мислам дека го пакуваат слога, на некои пишува дека е аргентински и тој некогаш знае да не биде убав, иако многу ретко користам морска риба, само речна преферирам 1 до 2 пати неделно дека вежбаш за да не го пржип би ти препорачала да го спремаш вака: го чистиш со нож во обратна насока, стругаш, ја чистиш внатррешноста, најчесто е чисто но сепак... посоли го стави му маринадаа од лимон цеден, маслиново, рузмарин сушен и сушен домат, завиткај го вака во фолија и печи 30 мин, па отвори го да фати боја друг начин, го валкаш во палента со суви зачини, рузмарин и мајчина најчесто ставам и го печиш на подлога од тенки кругчиња компир и кромид околу 40 мин
Нема потреба на мапа убаво ти објасни карши пазарот буњаковец има комплекс продавници едно до друго се тука е и рибарницата а свежа риба може да,најдеш и во веро џамбо скоро се има дури и од морските
Не сум баш фан на риба, но јадам чат пат. Само пржен ослич. До тие што јадат пржено, пробајте посолен да го извалкате осличот во пченкарно брашно па на пржење. Од брашното добива крцкавост и убава златна боја. Исто добро оди со него "сос" од оцет и лук како што ставаат во чорбите. Сепак се е ствар на вкус, кој како си сака