1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Риболов

Дискусија во 'Спорт' започната од blond, 31 мај 2012.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Темата е доста опширна. Опфаќа многу работи. Се што е поврзано со риболовот (места за риболов, видови риби, прибор за риболов, дозволи за рибарење итн)
    Луѓето се бават со рекреација на разни начини. Некои планинарат, некои прават излети, скијаат, собираат печурки, одгледуваат пчели. Една од тие хоби-рекреација е и риболовот.Спортските риболовци сметаат дека сме го избрале она најдоброто, најинтересното.
    Имено:
    -Спортскиот риболов постојано е поврзан со прекрасни предели, реки и езера и во голема мерка е поврзан и со туризмот и движењто во природа.
    -Со риболов може да се бават сите луѓе, како мажите, така и жените, од деца па се до најстарите. Тоа е така, затоа што при риболовот степенот на физички или психички напор зависи од самата личност, тој може да биде поголем, а може да биде и помал. Тое не е така во некои други хоби-интереси.
    -Денеска, модерниот човек тешко е целосно да се опушти доколку ништо не прави, бидејќи тој по навика и кога се одмара мора нешто да работи.
    превземено од рибар.мк
    Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.

    Дали имате желба за риболов?
    Дали го правите тоа од забава, со одредена цел (фаќање на одреден вид риба) или едноставно сте неми посматрачи?
    Каде најчесто одите на риболов? Колку риба фаќате? Дали имате некој познаник што на нелегален начин (со мрежи) лови риба? Дали имате свој став кон ова прашање?


    Јас сум голем љубител на риболовот. Уште од мала одев со дедо ми на риболов, по неколку денови останувавме на Мантово или Вардар и главна окупација ни беше риба и само риба. Знам сама да си ставам мамец, да врзувам јадица. Најчесто ловам риби со тапа, но знам и со т.н тешко да ловам. За мамци сум користела живи инсекти и црви, лепче, мумуруска. Најголема риба што сум ја фатила до сега е крапче од околу 5-6кг, но тоа беше пред многу години.
     
    На Floyd12 и danichap им се допаѓа ова.