Римини - Италија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од MariaWaldorf, 29 јуни 2011.

  1. MariaWaldorf

    MariaWaldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите! Би ми било од голема помош доколку некој ми даде информации за Римини. Планирам да одам летово , а незнам некој што бил да ме посоветува, така да добредојдени се сите информации :)
     
  2. MuCi

    MuCi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Сум била април месец на неколку дена и можам да ти кажам дека е прекрасно градче , плажата е долга до недоглед мн широка и со прекрасен ситен песок. Има мн убави ресторанчина со превкусна храна и убаво вино. Цените се малку височки но сепак е туристичко место :)
    Ако сте на подолго време можете да идете до Сан Марино (има автобуси по неколку пати на ден од римини до таму и назад). Немојте во никаков случај да пропуштите да го посетите паркот Italia in Miniatura http://www.italiainminiatura.com/ (карти можете да си купите или од хотелот кај што ке сте сместени или дирекно на влезот).
    Друго не ми текнува во моментов :)
     
  3. MariaWaldorf

    MariaWaldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Фала многу :) Сан Марино и ми беше во план да го посетам, повеќе ме интересираше за како се движат цените по ресторани , и за плажите слушнав дека се плаќа влез , ама ти чим не си била во лето сигурно незнаеш за тоа , фала пак и имај убаво лето :)
     
  4. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    РИМИНИ,ИТАЛИЈА

    Летово планирам кај 3ти август да одам за Римини , ако веќе некој бил ве молам споделете искуства и информации да знам што да очекувам .... :) фалаааааааааа
     
  5. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ќе може ли некој да сподели искуства околу одморот во Римини? Многу би ми помогнале информации околу тоа колку чини влез на плажите, дали вклучува лежалка и чадор, каква е водата и како се движат цените. Однапред благодарна :)
     
  6. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Некој за Римини 11 години подоцна? :)
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Inna998

    Inna998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво, Дали некој бил во Римини со Ескејп Травел? Да споделите искуства за хотелите, плажата, како се движат цените на храна и колку чинат факултативите?
     
    На Husky lover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.183
    Пол:
    Машки
    Како што видов, тој хотел што го нудат (Глобус) има доста ниска оценка на Booking.
    Од плажи, имаш слободни (ти да си донесеш пешкир и чадор) и платени, и не се баш ефтини. Има вебсајт преку кој треба однапред да резервираш (освен ако не планираш на лице место да бараш) - https://www.spiagge.it/
     
    На Inna998 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    434
    @Inna998 Хотелот не е ништо посебно, но имаш клима и топла вода, ги чистат собите, ок е за тие пари, единствено нема интернет. Појадок имаш кашкавал, салама, јајце, мармалад и путер,кроасани.. не е за фалење појадокот, ама колку пари, толку музика. Местоположбата е одлична ако сакаш да одиш до центарот на Римини можеш пешки за 40 минути по шеталиштето покрај плажа, поминуваш покрај кафиќи, игралишта, паркчиња... или на 5 минути имаш постојка за метробус со кој за 10 минути си до центарот на Римини, а картата ти е 1,5 евро. Лежалките се скапи, ама земете си чадор на 10 минути има бесплатна плажа. Факултативите ти препорачувам да ги избегнеш т.е да одите сами за помалку пари, а се организираш како сакаш. Имаш превоз од Римини за Сан Марино, Болоња... Пример Сан Марино ако одите сами е 15е, а организирано е 20е. Сами се задржувате колку сакате, организирано 2,5 до 3 саати. Пиците во рестораните се обично од 5 до 9 евра, а и другата храна не е скапа, кафе 1,5 до 2,5 зависи кое кафе ќе го пиеш, сок 3 евра, а во маркет и поевтино. Вода 1,5 литар е 1е. Овошјето е скапо, ама на 20 минути од хотелот имаш трговски центар и голем маркет каде можите да пазарите. Во глобала одлична е турата.
     
    На SunnyGirl2 и Inna998 им се допаѓа ова.