Ми се допаѓаат многу,имам 3 пара и цело лето сум во нив.Нај удобни ми се,не ми е жешко во нив и лесни ми се за носење. Плус можам да ги комбинарам со се,од фармерки до фустанче со се си стојат убаво
Мене ми се допаѓаат, супер се за во лето. Лесни се за комбинирање одговараат речиси со се. Дома имам 2 пара планирам да си купам уште 1 пар
Лесни се и удобни, но не сите се убави на изглед ич не мми се допаѓаат оне што се со нитни и триста чуда по нив, поедноставните ми се поубави
Убави се,баш за летно време кога ногата треба да диши.А не цело време во патики па и на ова време Имам еден пар,кремави баш се убавки. Е сега не се баш најудобни постојано ги носам и ги нагазив више ама тоа е колку пари толку музика.
римјанки има мнооогу убави модели....посебно некои нежни што се со убав дезен и детал-прекрасни ги сакам, и имам неколку....штета и многу ми е криво лани во група фиори видов едни со бисерчиња ама немав пари тогаш во мене, потоа кога отидов веќе ги немаше
Ех за летото се погодени.Со нив баш модерно изгледаш.Можеш со се да ги комбинираш не се како апостолките.
Ми се допаѓаат, да, да За летно време се супер, бар да избегнам патики кои ги носам секогаш, и да не си ги варам стапалава на жешкото.
Ми се допаѓаат прилично се добри и лесни се на нога за носење ,а и носам балетанчиња и апостолки преферирам за летово. Еве и неколку моделчиња
Значи цело Скопје го рашетав и не можев да најдам ем асални ем поевтини римјанки, нема толкав избор како лани. Да не видел некој римјанки убави, обични, и не многу скапи?
Многу ми се допаѓаат, и имам 4 пара. Неможам да ги разберам оние кои на 40 степени носат патики и чорапи .. Во римјанки ми е најубаво и плус ногата може да дише.