Јас и сестрами сме НАЈголемите обожаватели на римјанки.Верувале или не имаме 8 пара римјанки. Јас особено премногу ги сакам , особено гумените кои се смешни ,лесни ,интересни и многу убави а налет тоа на се ги комбинирам.
многу ги сакам и многу убаво стојат - било на фустанче,на комблизонки,пантолони - на СЕ и многу ми се слатки, и самото име Римјанки ме асоцира на времето кога ги носеле божиците, и кога ги носам се чуствувам така како - божица Овие ми се ВРВ
Ги носев онака баш мнооогу,премногу ги сакав ама ова лето некако повеќе сум си во балетанчиња и патики,ретко римјанки...Ама си имам и од летово новички,само 1 пар.
Мене ми се симпатични, но само додека ги гледам во туѓи комбинации. Јас не би можела да замислам да ги носам. Не знам што чудо ќе да е, но многу ми ги потат стапалата и ме ежи тоа „лигаво“ и лизгаво чувство, дури си мислам ќе се лизнам, до таму е отидена работата. Ми се допаѓаат секакви модели, освен оние високите - тие ми се ептен хардкор и никогаш не би можела да се замислам во нив. Балетанките сепак си остануваат на врвот, како најудобни чевли според мене, а овие ми се само убави за око, но не и функционални, за жал.