Бидејќи не сретнав тема која се однесува на овој прекрасен град, решив да отворам. Рим е главен град на Италија. Со своите 2.8 милиони жители и површина од 1,285.3 км² е исто така најголемиот и најнаселениот град и општина во Италија и четврти по број на жители во рамките на Европската Унија. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на полуостровот, на самата река Тибер во границите на областа Лацио во Италија. Ватикан е независна држава во границите на Рим, и представува единствен таков постоечки пример во светот. Имајќи во предвид дека од неодамна, Wizzair пушти нова линија по пристапни цени, вреди да се одвои време и да се посети оваа дестинација. Јас моите карти веќе ги обезбедив и планирам да одам кон крајот на септември по што ќе ги споделам своите импресии. Во меѓувреме, оние кои веќе биле, тука можат да го опишат своето искуство. Можат да кажат што се посетиле, да дадат интересни совети и предлози и се што се однесува на овој град а може да ни биде од корист на оние кои допрва ќе одиме.
Бидејќи во меѓувреме никој не сподели во темава, јас ќе ги напишам моите свежи импресии од посетата. Градот е преубав. Вреди да се посети, особено сега кога имаме летови со навистина пристапни цени. Јас картата ја резервирав отприлика месец ипол пред лет и ме чинеше околу 3000 ден. Сместување си најдов на Букинг, ги има доста солидни за 1500-2000 од вечер по лице. Моето беше на отприлика 4 км. од самиот центар. Прво мораше да се оди со автобус и потоа уште неколку станици со метро. Картите за јавниот превоз се 1,5 евра за 100 мин. а исто така има и дневни, дводневни, тридневни билети... Јас си земав тридневен, тој беше 18 евра и со него може да се користи целокупниот јавен превоз во текот на тие денови. Има многу што да се види. Еден од деновите ми беше резервиран за посета на Ватикан вклучувајќи ги музеите, плоштадот, базиликата св. Пeтар. Немам зборови, навистина е прекрасно и вреди да се посети и покрај долгата колона и чекање од најмалку еден час за влез. Покрај тоа, ја посетив импресивната Ди Треви фонтана, Шпанските Скали, плоштадите Пополо,Навона и Република. Одвоив и малку време да прошетам по познатата улиза Корзо каде си ги ,,исплакнав'' очите пред излозите на светски познатите луксузни брендови. Го посетив исто така и Колосеумот заедно со Форумот, базиликата Латерано како и огромното здание подигнато во чест на Емануел II. Особено ме воодушеви гледката кон замокот с. Анџело и кејот на р. Тибар. Главно овие знаменитости би ги вброила во листата на објекти кои задолжително би требало да се посетат. Попатно, шетајќи низ тесните романтични улички на Рим има уште многу што да се види а воедно и да се доживее оној вистински италијански дух. Пиците и тестенините им се превкусни а особено ми се допаднаа слатките кои ги има на секој чекор низ бројните слаткарници. Интересно е тоа што сите знаменитости се наоѓаат блиску една до друга и нема потреба да се користи постојано превоз туку едноставно попатно може да се гледаат уште многу други убавини. Можам до утре да опишувам колку е прекрасен градов но во интерес на времето би прикачила неколку фотографии на кои тоа многу убаво може да се воочи. 1. Замокот с. Анџело 2. Фонтана Ди Треви 3. Шпански Скали 4. Колосеумот во преден план а тоа во далечината е Форумот 5. Плоштадот Навона 6. Пјета во ватиканските музеи 7. Базиликата св. Петар
Ке одиме за недела во рим. Некој што бил натаки да сподели искуство. Како е со цени со превоз убави места за посета... шопинг центар во близина. Сместат имаме на 1.8 км од фонтаната... се би ни било корисно. Позз
Еве свежи искуства - кога ќе слетате на Кампино, не земајте шатл - бус, скапи се. Купете си на автомат дневна карта (Atac tickets), и чекајте автобус број 520 (застанува на метро линија А) или 720 (застанува на метро линија Б), и истата ви важи и за еден влез во метро станица. Кошта 1,5 евро и трае 100 минути, што е сосема доволно да стигнете до вашето одредиште користејќи бус и едно метро возење. Рим е скап град и не ти го препорачувам за шопинг, ги има сите познати светски брендови, ама со отров цени. Имало и аутлет села надвор од Рим, ама не би знаела да ти кажам ништо повеќе околу тоа. Бесплатно ти е влегувањето во „Св. Петар“ - Ватикан, Пантеон, секако и плоштадите Шпања, Република, Дел Пополо, Навона, Фонтана ди Треви спаѓаат во музеи на отворено и треба да се видат. За шетање навечер улица „Корзо“, преполна со кафулиња, ресторани, бутици, убава атмосфера. Доколку сте љубители на уметноста, посетете било кој музеј, и уживајте во ремек делата на старите мајсторишта како Микеланџело, Караваџо, Леонардо, Рафаел, Бернини.. Прекраснотии. Влезниците се од 13 до 15 евра, и вредат секој цент. Јавниот превоз е добро организиран, ние купивме неделна карта - 24 евра, и користевме буквално се: метро, автобус, воз, трамвај. Има карти и за помалку денови (три или четири). Се им е добро означено, и на самата мапа на метро линијата (внатре во метрото) , на секоја станица ти е пишана и главната знаменитост која се наоѓа во нејзина близина. Еспресото е од 1 до 2,5 евра, пицата од 8 до 13 евра, наливно вино литарско 8-9 евра, пробајте го нивното тирамису, многу е фалено, јас не стигнав да го пробам. Среќен пат и уживајте во секој миг.
Jas momentalno sum seuste vo Rim e sega prasanje koj e najisplatliv nacin da stigneme do aerodrom... se naogame bo blizina na piazza santa Maria..
Колку луѓе сте? Ако сте 4 со такси 25 еура беше до Чампино. Им пишува на вратите на белите такси.Ако сакате со метро ке барате која линија(види А или Б) оди до метро станицата суб аугуста или синесита ,веднаш до метро станицата има автобуски перони и почетна станица е на 520 која оди од суб аугуста перон до аеродром и назад. https://www.martinibed.com/en/bus-520-new-link-metro-a-ciampino-airport/
Preubavo.. neumorna od setanje.. sekoe sokace so svoja ubavina i svoja istorija, sekoj cekor e nesto novo nevideno pred nas... utre ke ideme vo Coloseumot i uste Vatican se miseleme dali da ideme. Ednostavno samo za spienje si ideme vo hotelot. Kazete nesto interesno mestence za tie sto veke bile I uste nesto.. ms interesirat pudrite od H&M dali se dobri i pokrivni. Dva dena gi gledam.ovde a okolu 6 do 7 evra bea solidna cena..isto i za cetka nekoa se mislam...
Штета е да одиш во Рим ,а да не влезеш во Ватикан и Св.Петар. Препорачувам и да одите во кастел Сент Ангело. Батали пудрите,плакај влезници.,пудра ке купиш од било каде.
Во Ватикан обавезно да идеш! Не се пропушта, купете си карти, најверојатно ке почекате ред, ама да знаеш дека вреди. Можете и водич да си платите да ви раскажува додека шетате низ Ватикан. Ги имаше на Хрватски или Српски што зборуваат, а и на Англиски секако. Рим покрај Париз, е најубав град во Европа, град музеј буквално. Се е фасцинантно во него.Италијаните од тој дел се прича за себе, во позитивна смисла нормално. Убав помин и користи го секој момент за шетање.
Haha vo pravo si neumorna od setanje..preubavo mislam deka vo sekoja ulivka se piknav no znam deka ima uste... beskonecen e Rim. A sekako i sopingot da ne go zaboraam bez nego nikaden hehe..... za dva dena si odam
Здравоо, би сакала да ве прашам тие што сте биле во Рим во врска со превозот од чампино аеродромот до центарот. Хотелот ни е кај колосеумот. Читнав дека такси било 45 евра, а автобус 5 евра од човек од аеродром за до Термино станицата па после снајди се па живеј дали со метро или такси. Искуства од вас или препорака ? Фалаа
На самиот аеродром имаш безброј шалтери кои што нудат превоз до градот, ве оставаат на главната железничка станица, и од таму пешки ви е Колосеумот на 10 мин. само надолу по главната улица. Може и да искочите од аеродромот на задна страна и тука директно во автобус да си платите превоз, околу 5 евра е, цело време има поаѓања, возење некаде 30-45 мин. се фаќа.
Здраво дали некој бил периодов или ќе оди за рим да ми каже како е ситуација,дали бараат сертификати,дали може да се влезе само со пцр или антиген тест без вакцини?
Ти треба дс пополниш PLF образец, ако си вакцинирана Грин пас или еквивалент. Важност 9 месеци од втора доза и неограничено од бустер. Ако не си вакцинирана тогаш ПЦР 72 часа валиден или брз 48 часа. Ако имаш прележано, важи 180 дена од позитивниот тест
Последно знам дека ако нe си вакциниран или немаш тест или вакцина никаде не можеш.. ни во јавен превоз. Ама од 1 април ги ублажуваат мерките. Еве ти поконкретно.. Local and regional public transport Access with FFP2 masks Green Pass: not necessary Taxi Access with surgical masks or FFP2 Green Pass: not necessary Aircraft Access with FFP2 masks Basic Green Pass Ships and ferries used for interregional transport services Access with FFP2 masks Basic Green Pass High Speed, Intercity, Intercity Night, Interregional Trains Access with FFP2 masks Basic Green Pass Scheduled buses/coaches connecting more than two regions Access with FFP2 masks Basic Green Pass Buses/coaches used for rental services with driver Access with FFP2 masks Basic Green Pass Hotels and accommodation facilities Access to common areas with surgical or FFP2 masks Green Pass: not necessary Super Green Pass access to in-house fitness areas, pools and spas at accommodation facilities Restaurants, pizzerias, bars/cafes, pastry shops and ice cream parlors Wear surgical or FFP2 masks indoors when you're not eating Indoor table consumption: only with Super Green Pass. Exceptions to this are restaurant, bar/cafes and similar services within hotels and accommodation facilities reserved exclusively for their guests. Outdoor table consumption: Green Pass not necessary Stores and shopping malls Access with surgical masks or FFP2 Green Pass: not necessary Museums and places of culture Access with surgical masks or FFP2 Green Pass: not necessary Gyms, swimming pools, swimming centers and sports activities in general Wear surgical or FFP2 masks in indoor common areas except while engaging in athletic activities Super Green Pass for indoor sports and access to locker rooms Green Pass not required for outdoor sports activities Spas and wellness centers Wear surgical or FFP2 masks in indoor environments Super Green Pass for indoor activities Green Pass not required for outdoor activities Amusement Parks Wear surgical or FFP2 masks in indoor environments Green Pass not necessary Theaters, cinemas and concert halls Access with FFP2 masks Super Green Pass Entertainment and live music venues Access with FFP2 masks Super Green Pass for indoor events Sports events Public access with FFP2 masks Super Green Pass for indoor events Basic Green Pass for outdoor events Conferences and conventions Access with surgical masks or FFP2 Super Green Pass Discos Wear surgical or FFP2 masks except when dancing Super Green Pass Parties and ceremonies Wear surgical or FFP2 masks during indoor events Super Green Pass for indoor events Games rooms, betting halls, bingo halls and casinos Access with surgical masks or FFP2 Super Green Pass