1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рингишпил (Јелена Бачиќ Алимпиќ)

Дискусија во 'Книги' започната од La.Reina.Del.Sur, 26 јули 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Секој кој ќе ја земе в раце оваа книга нека се подготви за едно премногу емотивно вртење на шарениот рингишпил на баба Дара.

    Главен лик во овој роман е Ана Балинт која сега е на смрттна постела и пред засекогаш да го пронајде својот вечен спокој се навраќа уште еднаш на своите спомени, на убавиот и шарен рингишпил од нејзиното детство.

    Ана имала среќно детство на чифликот на нејзиниот татко Стеван и баба ѝ Дара, таа уживала во селскиот живот, во дружбата со својот најдобар другар Ѓорѓе и во нивните игри на рингишпилот на баба Дара. Но нејзината мајка Ленка во своето преубаво девојче го препознава несекојдневниот талент за балет кој Ана го носи во себе. За тоа разговара со својот сопруг, но тој не се согласува со неа Ана да оди на часови за балет. Па поради тоа во една мугра на седми август 1938 год. Ленка заедно со Ана скришно од сите го напушта чифликот и ја носи Ана во Белград во балетското училиштето на Клара Сич која на времето била позната балерина во „Бољшој театар” во Москва.

    Ана и Ленка започнуваат нов живот во големата престолнина и Ана напорно вежба подготвувајќи се за својата светска кариера во Русија. Но Ана никогаш ниту за момент не ги заборава спомените од своето среќно детство покрај рингишпилот. Конечно на осумнаесет годишна возраст Ана заминува во Русија и ја започнува својата кариера во „Бољшој театар”. Сите се маѓепсани од нејзината несекојдневна убавина и огромниот талент на Ана Балинт но дури тогаш започнуваат нејзините страдања и пресврти во нејзиниот живот.

    Секој лик во оваа приказна е посебен, топол и реален. Додека ја читате ќе почувствувате налив на премногу силни емоции кои ќе ве обземат целосно и ќе заборавите на времето и на сè околу вас сè додека не дојдете до крајот на оваа приказна. Мислам дека ова е доволно за да ве заинтересирам и да ја разбудам вашата љубопитност за да да го земете и прочитате овој роман. Ова е дело кое заслужува да стои во вашата домашна библиотека и никако не го пропуштајте. А јас знам дека уште многу пати во животот ќе се навратам на приказната за балерината Ана Балинт и ќе ја прочитам уште многу, многу пати.

    Уживајте!!!

    http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=1970:%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%B8%D1%88%D0%BF%D0%B8%D0%BB-%D1%98%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%9C&Itemid=59
     
    На Mama Maja, monalisa, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Премногу маркентинг,ама книгава не е ништо повеќе од викенд романче.Мене не ми остави голем впечаток иако очекував многу,посебно зошто хероината е споредена со Ана Каренина.Ни од блиску не може да се спореди со руските класици.
    Се гледа дека ова и е прв роман на писателката.
    Можам да ја споредам со Мир-Јам.
    Јас сум презреана за вакви книги.
     
    На SwanMay, tessie и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  3. mikela

    mikela Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    :) nikoj nikogas ne e prezrean za nitu edna kniga..moze nekomu da mu se dopadne poveke a nekomu pomalku...seedno, jelena obrabotuva edna emotivna i interesna prikazna na eden lesen i ednostaven nacin...vistina, stilot na pisuvanje ne ukazuva na rusko majstorsko delo, no sepak e daleku od los...
    slobodno procitajte ja, na poveketo ke vi se dopadne, definitivno ne e kniga so koja ke puknete od dosada, bas naprotiv...

    [mod-kirilica:1ciued79][/mod-kirilica:1ciued79]
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Убава е книгата. Потресна и тажна. Јас топло ја препорачувам на оние кои се љубители на романчиња. Ја прочитав во еден здив.
     
  5. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    минатото лето,книгата бесе предлозена во книги за на плажа...прочитав кратка содржина и ми се виде интересна , имав во план да ја земам, но ја заборавив ептен.веднаш ја ставам на списокот!:)
     
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Очекував многу од книгава, но... не беше тоа што мислев дека ќе го прочитам! Не дека е лоша и дека не ја препорачувам, но има далку поинтересни книги кои заслужуваат повеќе да се зборува за нив отколку за Рингишпил!
    Песимистичка книга, многу смрт во неа, премногу тажна...
    Мене не ме воодушеви! :|
     
  7. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Книгава кај м0оже да се купи??? Ја има насекаде или тешко ????
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Во Матица барај ја.

    Јас сум при крај патем со книгава, ја прочитувам последната глава и да ви кажам право секој ден читам по една страница, не сакам да го оставам чудово!
    Кога ми ја купувале, продавачката им рекла Аман не му ја купувајте на девојчето за роденден, јас се убив од плачење! Епа се уверив во тоа.
    Иако има некои делови кои не ми се допаднаа (не тематски, туку самото пишување на авторката) како повторување на некои описи колку да се добие во обем, книгата е претажна и преубава и пренежна. Ми се чини кога ја гледам самата книга, ако ја фатам погрубо, ќе се распадне.
    ПРЕтопло ја препорачувам. Преубаво емотивно патување кое нема да почувствувате кога завршило.
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Книгава се чита во еден здив, преубава е, не ви дозволува да ја оставите. Но и претажна. Ленка ми остави многу голем впечаток, браво за неа, иако немајќи ништо со себе сепак ја земала својата ќерка и го напуштила чифлигот се со цел ќерка и да не стане како неа, талентот на Ана да доживее слава. Многупати книгава ме расплака, многу се внесов во неа.

    Навистина не може да се споредува со Ана Каренина, ни со било кој руски класик, но сепак е предобра книга од овие простори. На Јелена и е ова прва книга, па се надевам дека во иднина ќе се надминува себе си со секоја наредна.

    Топло ви ја препорачувам, нема да зажалите за времето што ќе го потрошите читајќи ја.
     
  10. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Книгата дефинитиво ме прободе. Најмногу се растажив
    поради Клара и нејзинатата љубовна приказна, како и смрта на Серѓеј, прватат средба со сцената...
    Се ежев додека ја читав оваа книга
    :$ ;(
     
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Не мислам дека книгата е песимистичка баш напротив е премногу реална. Смрта е дел од нас. Реално читајќи ја ќе се запрашате за вистинските вредности на животот и повеќе ќе ги цениме моментите кои ги поминуваме во овој минлив живот. Жална е да, во 80% од времето додека читав очите ми беа полни солзи или пак плачев како мало дете. Да се гледа дека е прво дело на авторката но тоа можам да го занемарам за тоа што сепак успеа да ме пренесе во времето на Ана Балинт и не да доживеам но буквално да ги преживеам сите болки и радости што ги проживуваше таа.

    Книгата не е моја, ја позајмив и баш ми е криво за тоа, сакам да ја имам во мојата библиотека, еве стои кај мене и се уште не можам да ја вратам некако ептен ми легна. :$
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    книгата е прекрасна кој не ја прочитал веднаш нека ја земе да ја прочита
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.014
    Пол:
    Женски
    Книгава е да те протресе.Јелена сите ги закопа на крајот.А можеше сите да ги смести и во гасна комора на да ги среди одеднаш...Јас би ја опишала како слаткасто-морбидна...и слободно можела да се вика Рингишпил на смртта или Смртошпил ...
     
    На Lella и tessie им се допаѓа ова.
  14. anna.jerry

    anna.jerry Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    ќе може ли некој да ми раскаже на кратко како таа се заљубува во мажот и, и како завршува книгата? :)
     
  15. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Долго време се мислев дали да ја купам книгава е знаејќи дека ќе ми зафати место на 4та омилена книга.

    Под силни импресии сум !

    Ана Балинт-врна балерина на која никој не може да и го заземе тоа место кое и е судбински припишано .
    Убава , паметна ,најсакана, успешна ....совшенство од жена ! Зар нешто и недостига ? ДА ! И недостига среќа, и недостига нечија присутност, машка љубов, весело утре. Просто да се чудиш колку мртвило може да поднесе една кревака душа како Ана .

    Втора книга која успеа да ме расплаче. Јелено свака ти част !
     
    На SwanMay и tessie им се допаѓа ова.
  16. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    3.889
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам, до половина сум и ми се допаѓа. Интересна е. На почетокот не ми се допаѓаше како авторката раскажуваше, некако ми брзаше многу, но се поправи. :)
     
  17. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Книгава е една од оние кои ги читаш кога си во ПМС и си бараш причина за плачење.

    Не можам да речам дека е нереална,всушност некако е дури и болно реална.Бројката на мртви е нереална, приказната е на место.

    Се познава дека на авторката и е првенче ова.Имаше некој спомнато дека се повторува за да добие на обем.Не ми текна на тоа,ама изгледа како солидна причина.Има големи пропусти во времето.Некако збунувачки е како прво скока три години,па потоа да се побие и да рече една година.Тоа ме иритираше цело време додека читав.

    Како и да е,се надевам дека во вторава книга ќе се покаже со поразработени детали.
     
  18. Flossy

    Flossy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Прекрасна книга..... Толку ме погоди содржината, а во некој моменти пуштив и по некоја солза. Навистина топло ја препорачувам :)
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Само што ја дочитав.
    Убава е книгата, не е којзнае што, но сепак вреди да се одвои време да се прочита.
    Мислам дека делото можело да добие малку повеќе на тежина, него постојаното ретроспективно повторување на некој настани. Односно ликовите по неколку пати си прераскажуваат настани од минатото и тоа исто, па исто.
    Јас пак не ја доживеав како песимистичка книга. Незнам зошто, но токму спротивното. Ми остава порака дека секој може да успее во животот, ако се бори, без разлика на своето потекло.
    Некој рече има многу смрт во неа. Да има, но книгата опфаќа долг временски период, некаде од пред втора светска војна па се до нато бомбардирањето на Србија. Најголемиот дел од ликовите умираат во длабока старост. Ме потресе смртта на Геогре и Исидора, не очекував, но замерка ми е што авторката многу малку простор посветува на овој настан и штуро е опишан.

    И мораше ли Ана да се вљуби баш во тој женетиот тууу, а сите други и беа подобра варијанта, посебно Георге, јас за него навивав :lol: ама ништо.
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Јас сега ја почнав, само што завршив со втора глава и одма ме завлече. Интересна е, а како што гледам уште по интересна ќе биде! :)