1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рингишпил (Јелена Бачиќ Алимпиќ)

Дискусија во 'Книги' започната од La.Reina.Del.Sur, 26 јули 2011.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ми се допаѓа мисењето на снегулка.ок книга,но никако не може да се спореди ни оддалеку со ана карењина,ама маркетин не е на одмет,и да прво скока 3години па една и мене ме зачуди тоа,смтта на горге и исидора само онака спомната а мислам не и требало толку смртни случаи ама да не е нереално па и толу смрт е дел од голем животен век како и да е да не беше книгава ќе збеснев од досада на плажава кај што бев летово а ме расплака многу пати што го правдав како демек ме печат очите од средството за сончање :lol:
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Вртлок од емоции, ако си поемотивна личност ќе завршиш со бура од емоции богами, ама и солзи.
    Реална е, Јелена многу убаво и преемотивно со силни чувства ги има опишвано сите разделби на Ана и Клара и сите ликови со ред. Жално е што сите завршуваат на сличен начин, т.е како и да гледаш, безразлика што ти се случувало во животот на крајот сите завршуваат на едно место - во прегратките на смртта.
    Ана успешно се соочува со секое збогување, а спомените што пловат од нејзината постела под перото на Јелена оставаат длабоки траги во читателскиот живот. :)
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Majte8

    Majte8 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Долго време се спремам да пишам коментар за оваа книга која неодамна ја прочитав, и еве конечно да си го кажам своето мислење :D. Мене книгата не ми се допадна. Имам чуство дека писателката сакалa да ја расплаче цела група на луѓе кои ја читаат книгата со тоа што изналупаlа цела низа смрттни случеви . Кога пријателите ќе ме прашаа каква е Рингишпил, некаде до 200та и некоја страна одговарав- прекрасна книга стварно, ама како што што читав повеќе и повеќе, книгата ми стануваше нерелна, описите премногу ми се повторуваа, сите во книгата имаа црни очи како јаглен, секој пат кога ќе умреше некој од очите на Aна течеа јадри солзи, описите на Kлара и Aна како врвни балерини се повторуваа, а да не зборам дека буквално copy paste беа описите кога ана испраќаше некој во вечноста. Исто така парадоксално ми е тоа што сите паѓаат на г з кога ќе ја видеја Ана Балинт, а она се затреска во првиот кој и ја објави љубовта, ако Јуриј прв и кажеше дека ја сака, најверојатно на него ќе паднеше. Едноставно не можев да поверувам во таа вонсериска љубов каква што беше прикажана во книгата, кога немаше некоја игра на емоции, искри, или приказ на некоја сила која ги влечаше еден кој друг. Немаше нешто по кое можев да ја препознам причината зашто Ана се затреска баш во Сергеј? Да не спомнувам дека писателката не се информирала добро за животот на балерините, во спротивно ќе знаеше дека примабалерина не може да се биде 20години. Како и да е, има убави сегменти во книгата, кога ете ќе си поплакаш малце и слично, ама мислам дека како што пишаа некои девојки, премногу публицитет и се дава на книгата. И да, не значи дека повеќе страници и даваат поголема убавина на книгата. Поздрав до сите :)
     
    На Lella и tessie им се допаѓа ова.
  4. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не ме воодушеви нешто посебно. Откако ја прочитав и ја гледам темата, и мене Мир Јам прва ми падна на памет.

    Затоа искрено и избегнувам да читам книги кои се премногу форсирани и рекламирани. Каде што има многу реклама и сензација, обично има малку простор за уметност. Евентуално ако мислам дека сепак не е само сензација, ја читам книгата кога популарноста ќе и` се намали, за да стекнам впечаток со што помалку предрасуди.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Огромно браво за Јелена :clap:
    Книгава дома ми стоеше скоро недела ипол и не бев свесна што чувам дома додека не земав да ја прочитам.Ја читав Писмто ја г-ѓа Вилма и многу подоцна решив да ја почнам Рингишпил.Можеби порано ќе земев да ја читам книгава ама некако описот на корицата од задната страна ми беше со ептен големо возвишување и си помислив ова нешо шкарт е со некои описи,но сум згрешила и тоа многу.Ја прочитав за два дена и останав без солзи во очите.Сувишни ќе бидат сите зброви што би ги напишала во врска со Ана затоа само ќе кажам дека вакво дело не се испушта од рака.Секоја чест уште еднаш :bow:
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shinelikeasun

    shinelikeasun Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Според мене оваа книга е преценета. Ми се допадна до некаде, до смртта на Сергеј после тоа имав чувство како се едно исто да се повторува "...и по две години умре тој, по една година умре тој...", башка тоа, книгата ми е напишана некако како да ја пишувала 16 годишна тинејџерка на која дечкото и раскинал и напишала книга полна со песимизам и трагедија, најмногу за да привлече внимание. Исто така мислам дека книгата на почеток е пишувана со цел да има друг крај, но веројатно Јелена се предомислила и напишала толку долга книга, полна со непотребни работи.
     
  8. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга исполнета со многу емоции кои верувам никој нема да остават рамнодушен. Една неверојатна приказна за вечна љубов.Раскажувањето на писателката толку допре до мене што во моментот кога читав за смртта на Сергеј мислам дека жалев приближно колку и Ана. Секоја чест за Јелена!
    За крај би ги издвоила зборовите на Ана додека се наогаше на смртнатта постела : Смртта е ништо.Животот е се. Храброст е да се живее.
    Да, навистина е храброст да се живее!
     
    На jelena.rozga, toogood и crazylady им се допаѓа ова.
  9. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Најдобра книга што ја имам прочита и плачено како мало дете за рок во еден ден ја прочтав во еден здив:Топло ја препорачувам за читање !
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Потресна приказна која би ја завршила до пола. До 200та страна би ставила крај или пак би ја извадила средината. Целата книга е повторување на животот на Ана. Како да изгубила инспирација Јелена за некој нов дел, па се навраќа повторно и повторно на почетокот.
    На почеток ежење до болка и си ја накиснав пижамата, бришејќи ги солзите.
    Ме потсетува на некое дело/филм/драма нешто, бидејќи ми беше до некаде познато целото дејство. Сметам дека претходно ја немам прочитано, а да не се сеќавам.
     
    На nadja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.786
    Не ми се допадна воопшто . Зедов да ја читам по многуте препораки, но се разочарав од вкусот на луѓето кои ми ја опишуваа како нешто невидено, нешто кое мора да се прочита.
    Стилот е скрос просечен, дури и подпросечен. Сакала да ги разнежни читателите со тоа што секој втор умира но само ја развлечкала книгата и никаква вредност не и додала. Како што некој погоре напиша и мене ми е оваа книга како да е напишана од 16 годишна девојка желна за внимание. Не ми е реална, не ме потресе, како без емоции ми е напишана. Преценета
     
    На crazylady и svetlana977 им се допаѓа ова.
  12. svetlana977

    svetlana977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Не е лoшa книгaтa ,не е зa фрлaње,жaл му е штo ме вoзнемири еднa прoсечнa книгa.Тoчнo се гледa декa е првo делo нa aвтoркaтa,имa тoлку мнoгу грешки,прoпусти ,несoвпaѓaњa и нелoгичнoсти.Пoсле смрттa нa Сергеј вo еден дел се спoмнувa три гoдини пиминaти a веднaш пoсле тoa декa Мaријa умирa гoдинa пo свaдбaтa.Нинa oргaнизирa прoслaвa зa 19 рoденден a вo нaреднo сеќaвaње јa спoмнувa кaкo прoслaвa зa 20 рoденден.И ми немa лoгикa дa вo 1999 Ленкa е живa ,нa нoвoгoдишнaтa вечер и тoa се зaеднo сo пријaтелoт aдвoкaт ???? пo лoгикa би требaлa дa имa oкoлу 90 гoдини тoгaш.Мaшa е секретaркa вo тетaрoт нa 70 гoдини,кoгa умирa Јуриј ????.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Вчера ја завршив кнгава. Незнам колку пати се расплакав. Книга полна со емоции, прекрасна е. За жал ова е всушност животот, однадвор се е розово. Кога веќе помислувањ дека си срекен, веднаш доаѓа тажен миг. Додека ја читав книгата си помислував што и требаше да стане балерина. Џабе ти е слава и пари кога си осамен и немаш со кој да ги поминеш последните денови од својот живот. Би ја препорачала на сите оние кои се со здраво срце.
     
    На nadja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не е толку лоша книгата ко што сте ја опишале некои. Баш ко за прва книга е супер.
    Точно дека е лесна книга за книга за читање и не го гледам проблемот тука ама добро.
    Мене не ми се допадна тоа се нај нај кај Ана. Па неа сите ја сакаат, па она е надобра, па најпаметна, па лепотица... И као клетва да и е сите и умираат, ко за инат пошо е најубава |(

    Веќе кога сме кај Јелена, Последната пролет во Париз е моја топла препорака! Многу подобра од првите две.
     
    На nadja29, crazylady, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Читајќи ги коментарите на оние кои не им се допаднала книгата веријатно и не ја сфатиле поентата. Јелена не сакала да умре толку луѓе туку сакала да каже дека со парите и славата не се постигнува ништо ако немаш среќа.
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Срамота што не сум пишувала во темава, книгата ми е прочитана пред пола година.

    Книгата ја читав кога бев во пмс, одамна не се бев така исплакала. Лесна книга, се чита брзо во еден здив. Ме обзедуваа многу емоции, нервоза, плачење, среќа, тага.. Прекрасен рингишпил. Ми се допаѓа стилот на пишување, ептен со леснотија се чита а сепак се внесуваш во ликот и те преовладуваат секакви емоции.

    Од Јелена само таа книга ми е прочитана, но не верувам дека ќе остане така. Во план сум да прочитам и последната ноќ во париз, многу ја фалат и велат дека била далеку подобра од рингишпил.
     
    На nadja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Ne mi ostavi silen vpecatok.Imam procitano knigi koi imaat mnolgu podobra sodrzina,a i stilov na pisatelkava ne mi se dopadna :/
     
  18. LittlequeenV

    LittlequeenV Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Knigava ednostavno me ostavi bez zdiv :l:;(
     
  19. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Многу емотивна книга. Одамна ја имам прочитано и пак би ја прочитала.
     
  20. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    Денеска ја завршив оваа книга и можам да кажам дека сум воодушевена.
    По природа сум многу емотивна и во неколку наврати додека ја читав ми надојдоа солзи во очите.
    Можам да кажам дека ми стана една од омилените книги кои што ги имам прочитано.