Незнам дали е за оваа категорија темата ама мислам за овдее најсоодветна, исто незнам дали веќе има ваква/слична тема, ни па колку соодветствува насловов, но добро нека. Укратко концептот за темата ми е сличен на ова; Spoiler: burning https://www.google.com/search?q=burning ceremony&source=lmns&hl=en&sa=X&ved=2ahUKEwi__9jazpf7AhXj5bsIHRwqBukQ_AUoAHoECAEQAA Лисјата си паднаа и овој период од годината природата не учи на убавините на пуштањето, за ново раѓање во пролетта. Овој дел од годината е за завршетоци и преиспитувања,пресобирања, есенско чистење на домот(но и психо-физичко) и уклучување на гориштата. Не, нема потреба од буквалнo ''горење'' на нешто што ве асоцира на она што го ''горите''. Го горите она што сте дошле до реализација дека е штетно/токсично за вас( стари стравови, негативни чувства и периоди, нездрави навики, пророк/ци, ментално-психички и физички, луѓе/односи...)или она што можеби порано ваљало но веќе не.. Што вие горите?
Калории... Во последно време, поточно месеци наназад, согорувам само вишок и непотребни калории. Burn them all на клада
@Ketchup јас ја горам твојата навреда на мојата чест и углед . Абе поставена е, ама поставувачот е уметничка душа неразбрана во своето време (евентуално може го мрзело да објаснува пошироко). Имено овие ''ритуали'' обично се прават при крајот на годината/околу Нова Година, (како и за време на лични животни промени во било кој дел од годината), hence
Прилично сум задоволна од себе оваа есен. Ја средив и (ре)декорирав собата. Откажав цигари преку ноќ, пред 2 недели. Почнав континуирано да вежбам. Почнав подобро да ги изразувам емоциите и да наоѓам содветни зборови. Помалку бурно реагирам кога сум нервозна. Односите со луѓето ми се подобруваат, затоа што почнав повеќе да се ценам себеси, да не трчам по другите, почнав да си го гледам мојот раат и си го ценам моето време. Имам цели за бркање во животецов.
Ама не ми е мислењето наменето за темава, општо горам мозочни клетки секојдневно, на тоа мислев. Иначе супер си е темата.
New Year's resolutions Англискиот е побогат јазик од македонскиот Ах... значи и ти си 'талентиран' ко мене
Нешто слично но не целосно, со што може како што пишав во текот на целата година (како што и реално бива со лични промени) како и околу Нова година дека тоа е општоприфатено време за реализации, промени и завршетоци. Со што фокусот е на releasing/letting go of something/someone. Океј, откажувам ритуалот. @Ketchup
Името на темава е сменето, а мене ми требаше само неполна година да приметам. @theowndemon дај види ако можеш нешто околу ова. Иначе, не е темата наменета исклучиво за '' ритуалот на горење''. Туку го земав како пример. Се работи за нешто со што сте се избориле, сте завршиле, пресекле, што е штетно, непродуктивно за вас и сега (свесно) го оставате зад себе.