Кој ви е ритуалот кога ќе се уклучите на * Ако имам ЛП дефинитивно тие се први, но ако е некој сон-може и да почека * Пребарувам Snow / Сноу * Влегувам во следниве категории, по овој редослед: За Форумот, Бременост, Свадба, Фитнес, Скриено катче. * Потоа обавезно отварам теми: Нокти-цртаме на одредена тема, Среќен роденден, СДК, Вицови, Изреки. * И потоа одам во Активни теми, и ги разгледувам темите.
Па, станувам од спиење, на алармот ми звони мантра за Фемина, и со тоа ми започнува денот. Пред да седнам на компјутер прво 3 пати се молам на богот на сонцето да биде сончево дента за да напишам убав пост кој ќе собере многу ѕвездички. Потоа го изведувам ритуалот на ѕвездите, симболично вклучувам апликација за оган на телефонот бидејќи не можам тука пред компјутер да запалам оган, се вртам во круг околу телефонот пеејќи и играјќи мистични ритуални танци, кои секако ќе ми помогнат да соберам повеќе ѕвездички. На крај, ако е ден ги спуштам ролетните, палам свеќи, цртам пентаграм со сопствената крв и му жртвувам јагне на Сатаната. Истото го правам ако е ноќ или приквечер кај 7, само со дигнати ролетни. Сериозно, немам некој посебен ритуал, некогаш заборавам и да се најавам, па ако видам некое убаво мислење и ако сакам да го лајкнам ми текнува да се најавам. Теми читам преку сила 5-6, бидејќи повеќе активни не ни има, а ако има не ме интересираат најверојатно, што ми се допаѓа лајкнувам и тоа е тоа. Не ми текнало да се пребарувам, ама ќе си го пробам и тоа дефинитивно.
Пребројувам лајкови, дадени, земени, ако се сите тука, тек тогаш почнува денот. Се зезам за ова иначе. И јас прво одговарам на пораки, додека не сум заборавила. Отворам потоа - Сакам да кажам, Модни критики, Специјален поздрав (сите длабокоумни и со тешки тематики ), да се посмеам и релаксирам, одам во Активни теми тогаш и сите што ме интересираат си ги отворам, по 10-12 теми си ги редам... Сите да ги излајкам како што е редот, со сите салтанати, , нешто да напишам, ово оно и така... Обавезно заборавам да отворам Среќен роденден, ептен неколку пати во денот да ја видам во Активни теми и да ми текне, еве сега Сноу кога спомна ми текна...
Во секоја шала , пола вистина Ритуалот , идам СКД да видам што кој кажал и доживеал , Модни Критики дали некој да манија... овај да ги разледаме убавите комбинации на феминките , спорт да им се смееме на Реал . Манчестер и Јуве , СП да видиме дали некој не поздравил , Филмови да видиме дали ќе ни претпорачаат некој убав филм и чат-пат форумски игри и после идеме доручек или факс
Веднаш откако ќе се најавам влегувам на профилот на СноуКвин, потоа во мислењата, за да видам дали конечно девојчево го запросиле.
Веднаш откако се најавувам забележувам чиј роденден треба да се честита сепак секој заслужува мало внимание потоа во зависност како имам време читамтема-брак па следат специјалните поздрави и обавезно ги следам темите за цртањенокти
1. Ако имам ЛП обавезно тоа од прво, и ако е од Дала, скокам до небо 2. Си го пишувам името горе да видам кој ме цитирал 3. Прегледувам лајкови 4. Форумски игри 5. Чет 6. Серии и емисии (ако ми остане време )
Откако ќе се најава гледам дали има ЛП, ако има ја читам и враќам на истата потоа се префрлувам во СДК, читам, лајкувам и си одам Следно е Специјален поздрав, форумска игра Нашминкај (зависник станав од неа ), онда си го пребарувам името, гледам која се породила, која останала бремена , ѕиркам во модни критики и си дремам си читам се што е интересира. и тоа е тоа
Гледам ЛП ако имам, после отварам СДК, па Блог поврзан со модата, Направи сам, смешни мислења, модни критики. Успат ако сретнам од десна страна некоја интересна тема, ја отварам. После идам у мои мислења, и ги отварам последните гледам дали некој нешо ми реплицирал (не дека се дешава, него чисто онака). И после шо ми текне, а шо ми текнува не ви кажувам. Фала, исто и кај вас.
1. Читам нова лична порака (кога имам) и ќе вратам. 2. Отварам темата(Филм и Тв) да видам кој што додал, што кажал и потоа пишувам мислење. 3. Разгледувам теми од најразлични категории, читам мислења. 4. Потоа пак ќе се вратам во серии и емисии, ќе разгледам. Можеби ќе напишам некој сон во Другата Наука или во Форумските игри. Ќе разгледам во Блог поврзан со модата, некоја тема во музика.. Тоа е се.
Е јас немам некој посебен ритуал на феминава ако имам порака, ја отварам и враќам и потоа директно во непрочитани мислења и активни теми ако ми треба нешто или ако имам некој проблем, тогаш барам дали има таква тема ако не, висам во непрочитани мислења
Прво земаш една мачка на која и ја дереш кожата, и го распоруваш стомакот, и ги вадиш цревата, потоа и ја цедиш крвта во вино кое подоцна ќе го испиеш , сето тоа за ритуални сврхи.
Зарем вие не го играте ритуалниот танц, оној пред log in. Најпрво читам СДК, потоа СП, скриено катче, и одам во активни теми. Толку.
1. Проверувам да не има некоја ЛП 2. Отварам во Насмевка да тргне денот 3. Одам кај Филмови да видиме што гледале фименкиве 4. Одам во СДК да се изначитам кој што доживеал и кој што има да ни каже Ако имам време шетам и по други теми а може и да пишам по нешто...
Прво ја отварам СДК, да читнам дешавки, да си ги искажам маките, да си олеснам и поштено да исхејтам. Па читам лични порачиња. И возвраќам на истите. После си разгледувам на раат се` што се додало во вид на нови мислења кај - Мрсната коса, Морална поддршка за диеталци, Сериите и филмовите, Омилените продукти... Заборавам секогаш да ја отворам Среќен роденден или Специјален поздрав, па се сак`лдисувам подоцна. Треба да ми е ептен досадно да отворам Политика или Фудбалски натпревари. Ама Ел Класико ја имам исчитано еднаш од прва до последна страна. После му се чепатев на дечко ми, и се воодушевуваше на моите знаења за фудбалот.
Eве ви го мојот ритуал: *Aко имам лп одма ја отварам *Кога ке се вклучам право проверувам што има ново низ темите *Потоа ги отворам темите (СДК)-Сакам Да Кажам и Што би му кажале... *Одам на чет *Читам низ сите теми...
Кај мене се си е организирано и се си има ред. Отварам gmail - таму ми стигаат известувања за нови мислења на темите на кои сум запишана, а запишана сум на повеќе од 100 теми, НО посебно ми се маркирани како важни оние кои теми кои ги читам најчесто. Така, дневно ми стигаат повеќе од 100 мејлови, од кои отварам само 10тина, ептен ако имам слободно време и другите, обично ми треба недела дена за да разгледам се за што сум запишана за известувања, и ги отварам од принцип иако некои само ги скролам, битно не си го кршам редот Ако имам ЛП, прво тоа гледам, потоа Модни Критики, СДК, темите за шминка, нега на тело, лице итн... СП не отварам у последно време, ниту пребарувам да не ме има спомнато некој, кај ви текнало на тоа бре? И никогаш не се најавувам или одјавувам, секогаш сум си логирана.
Ако немам некои обврски... Го вклучувам лап топот трк во вц во лет ставам кафе ,дури се замивам по очи да ги одлепам...кафето е готово.Седнувам и отварам 5 различни форуми.На Фемина прво ја отварам СДК,па пребарувам по форумот ,некој да не ме спомнал во лош контекст.Не за друго, да се степам .Го сркам кафето,си ја чешкам ногата која ме боли,ја бушавам косава.Ми текнува да ѕирнам во теми лице и тело ,да не најдам некој совет кој моментално ме интересира,отварам модни критики.По милионити пат си велам треба да си купам вакво.слично...кое секако трае дури се одлогирам.И секако лајкнувам што ми се допаѓа.Одговарам на лп ако има ,ако не си велам кој тебе ќе ти напише порака кога си стара кокошка. Ако имам воља за готвење отварам рецепти. Истресувам некоја моја глупост во СДК ,ако има што ...и толку .Па малку ли е