Веднаш Предлог филм и негова рецензија и после си ги отварам моите мислења од претходен ден да видам дали имам одговор
-Прво ако има ЛП -Го пребарувам корисничкото име и ѕвездичките -Потоа во Види ги сопствените теми -Па разгледувам теми во Нови мислења
-отварам ЛП ако имам некоја порака... -Пребарувам gentle.girl -Ако сум пишала некој сон отварам да го видам одговорот, тоа ми е едно од најважните потоа разгледувам низ темите и си коментирам
Ако некој помислил на мене преку ЛП, тогаш го изигрувам ритуалниот танц, си се шлапам по задникот со 20 камшици за да ми тргне на арно денот на Фемина, седнувам на колена со запалени шкорчиња во зависнот од часот кога го правам ритуалот и се молам да ми дојде инспирација за лепи текстови. Читам свега и свачега, и детски бисерчиња, и Сноу до каде е со свадбата, не читам Другата наука - не ме интересира, темите околу Бременост и бебе ги игнорирам. Сегде може да ме најдете, најчесто СДК во Кафе муабети и Фудбалски натпревари и темите околу спорт, до Серии и емисии. Тука најмногу се движам, ако ме видите - мафнете ми.
Вака.Пред да кликнам најави се,ја кажувам Оче Наш 3 пати,за секој случај да не ми се погоди некој трол,па да му ја кажам цела за да ми се откачи (во примерот со попот) .После ставам икона на маусот и кликам најави,ако имам лп пополека,пазејки да не е тролче отварам,и одговарам на истата.Отварам СДК и читам и читам,и после одам на четот,да ѕирнам дали има некоја интересна особа,го молам Господ да ме посоветува дали да пишам,пишувам,чекам да дојде горде,ако нема абер од нејзе,ја кажувам Оче Наш овојпат два пати и кликам свечено на копчето одјави.Се одјавувам и завршува мојот ритуал на фемина. Спојлер И да,секако се шалам,зш Фемина валда не е црква и да не го мешаме господ и молитвиве Се најавувам,ако имам лп отварам и одговарам на истата,читам во СДК,отварам чет,си одам,читам по темиве што ме интересираат,и се одјавувам.Толку
Искрено, во последно време ептен ретко се логирам, со ник и пасворд. Вака нелогирана, препрочитувам ако има нешто интересно низ темите. Најпрво одам во Сдк, читам некои мислења кои ми западнале за око. После си одам рендом, во темите за спорт нормално обавезно си читам, детс мај ериа . Музика, филм, серии исто меѓу најчитаните. А потоа темите за диети, се друго што ми е корисно за изглед итн. Ја посетувам и моден блог редовно, во последно време. Друго, слабо читам. Кога се логирам гледам што има ново во Модни критики, ставам лајк на тоа што ми се свиѓа. И така .
Па јас не се логирам постојано сум си логирана, значи само ја отварам странава, потоа одам во теми или во активни теми,ако ми се досадни темите таму одам онака во насмевка или кафе муабет од мода ако забележам нешто интересно се вклучувам во дискусија и така аа да и читам што се случило со Елиза и Хурем
Најпрво се логирам и читам ЛП. Ако сум на диета ги читам диеталните теми прво. Потоа читам за Серии и Филмови. Потоа одам во СДК за да прочитам какво е времето надвор, оти ме мрзи да станам од кревет . Читам и пишувам во спортските теми, и за крај ја оставам Модни критки. Родендените ги заборавам, а СП ретко читам оти слабо ме поздравуваат , а и плус ставаат само торти и чоколада, а јас сум стрвла и одма ми се пријадува . Ако не ме мрзи ќе пишам нешто, ако не ќе си ги турам лајкчињата и ќе си продолжам со играњето игри на фб. Сега читам и ме збунивте, може и името да си го пребарувате, дали сте сте спомнати на цел форум ? Не знаев дека постои и оваа опција, за срмота .
^ Може Си го пишуваш името горе во пребарај и секој што те има спомнато или цитирано те дава. Само ние гревчиња што сме со повеќе симболи или со по три букви не можеме да се пребаруваме Инаку немам некој посебен ритуал, кога како ми дојде. Битно во букмаркс ми стои линк до Нови мислења, и тоа е прво што отварам.
1.Гледам дали имам ЛП и ако имам враќам на истата 2.Гледам активни теми 3.Си отварам СДК си читам 4.Си играм форумски игри 5.И си читкам друго што ќе ми дојде интересно
*Лп ако имам *На чет гледам што како *Одам до профилот на Lella да видам дали е онлајн,ако не е и праќам лп да ми пише,а ако е онлајн и не ми пишала одам да искарам *Читам низ темиве И така...
прво лп ако имам читам и враќам на нив потоа активни теми па читкарам што има ново на почетна,малце мода,диети,здравје....
Правам 100 пати рефреш и чекам 5 мин пред 12 за хороскопот утрешен, исто како Нова година да пречекувам. хахаххаха
Ритуал? Па може да се каже и дека ми стана „ритуал“ отварањето на темата „Ние околу и преку 40...“ Секој слободен момент се вклучувам на Фемина и одма во омилената тема... Па, морам да бидам во тек со шипките, мајсторлаците, министерствата ... Кога имам повеќе време за Фемина обавезно отворам Литература и уметност, Храна и рецепти, Забава, СДК, Дом... Понекогаш ми се случува да отворам теми со 0 (нула) одговори и да напишам нешто баш во тие теми... Сметам дека секоја тема заслужува барем еден одговор!!!