Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роберт Патинсон (Robert Pattinson)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Miss.Ricci, 12 септември 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    А - у! А има посебна тема за него и неговиот физички изглед евентуално за левото увце? :wasntme:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Не знам што ти запречи коментирањето на неговиот изглед, нормално дека ќе се коментира за тоа, неизбежно е :) Впрочем физичкиот изглед во голема мера влијае на тоа дали некој ќе го сака или не како актер :) И мислам дека во претходно мислење го кажа ставот за нашите коментари и сликите, па ова последново ти беше некако излишно.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Мене ми се допаѓа Роберт Патинсон како актер.
    Мислам дека Твајлајт колку што го направи популарен - толку и му наштетува и ќе му наштети во иднина, од проста причина што е на некој начин обележан и сите го знаат како вампирот кој светка на сонце. :D

    Слично како и Даниел Редклиф, кој до крајот на животот ќе се памети првенствено по Хари Потер, или Мекколи Калкин по Сам дома.

    Сметам дека поседува добри актерски способности, добро, не е следниот Кристијан Бејл, тоа е сигурно, ама дека нема талент, не можам да се согласам.
    Талентирано е момчето и има пар добри филмови.

    Remember me е добар, а може да го погледнете во улогата на Салвадор Дали во Little Ashes. http://www.imdb.com/title/tt1104083/
    Мене ми е следен на листата за гледање.
    Па ќе споделиме импресии.

    Инаку, не ми е ниту претерано убав, ниту пак грд, просечен лик, со убаво гласче.
    Како појава не ми е антипатичен, ехеее, на листата има куп пред него.
    :)
     
    На Miss.Ricci, JuLleE, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Излишно е коментирање за физички изглед, бидејќи јас го вреднувам глумецот како глумец, а не по тоа дали некаде изгледал вака или онака. Еден куп квалитетни глумци имаме каде што едноставно заборавам да гледам на тоа дали ми е симпатичен или не. Битно ми е каков продукт ќе извади на даските кои живот значат или пред камера.
    Истото и за Роберт Патинсон. Али тоа сум јас - не се занимавам со ирелевантни ствари во однос на некоја професија.

    Не е излишен, поентата ми беше дека ми е интересно како забегавте прееска оф топик, не знам косата каква му била, па дали е стварно убав или не е, воедно и ти, ама битно било да се коментира во однос на неговото пеење во темата која била соодветна за тоа ;)
    Све фино, али - биди ни малку пример Рејнбоу :) Извини, посилно беше од мене, нема љутиш.

    Инаку Трендафилка, супер за филмов што го постираше, јас стварно немав поим каде уште глуми типов, ама ете - имам нова занимација викендов. Дури два филма на тапет.
    Seems like we got a plan. Плус интересно што е филмов за Салвадор Дали :clap:

    Се гледаме на темава подоцна со коментари.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Во Remember Me пријатно ме изненади.
    И јас го знаев само од Самрак каде и не е можно да има некоја впечатлива глума, но во Remember Me е навистина феноменален. Емоциите на филмот ги пренесе беспрекорно и дефинитивно после овој филм го сменив мислењето за него. Не станува збор за тинејџерска ѕвезда.
    Во Water for Elephants не ми се допадна премногу, коментирав и во една друга прилика дека не почувствував хемија меѓу него и Рис.

    Во однос на изгледот - навистина не е клучен за неговата способност како актер и повеќе пати сум кажала дека ме нервираат тие стандарди на убави актери кои се наметнати од Холивуд. Филмот треба да е реален, со вистински луѓе, а не симетрични, пластифицирани, ретуширани и нашминкани фаци.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тоа е така бидејќи самата Рис истакна дека Роберт бил лош љубовник и воопшто не и се допаѓале љубовните сцени со него, па нај нормално е дека тоа било само механичка глума без никаква хемија. Сега, дали Витерспун го изјави тоа само за да привлече внимание и да го дрецне од земја, не знам, ама мислам фактот што Роберт бил болен за време на снимањето треба да се земе во предвид :!: пошо нели на госпоѓицата и сметале "криците" и звуковите што он ги испуштал, како и секој настинат човек.
    Јас воопшто не знам што ја бирале неа за таа улога. Не ми се вклопува.. :^)

    Воедно, слушнете ја песнава напишана за него :lol: :lol: :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=rzjDlUwtNpc
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    He знам, ќе го гледам REMEMBER ME, па ќе видиме дали ќе сменам мислење :) вака не знам, ама ептен ми е антипатичен... :| Mожеби заради вапирските улоги, со дечко ми ја гледавме њу мун на 20 мин од филмот станав |( серка ме фати со опроштење,епа ајде да видиме дали ќе сменам мислење :)
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не коментирам за физичкиот изглед, ствар на вкус е. Мене ми е просечен дечко со шарм и убава боја на гласот. Факт е дека тинејџерките ширум света малку повеќе му дигнаа рејтинг затоа што е “oh, so sparkly and cute" и секако "the sexiest vampire ever" |(

    Јас ги читав книгите од сагата Твајлајт многу пред да излезат филмовите, и икрено да си кажам ликот кој го имав замислено во својата глава како Едвард, комплетно се совпадна со тоа како изгледа Роберт. За глумата во филмот не коментирам, од причина што мислам дека филмовите сами по себе се со лош квалитет и неговиот талент не доаѓа до израз.
    Во Remember me, останав малку подзината, како втор филм што го гледав со него, прилично се изненадив од тоа колку добро го изглуми тој комплексен лик. Можеби филмот сам по себе не ми се допадна многу, ама неспорно е дека одлично изглуми.
    Последен што го гледав со него е Water for elephants и како што си кажав во соодветната тема, филмот многу ми се допадна, од приказната до глумците. Мислам дека како глумец одлично ги доловува ликовите со ладни, темпераменти и повлечени карактери.
     
    На JuLleE, Miss-Angie92, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    На мене дечково ми е симпатичен. Мрачен ми е, таинствен, ладен.
    Впрочем такви и улоги глуми.
    За Twilight не сакам да коментирам, но затоа во Remember me беше одличен.
    Одлично одглуми, емоциите ги пренесе одлично, ликот совршено го долови. Чиста 10 му давам за улогата.
    Има талент момчето, и Water for elephants беше добар, само што и мене ми фалеше хемијата помеѓу него и Рис. Недостасуваа емоциите во филмот.
    Би сакала да го гледам и во други филмови покрај Twilight.
     
    На monalisa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Еве некој филмови кои ми се изгледаат интересни со Роберт Патинсон :)
    Little Ashes Ова е филмот за Салвадор Дали
    http://www.youtube.com/watch?v=EtW9Geh9tYM

    Love & Distrust
    http://www.youtube.com/watch?v=WC8AS0WSdh8

    Bel Ami - овој посебно сакам да го гледам, ама не успеав да го најдам на нет, само што е завршен со снимање изгледа се чека премиерата :)
    http://www.youtube.com/watch?v=1dYrr3eV7NI
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Remember me не сум го гледала, ги терав еднаш другарките да го гледаме, ама не можат да го поднесат Роберт, премногу им бил антипатичен, па не ни сакаат да му ги гледаат филмовите. Тоа најверојатно потекнува од Твајлајт. Инаку, ќе го спуштам да го гледам, па да видам како ќе се покаже таму.
    Не сум прочитала до сега дека имале ваков проблем. Рис баш ми одговараше на ликот што си го имав замислено, а и Роберт тука не е нешто лош.
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Рис имаше изјавено баш вака "Сексот со Патинсон е одвратен", бил болен, испуштал чудни звукови и тако даље.. Значи како што напоменав, можеби се шпекулации, можеби некој ја преувеличал работава но таква статија прочитав на интернет.
    Како и да е во Бел Ами ќе сватите дека навистина вреди да се гледа човеков, и дека стварно си ја знае добро својата работа :) ;)
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    И јас имав аверзија према дечково нели со целата ука бука со Twilight додека не го гледав во Little Ashes, таму се виде дека Роберт нема да биде уште една тинејџ сензација, нема да биде заборавен после завршувањето на твајлајт сагата.
    Во Remember Me ми го потврди мислењето дека е одличен глумец а во Water for Elephants ми го запечати мислењето, дечково е глумец на кого треба сериозно да се гледа, не би ме зачудило во блиска иднина и да видам оскар во неговите раце.
    Како фаца не ми е нешто посебно ама има ептен секси глас особено кога си збори со англискиот акцент, инаку мислам дека е млад надежен глумец и ако продолжи да глуми во филмови како и до сега ќе стигне далеку, нема да остане засекогаш познат само како Edward Cullen.
     
    На BlackSwan5 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Го гледавте Роберт во Twilight-Breaking down? Ова се однесува на девојките што се двоумеа околу неговата способност за глумење. Ајде да видам, пукајте :) Мене лично ме воодушеви(не дека ми е омилен, што е вистина - вистина е :$ :) )
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Мислам дека најправилно би се изразила со -Несовршено совршенство ! Не е нешто посебно згоден. Но просто го обожавам. Ни сама не знам зашто, но го има тоа што секогашме привлекувало кај машкиот пол. Во water for elephants не ми е ништо посебно, додека во Twilight ми е...немам зборови. Сите делови по 5 пати ги гледав... прекрасен ми е!!! :P

    [​IMG]
     
    На monalisa и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Едвај чекам да го гледам Бел Ами. Кога ќе има торент ве молам постирајте го. Видов дека веќе излегол Breaking dаwn, но некако немам желба да го гледам. Сепак ќе го изгледам, кога веќе ги прочитав сите книги и ги изгледав филмовите до третиот дел, уште за еден...нема да биди проблем.
     
  17. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Јас искрено Роберт Патинсон не го обожавам многу, ама морам да признаам дека ми е преубав само во првиот дел од Твилајт.
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    На почетокот кога почнаа другарките да паѓаат во несвест по него, реков ај да видам кој е тој, што бил толку посебен. Кога го видов на слика помислив дека погрешно име имам напишано :lol: Велат дека не е физичкиот изглед, туку улогата која го прави толку посебен. Не знам, можеби е затоа што не ме заинтересира баш Twilight па не го гледав со посебно внимание, мене човеков не ми е ништо посебно на изглед. Сепак, за вкусовите не се дискутира :)
    Мислењето ми се смени само во врска со тоа дека е навистина добар глумец, откако го гледав во Water for elephants.
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мене Роберт ми е прав вампир,го гледав Twilght и страшен ми е некако не знам зошто.Инаку има многу убави очи коса и глас.Мора да се признае дека не е лош.Во другите филмови кои ги имам гледано со него ми е поубав амам во Twilght ми е страшен. :D
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Што имаше толку да се каже за човеков 6 страни што испишавте!? :^)
    Нит е убав, нит е згоден, нит го бива за глума а според Рис Винтерспун ни за секс т.е глумење секс.
    Се испозаљубија луѓе во него како бог да е. Па мртов Дракула да ми го дадат пре него би го избрала него ова што ни маж не се нарекува.