Роберт е еден од оние глумци кои имаат прекрасен лик и голем талент, навистина е тешко да се доловат оние емоции во Twilight, но тој се снајде одлично. Е настрана од филмот, Роберт изгледа како да не се грижи за себе, се појавувал и несреден, но сепак срцка е човекот Никој не е совршен. И да, за вкусови не можеме да дискутираме, зашто секој вкус е различен.
Квалитетен глумец, нема потреба од потценување, ќе се снајде како што и во секоја улога е успешен. За Бонд мислам Хенри Кевил најмногу соодветствуваше, ама можеби и не зашто Патинсон е помлад.
Роберт е предобар актер и се надевам дека ќе се снајде како Бонд иако воопшто не ми иде на ум за овој лик.
Добар избор за новиот Џејмс Бонд. Роберт Патисон е одличен глумец со одлични квалитети и мислам дека добро ќе си ја сработи работата. Само што претходните глумци сите имаа некои незгоди на снимањето, па не верувам дека и Роберт ќе биде имун на тоа. Сепак ова е огромна улога и има големи предизвици.
Заборавив да спомнам дека заслужува Оскар за најдобар актер во споредна улога во Одисејата на Нолан. Умее секако да се трансформира, a луѓето кои го критикуваат, имаат предрасуди поради Твајлајт (до кога веќе, аман) и не гледалe доволно филмови.