Роботот Софија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miki4eca, 21 ноември 2019.

  1. Miki4eca

    Miki4eca Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    Софија е робот создаден од компанијата Hanson robotics и има скоро идентични функции како и човечките суштества. Роботот може да прави фацијални експресии и го разбира човечкиот говор. Според компанијата, примероци од роботот ќе се продаваат од 2017 година.
    На прв поглед, Софија личи на робот од филмот Ex Machina. Најчовечкиот аспект од Софија е нејзиното лице, создадено од патентирана специјална гума, што ѝ овозможува да прави повеќе од 60 фацијални изрази.
    Доктор Дејвид Хенсон го води одделот за инженерство, одговорен за создавањето на Софија, робот инспириран од Одри Хепберн и сопругата на Хенсон.
    Креатор на роботот е Дејвид Хенсон, основач на „Hanson Robotics“, човекот кој целата своја кариера ја посвети да направи „робот со душа“ и чија цел е да ги научи роботите на креативност и емпатија, човечки особини што се неопходни за да не се доживуваат роботите како машини.
    [​IMG]
    Софија моментално е на светска турнеја на која ги покажува нејзините способности за интеракција со експерти, обични луѓе и со медиумите.[​IMG]


     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Жолтите што нема да направат. Изгледа футуристичко и ова не очекува во иднина.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.675
    Пол:
    Женски
    Изгледа човекот сака малку да одмори, па со тоа и цело човештво, одамна се типува дека се повеќе и повеќе роботите како интелигентни суштества ќе бидат во корист на светот повеќе од човекот, жално ама вистинито:worried:
    Поддржувам науката и технологијата да растат уште повеќе и повеќе, и во ред е се додека тоа би било од помош во современата медицина да речеме или на друго поле, ама малку језивки ми се овие роботите кај кои сакаат да "прикажат" човечки особини како емпатија, љубов и слично:D
    Скоро на нет, гледав во еден ресторан во Истанбул, гостите ги служеа два роботи, луѓето им нарачуваа преку дигитално мени порачки, ама во кујната работеа вистински луѓе, и донекаде ми беа слатки и интересни, но ова со Софи и сличните напредни роботи ко неа, како што кажав ми е малку ту мач језивко:D
     
    На twilight123, sj *O*, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Разочарувачки е што нема да бидеме живи да го посведочиме времето кога трансхуманизмот ќе биде во полн ек. Софија е само предвесник на времето кое неминовно следува.
    Нејзиниот компјутерски корпус има задача ,,бихејвијорално" да го учи, имитира и разбира начинот на нашето функционирање од психолошки аспект, и коренспондира на надворешните физички дразби и функции. Благодарение на тоа, Софија веќе извесен период знае успешно да калкулира, содржински да пресметува и изведува математички и квантно - физички формули и дефиниции. Покрај тоа умее да биде добар соговорник и оратор, а воедно е запознаена со елементарните глобални промени на макро ниво (еколошки, економски и политички), и е доста елоквентна и објективна при излагање.

    Секоја година работата на роботот се усовршува преку надоградување на знаење од страна на компанијата ,,Hanson Robotics", и како што претходно напишав, нејзиното знаење секојдневно се ревидира, па така една од поновите вести е дека паралелно учи и други јазици. Исто, многу скоро истата компанија ќе почне активно да работи со конструкција на нови роботи кои ќе бидат слични а можеби и подобри од Софија.

    Патем, кога сме веќе овде, сакам да напоменам дека до 2024 најдоцна би требало веќе Европа да биде покриена со бесплатен wi-fi, дури и во руралните подрачја каде нема сигнал. Ако проектот успешно се етаблира, човештвото ќе има можност да искуси уште низа технолошки бенефити. Овие две се само почеток.
     
    Последна измена: 22 ноември 2019
    На sj *O*, Sejfullai, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Nema sto da ti e jezivo.Ovie roboti se samo obicni notorni gluposti i se pumpaat po mediumite.Nemaat nitu 2% kapacitet i kompleksnost sto eden prosecen covek poseduva.Tehnologijata nikogas nema da kreira robot sto poseduva covecki osobini.Prikazni za mali deca:)
     
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Грешиш. Компјутерот е одамна многу поинтелигентна и попрецизна алатка од интелигенција на просечен човек.
     
    На tirkenbal, piglet1, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.675
    Пол:
    Женски
    Се што сакав да кажам, ти кажа Нигредо, да не се повторувам исто :)
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.112
    Пол:
    Женски
    Оваа нели е исклучена?
    Инаку, технологијата е уште понапредна отколку што ѝ е прикажано на обичната јавност.
     
    На LanaSGirl и candy.cane им се допаѓа ова.
  9. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Covekot (poedinecot) go sozdade kompjuterot.Ne obratno.I najgolem del od procesite vo kompjuterite se kontroliraat od covek.

    So razvivanje na uslovno kazano tehnologijata opaga i intelegencijata kaj covekot.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.840
    Допаѓања:
    172.929
    Глупости |(

    И јас баш некни ова го зборав со маж @Nigredo Odor .. дека баш ми е криво оти не сум родена 2-3 века покасно...
    Кузнај колку ќе биди поинтересно :inlove:

    И баш ме интересира социјално како ќе се регулира интегрирањето на вештачката интелигенција...
    Пошто нема да бидат ништо помалку свесни суштества, од нас луѓето :inlove:
     
    На sj *O*, buba4e89, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Sto e toa gluposti?Seta umetnost,slikarstvo,pisan zbor,muzika,pravo,fizika,hemija i red red drugi raboti kreirani vekovi nanazad se 50 pati posofisticirani i pointelegentni otkolku ova denes sto go imame.Bas ti ne go koristis tvojot umstven potencijal tuku masinata uslovno kazano misli vo tvoe ime.Samo poradi toa sto tehnologijata e podostapna sekomu denes ne znaci deka i lugeto se popametni denes.Bas naprotiv.
     
    На elenaxbbg, Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Постојат различни IT бранши кои секојдневно се усовршуваат. Еден човек кој се занимава со овој тип професија може да знае најмногу за својата, а за другите општо. Неслучајно постојат различни спецификации во сферата на компјутерскиот инжинеринг. Просечен дигитрон е побрз и попрецизен бројчано во пресметка на пример.

    Компјутерот е интелигентна ризница на содржини во писмена и аудитивна форма. Фактот што учиш со негова помош контролирајќи го зборува во суштина дека е тој поинтелигентниот ,,учител" од тебе самиот.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Kompjuterot nema samiot od sebe da se sozdade.Nitu da se zapali bez naredba,nitu da izvrsuva funkcija bez naredba.Kompjuterot e mocno orudie bas zatoa sto super intelegentni luge go kreiraat,usovrsuvaat i kontroliraat.Kompjuterot izvrsuva precizni matematicki operacii zatoa sto covek sozdal takvi softveri.Bez covek nema da postoi kompjuter no bez kompjuter sekogas ke postoi covek.Ne sum protivnik na tehnologijata.Bas naprotiv masovno ja koristam i sum blagodaren na toa no robot e robot a covek e covek.Nesporedlivo.Toa mi e poentata)
     
    На Peperutce1115, elenaxbbg, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Човекот е креатор, но не и ,,Бог" на сите оперативни компјутерски функции.
    Еден човек нема теоретски шанси во себе да го има целокупното знаење за интерните и екстерните подесувања. Повеќе луѓе може да го имаат, не само еден, додека компјутерот има сѐ. Човекот го надоградува, но не е ,,посовршен" од надоградбата на претходниците.
     
    На sj *O*, crimson, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Нај идеално време би било подемот на нано - технологијата, и last but not least рушење на просторно - временската дистанца, која е сеуште квантно футуристички проект а исто спаѓа во овој домен. (Секако, со услов црните фондови да не ги имаат веќе овие контраверзно револуционерни откритија во ракав).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Tuka ke se slozam.Covekot e kreator na kompjuterot a samo Bog e sovrsen.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Бог не постои. Метафорички го искористив за одблизу да доловам дека машината е посовршена и далеку покорисна контемплирачка сила од човекот.
     
    На tirkenbal, Amellie13, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Samata nano technologija i site raboti sto ti gi zboruvas i te kako potvrduvaat deka Bog postoi.Nisto ne e slucajnost.No nema za toa da zboruvam.
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    18.145
    Технологијата нема допирна точка со религиските и духовните учења, затоа не сакаш да зборуваш. Зошто нема никаква корелација, буквално. :D
     
    На tirkenbal, sj *O*, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.112
    Пол:
    Женски
    Ќе се оди на merging во иднина и тоа не се никакви приказни. Мене не ми се допаѓаат тие планови, но што е - тука е.