Ok ova epten laicki odgovor.Ako naukata i religijata nemaat korelacija togas nemase povece od polovinata vrvni naucnici da bidat dlaboko religiozni.I nemase da postoi ogromna naucna literatura posvetena na religijata.No nema vrska.Ne mozam da ti se mesam vo pravoto da ne veruvas.
Фактички компјутерот не е ни приближно на човеков мозок во моментов. Да, компјутер има побрза и попрецизна моќ за стандардни алгоритамски операции. Приближно во моментов е во процесирање на граматики и јазици, ама не е сепак исто. Ама не е ни приближно споредлив на човеков мозок во однос на процесирање комплексни процеси како планирање, пресметка на ризици, свесност, учење (зборувам за учење концепти не меморирање податоци) и слично. Барем за тоа што го имаме достапно во моментов зборувам, веројатно постои понапредна технологија во развој за која не сме свесни. Едит: Инаку верувам дека е на пат технологијата да ги усоврши и останатите аспекти каде условно кажано сме супериорни како суштества, ама и самите концепти на свест и слично не се ни доволно разработени и познати од аспект на човековиот мозок, како тој функционира. Па веројатно затоа е потешко и да се направи реплика на тоа. Инаку и јас не сфаќам што треба да се дискутира на темава и дали сме оф топик Може има смисла да се прошири во подлабока дискусија за напредок на технологијата во роботика и да се формулира како таква
Засебно не, но со помош на search engine алатката се доаѓа до нови сознанија, решенија и статии во кои се вклучени инструкции за учење и планирање. Со помош на "search" алатката која е дефакто компјутерска се доаѓа до нови опортунитети и курсеви за учење или усовршување јазици.
@Nigredo Odor Така е, машинското учење се разработува доста и многу се работи на тоа, но поентата ми беше дека сеуште е рано за да може да кажеме машината е поинтелигентна од човекот во целосен аспект. Ама те сфаќам на што мислиш во секој случај
Мислам дека единствено што и недостасува во моментов на технологијата за која зборувате е способност да се само-одржува. Не им треба да учат човечки јазици, тоа само ние се занесуваме дека ќе ни помогнат еден ден на ниво на универзален преведувач и сл. СФ гаџети. А кога/ако дојдат до степен на самоодржливост, човештвото го обрало бостанот
Технички е 'папаметен' компјутерот од човекот. Односно.. не овие дома што ги имаме, туку вештачката интелигенција која се самонадградува и е програмирана да 'учи'. Како што кажа @Nigredo Odor , нема човек кој самостојно може да 'содржи' толку податоци колку компјутер, ниту пак има мозок кој толку брзо може да калкулира, како компјутер. Зошто научниците ги користат компјутерите за споредба, анализа, пресметка, статистички предвидувања, модели кои ги истражуваат, ако не? Шо не сметаат сами? Не го прават тоа, пошто е побрз компјутерот. Само што целата негова интелигенција е во форма на машина. Не е проблем да се направи АИ како човек, проблем е што не знаеме како точно мозокот функционира и кои се' параметри се потребни да се направи алгоритам кој ќе ги има во предвид и емоциите, соништата, фантазијата... Уште сме на стадиумот: Ова апче се пие оти делува, ама процесот никој не го разбира (кога се во прашање нарушувања во работата на мозокот). Ама оптимист сум... добро.. според некои тоа е песимизам , ако се плашат дека 'компјутерите ќе го преземат светот' Иначе, факт е дека интелигенцијата на глобално ниво стагнира, и има шанси да почне да опаѓа. Ама тоа не се должи на разојот на компјутерската технологија, туку на тоа што повеќе се размножуваат тие што се со помалку ресурси и можност за себе-надградба. Убијте ме ако сакате, ама статистиката знае дека колку е понапредна државата, односно народот посамосвесен, толку помал е наталитетот. Оти претпоставуваш дека би биле под ризик од евентуално самосвесни машини? Многу гледате Сај-Фај. Скајнет е измишљотина од 80тите. Лектира. п.с. Гугл е АИ.. и Амазон, и Нетфликс
^Е така де, оти многу СФ гледаме Не би биле во ризик од самосвесни машини, би биле излишни во свет на само-одржливи машини. Оти мислиш дека за хуманизам ќе бидат програмирани? За јас да си праам муабет со некој кинез, без да знам кинески?
Ја донесоа во емисијата Star Talk. Изразите на лицето ѝ беа чудни и не разбираше некои прашања.Сепак робот е,не е човек. Беше спомнато дека лесно може да се расипе. Сметам дека не треба да прават вакви роботи.Ако продолжат да ги прават и апдејтираат роботите,тие можат стварно да станат проблем и опасност за човештвото.
Треба да ја прочитам лектирата за електричните овци, тоа признавам. И за гугл знам, се тоа у реду. Ама еве, тема за дилема: за што на пример му се медицинските досиеја на пациенти на Гугл?
Уф... Најкратко кажано заради тоа што на центрите на моќ им одговара да имаат било какви информации кои потенцијално би можеле да бидат корисни во иднина од X причини. Зошто информации се моќ, моќ се пари, пари се моќ и така еден убав магичен круг во кој што ние сме марионетки
Не сме марионетки. Потрошувачи сме. Кој не би сакал роботски доктор на пример? Целата теорија ја има во некој гига, плус поврзан со интернет, постојано во тек со најновите истражувања, аналитики, веројатности, калкулации... Теоретски подобра дијагностика би можел да направи, од човек. Ама дали? Башка капитализмот стреми кон максимизација на профит, да се заменат платените луѓе за бесплатни роботи, ќе да се максимизира профитот. Прашањето е, само кој ќе биде потрошувач ако сите платени работници ги заменат. итн...
Сеуште нема интелигентен софтвер. Софија не разбира и не може да држи долги разговори. Инаку Lex Fridman објави твит во кој "најави" интервју со софтверот (во која и да е форма) на OpenAI, така да можете да следите на youtube ако ве интересира
Најмногу се нервирам кога ќе видам некој, кој нема врска од областа, објаснува и дава мислења како да докторирал баш на таа тема.Затоа текстов подолу. Ако мислиш дека компјутерот како машина е поинтелегентен од човекот, а воедно тврдиш дека било уште од поодамна така, тогаш твојот коефициент на интелегенција е на ниво еднаков на собна температура. Ако тебе ти изгледа дека е магично кога ќе кликнеш на некое копче да се изврши одредена операција, мене како компјутерски инџињер, уопште. Друго вештачката интелегенција која се имплементира во комп.системи се базира врз машинско и длабинско учење,(Мachine Learning and Deep Learning), креирајќи невронска мрежа која со помош на одредени алгоритми се тренира да научи одредена работа. Друга работа кога спомна капицитет на меморија, меморијата на мозокот во споредба со таа на компјутерот е како да споредиш 1000:1 во корист на мозокот. Кога спомна веќе Search engine, тоа е само зрно песок во пустина во однос на АI. А незнам зошто си фасциниран со брзината на пресметување на калкулаторот, веројатно од компјутери знаеш само во штек да го приклучиш.
Роботски доктор јас лично не би сакала во моментов, со моменталната технологија, зошто дијагнозите не се мапирани еден на еден симптом - болест за да може да се предвидат на база алгоритам или без човечко чувство. Теоретски не би можела да кажам за иднина бидејќи немам точна претстава за напредокот кој би го постигнала технологијата во таа област. Конкретно праша зошто му се потребни медицински досиеја на Гугл, верувам мислеше на Project Nightingale, како мене го крстиле . За жал, ова е направено без било каква дозвола на пациентите, што не е прв пат за интернет гигантиве, а целата поента на истово е дел од шемата за собирање на информации што ја имаат воспоставено со години наназад. Ама тоа е веќе друга тема неповрзана до оваа, може да се отвори тема за surveillance Ама тоа што знам од трендовите на собирање информации наназад на кои бевме сведоци, дефинитивно проектов е уште еден во низата скандали, зошто овие медицински досиеја освен што се собираат без дозвола на пациенти, туку и не се користат за машинско учење или роботизација. За таа цел би можеле да се користат и анонимни досиеја .Целта на проектов според Гугл е да се направи сингуларна медицинска историја која би му служела на лекар. Во кое што јас, а верувам и други луѓе кои ја следат оваа тематика, воопшто не веруваме
Компјутерски инжинер со израз "интeлигентен". Yeah, here we go once again. Имаш очигледен проблем при читање и разбирање на постови. Не го ставив акцентот само на калкулација и search алатката, туку на севкупниот мемориски корпус во кој спаѓаат алогаритми, дизајн, бинарни системи итн.Сето ова ја сочинува компјутерската интелигенција и помага при натамошен развој и надоградба. Постојат различни бранши во IT кои се конструирани од човекот и кои тој ги совладува постепено, но не толку совршено и брзо како компјутерот со можност за достапност и пренос на сите потребни информации преку nat. Станува збор за диференцијална интелигенција која дефакто надминува ум на просечен човек кој нема никакви познавања од компјутери in the first place. 1:1000 е многу површинска хипотеза, и тоа воопшто не е така, а зошто образложив погоре. Дури и оние кои имаат познавање, тешко ги менаџираат посложените задачи. Друго, доколку внимателно го читаше постот ќе увидеше дека компјутерскиот инжинеринг воопшто не го земав како точка за споредба. Секако дека луѓето кои се експерти во областа го имаат приматот при владеење и познавање. Instead ,,просечен" човек, што неслучајно пишав во првичниот пост. Не знам од која причина ве изреволтира мојот пост, но јас зборувам за факти овде. А во репликите имам инжинери кои немаат поим од елементарна јазична писменост и луѓе кои прават корелација меѓу Божественото и електронското/технолошкото.