1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роботот Софија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miki4eca, 21 ноември 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Шо знам... сакам да верувам дека може да живееме во интегрирачко општество... со било кој.. па дури и со АИ. :*:
    За да продава информации на осигурителни компании.
    Кембриџ Аналитика. Памтиш? :D
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Ќе пропадне светот поради ваквите роботи и технологијата која допрва ќе се надградува или создава.
    Место нас ќе работат роботи- губиток на работни места
    Скапи ќе се -многу капитал
    Ќе нѐ шијат компјутерите.А браво за човекот кој ја создал Софија, по се изгледа има добри спецификации и добро е направена,
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Целата технологија е создадена од човекот, за да го олесни неговиот живот. Денес сите сме заисници од неа.
    Никогаш нема да биде на повисоко ниво од човековиот ум, затоа што човекот ја создава. Нон сенс е се' што укажува поинаку.
    Ама има разлика во капацитетите меѓу луѓето.

    Роботот Софиа не е сензација од сега, а од пред 4 години мислам. И веќе не е толку врвно достигнување.
    Факт е дека "ќе се бориме" со роботи во иднина скоро во сите сфери.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Еј стварно постојат разни бранши во АјТи. Сигурен сум дека не знаеш што е компјутерски "иџинеринг" хахаха. Иначе јас овде во твојот пост не видов нити еден факт. Големиот дијапазон на епитети во твојот речник искористени во убаво срочени реченици незначи дека тоа е факт или знаење. Тоа ти е исти кога на студент ќе му поставиш конкретно прашање и ќе почне да филозофира за 10та тема. Мислам не иде. Изреволтиран сум зато што покрај непознавњето тврдиш и поставуваш тези влејќи дека биле факти.
    Соодносот на капацитетот мозок-машина да зедов 1000:1 иако беше мноогу поголема во корист на мозокот.
    Друга работа која ти ја спомна, не јас, мене боженствени и астролошки работи на темава ама ич не ме интересираат. Само на иџењерите од ВИП/А1 тоа ги интересира пошо у договорите пишува "може да настане грешка или проблем поради виша сила".
    И трето, да знаш дека нема ниту еден инженер кој ќе каже дека компјутерот е попаметен од човекот во било кое поле, компјутерот е најглупавата машина.
    А можеш на нет да најдеш студии за мозокот и негова употреба над 10% која обичните луѓе(сите ние) ја користиме.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.175
    Виша сила во договор е правен аспект, не е религиски. Секогаш може да се случи испад на систем заради виша сила, односно настан кој е надвор од човечка контрола, на пример се поплавил дата-центарот;) Не дека би требало да може да се поплави, ама глуп пример.

    Убава дискусија би можела да се развие на темава, само да беше троа саглам формулирана. Вака стварно може да се согласиме дека брчките на вратот на роботот не се ок:D
     
    На lovestoneddd, crimson, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Хахаха знам дека не е од религиски аспект, ама многу е смешно наведено, а од кај знаеш и дека тој што го пишувал и не помислил на тоа хаха:lol:
     
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.544
    Пол:
    Женски
    Ефектот на виша сила е уреден во договори претежно од правен аспект,но има и луѓе кои го гледаат религискиот.
    Но,темава е за робот кој може лесно да биде поразен со чаша вода,освен ако некој луд хакер се осмели да го измени софтверот,па сè да се искомплицира.
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сега си потполно ад хоминем.
    Никаде не негирав дека човекот користи над 10% мозок, не знам ниту од каде идејата да ми контра - реплицираш за нешто што не е напишано. Во потполност непотребна информација која сите ја знаеме.

    Јас не сум компјутерски инжинер, ниту имам намера да се претставам себе како нешто такво. Но, сешто напишав до сега е очигледно и може да се утврди со факти. А факт е дека компјутерот е мемориска ризница со изобилство на податоци по кои бар еднаш дневно пребаруваш и се здобиваш со нови знаења. Можеби не поседува когнитивна и вербална коресподенција, како ниту интелигенција и имагинација, но во својот примарен дел ги содржи сите претходно набројани оперативни методи кои умот на просечниот човек не може да ги извршува толку брзо и прецизно. На страна од емоционалната интелигенција. Фактот што се смееш на тој податок во суштина укажува на релевантноста на твојата диплома како електроинжинер и колку во суштина си експерт во областа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Хахаха, најбољи. Нај-бо-љи!
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459


    :bandit:
     
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Мислам дека нема поента да се споредува човек со компјутер или робот.

    Зошто?

    Бидејќи според мене не е интелегенцијата она што треба да се споредува туку позадината на функциите.

    Доколку зборуваме за компјутер/робот ја знаеме позадината на таа интелегенција, знаеме од каде и како доаѓа секоја една функционалност која ни се нуди бидејќи сето тоа е создадено, имплементирано, контролирано и надоградувано од човечки фактор. Не велам дека е мала работа да се креира цела таа машина, но има големи ограничувања.

    Секој кој има некое познавање од медицината, верувам ќе се сложи за тоа колку комплексен е еден човечки организам во целост. Можеби не е секој човек интелегентен, но самата позадина на функционирање на организмот што го одржува во живот тој човек е импресивна и во тоа се повеќе се уверувате доколку ја проучувате во детали.

    Колку синхронизирано се одвиваат сите процеси од биохемиска реакција до механичко движење,како каскадно се поврзани, како овој ензим одговара баш со овој рецептор, пренос и обработка на информации, енергија, гени, контрола на мутации итн., мал милион совршено склопени елементи и сето тоа на молекуларно ниво.

    Поготово нервниот систем кој има сеуште неразјаснети процеси и отсекогаш ми бил најинтересен.

    Не би да навлегувам во медицински или биохемиски детали кои мене ми биле интересни, но начинот на кој еден човечки па дури и животински организам функционира мислам дека е неспоредливо по комплициран од начинот на кој роботов ќе каже 'Здраво' или како компјутерот ќе пресмета колку се 2+5.

    Можеби одредени функции роботот ќе ги извршува по брзо и по прецизно од човек, но сепак ќе бидат само дел од се она што човекот истовремено може да го прави. Сепак креираме имитации на човек, а не обратно но, добро е да се развива технологијата .
     
    На WildMk, Angie1432 и DiCaprio им се допаѓа ова.
  12. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Ти викам нај-бо-љи си!
     
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

     
  14. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски

    Bezsmrtnost na lugjeto so prenesuvanje preku cip mozokot na covekot vo robotot za besmrtnost i vecno istrajuvanje toa e idejata na mn zapocnata od Dimitry Itskov
     
  15. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Се што кажа држи вода, само што никој не се обидува да создаде човек. Тука целта е да се дојде до general или human-like intelligence без притоа да имаме природни процеси или пак да поминеме низ процесот на еволуција како што се одвива во природата.
     
    На WildMk и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Е од вакви работи не ми се живее значи..каде оди светот? (facepalm) Луѓето се упропастуваат, се што Бог ни дал! Ова е срање од иднина која не очекува. Каков живот ќе биде тој со вештачки интелигенции и без емоции, вистинска љубов, срце?
    Се е отидено у пи*ду матер. Тешко на следните генерации кои допрва доаѓаат.
    Порано можда имало војни али ова е и полошо од војна. Верувајте.
     
    На sjdgo и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
  18. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Нема зошто језиво, барем не во наредни 100тина години. Првенствено вештачката интелегенција сега за сега се користи во медицината за предикција и откривање на одредени болести и пронапѓање на лекување, а роботи како Софија се бескорисни сега засега, едино едино како експеримент и ништо повеќе. Моментално корисни се роботи од типот на Curiosity роверот на наса , се прават и користат моментално , кои служат за истражување прибирање и складирање на податоци самостојно.
     
    На Desi1991k му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.544
    Пол:
    Женски
    Ама Curiosity е далеку и не е направен да симулира човекови однесувања како Софија.
    Секој кој се плаши од технолошниот напредок,попрво ќе се плаши од Софија и слични на неа,отколку од ровер што е на друга планета,ма да и самото име на споменатиот ровер е човекова особина која често води до неволја.
    Љубопитноста ја убила мачката е изрека која не е за џабе речена.
     
    На Biljarkata и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Значи го споменав марсовецот како попознат од таков тип, иначе и овде имаме такви роботи, па и дронови кои вршат самостоен лет и прибирање податоци за временска прогноза на пример, детекција на човечко движење како проектот од ФЕИТ, кои се засновани на АI.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.