Sofia е marketing stunt. Битен е квантниот компјутер на Google (NSA) и пробивањето на RSA приватни клучеви.
Ова особено звучи како проект од хуманистички побуди. Финансирано од МВР или МОСАД, претпоставувам Пошто камерите не се доволни, нели? Global surveillance што? А со приватноста како стоите ?
Ако добро се сеќавам беше проект кој настапи на европски натпревар, и доби 2ро или 3то место. Иначе точно за приватноста, би можел да се користи за секакви цели, може да биде опремен со разни камери(термални,ноќни). Веројатно би го користеле МВР и АРМ.
od od kaj znaesh deka voskresnuvanjeto i ovaa idnina ne e od gospod ? on dal covekot da se nadgraduva i koga kje uspee da stane pameten kje go pronajde patot do bezsmrtnosta i mn drugi raboti , mozhebi umrenite on kje gi voskresne a sega zivite so pomosh na roboti kje ziveat vecno
Новата телнологија ке ја уништи природата. Утре нема да знаеш дали маж ти е човек или робот. Поарно 10000 дрва да засадиле отколу ваа кукла што некој компјутерски ја управува
И покрај тоа што авторот на темата не поставил никакво конкретно прашање во врска со роботот Софија, ќе претпоставам дека истата е отворена за генерална дискусија во поглед на нашите лични впечатоци. Сметам дека роботот Софија претставува одличен научен експеримент кој може да се перцепира и од технолошки, но и од антрополошки аспект. Од технолошки аспект, навистина е фасцинантно дека роботите константно се усовршуваат, како што кај случајот со Софија како социјален робот, се развива способноста за препознавање човечки лица, процесирањето на визуелни, емоционални, разговорни податоци за да се формираат односи помеѓу луѓе и роботи. Од друга страна, роботот Софија, како научен експеримент, има огромно влијание и врз луѓето, особено од културолошки, социјален и психолошки аспект. Имено, навистина е интересно да се види на каков начин човековото општество реагира и се однесува кон објект кој приближно изгледа и се однесува како вистинско човечко суштество. Со други зборови, антропоморфизацијата која во врска со AI/роботи претставува тенденцијата несвесно да се претпостави дека компјутерското однесување е аналогно на човековите однесувања при случајот на роботот Софија, е манифестирано на идентичен начин преку т.н. ELIZA ефект. Софија е програмирана да дава pre-written одговори на специфични фрази и прашања, слично на chatbox. Овие напишани одговори ја креираат илузијата дека роботот Софија е способна да разбира интерперсонална комуникација и разговор. Од психолошка гледна точка, ова претставува резултат на суптилна когнитивна дисонанса помеѓу свеста на корисникот за ограничувањата на програмирање и нивното однесување кон исходот на програмата и е особено релевантен за развојот на AI, покажувајќи го принципот на користење на социјален инженеринг. Никој не ја доживува Siri како закана за човештвото, ама ако хипотетски претпоставиме дека би била ставена во роботско тело како Софија, психолошката когнација која сме ја креирале за Siri одеднаш се променува бидејќи истата станува антропоморфизирана. Би рекла дека најпознатата анологија е со филмот "The Wizard of Oz”, каде ни изгледа дека волшебникот може да ги слушне и разбере неговите посетители и да разговара со нив на интелигентен начин. Но потоа гледаме дека волшебникот е контролиран од човек кој вели: "pay no attention to the man behind the curtain". Слично е и со роботот Софија која е контролирана од луѓе кои се наоѓаат „зад завесата“. Исто така, познат факт е дека Софија претставува првиот робот кој се стекнал со државјанство од Саудиска Арабија. Иако ова може да се перцепира како интересно и футуристичко прашање од правен аспект, сепак сметам дека една од главните мотиви за одобрувањето на државјанството е само дел од пошироката PR кампања за диверзификација на нафтената економија и привлекување на технолошки компании во Саудиска Арабија. Додека AI/Robotics се базираат врз математичка логика, луѓето се базирани врз посебни биолошки процеси кои роботите и AI можат само да ги симулираат, но не и да ги дуплицираат. Луѓето кои примарно работаат на AI, на одреден начин го програмираат човештвото и неговите севкупни карактеристики. На тој начин, луѓето кои се плашат дека AI ќе го уништи човештвото и ќе го преземе светот, во суштина се плашат од самите себе како човечки суштества и нивните најмрачни страни, особини, мисли и систем на верувања. И ова не е ништо ново, со оглед на фактот дека човековата историја изобилува со мизантропски и деструктивни дејствија. Инаку, во врска со вештачката интелигенција, скоро прочитав една интересна вест за тоа како AI само за помалку од секунда успеал да го реши т.н. "Three-Body Problem", кој инаку досега ги збунувал астрономерите. https://www.livescience.com/ai-solves-three-body-problem-fast.html Со други зборови, истражувачите решиле да видат дали нервна мрежа - вид на шема што ја препознава A.I. која лабаво имитира како работи мозокот, може да постигне повеќе. Алгоритмот обезбедил прецизни решенија до 100 милиони пати побрзо од најнапредната софтверска програма, позната како Brutus. Нервните мрежи мора да бидат обучени со добивање на податоци пред да можат да направат предвидувања. Тоа значи дека истражувачите морале да создадат 9.900 поедноставени сценарија поврзани со горенаведениот проблем, преку Brutus.
Технолошкиот напредок на никого нема да му смета ако се спроведува внимателно. Ова со роботи како Софија е брзање.
Не ме интересира луѓето да биделе вечни..Тоа е неприродно. А и какви луѓе ќе бидат тие во иднината програмирани и водени од други? Ние можеби нема да го доживееме тоа и подобро зашто ми звучи болесно. Имам многу да зборувам на оваа тема али подобро да не се замарам.
A што со останатите роботи? Ако немаат фенси трепавици, може да ги дискутираме? https://reporter.mk/zagovor/zagovor...da-ja-zbrishat-tselata-chovekova-populatsija/