Има друг тип на xiamo и по тоа што прочитав податоци за оваа добра ќе е. Се зависи дали и какви теписи имаш.
Имам само еден тепих и тој не е од бушавите туку од тенките теписи. Мислам дека нема да му биде проблем да го усиса и него
Штом не е од бушавите нема да е проблем. Само сметај ако имаш високи прагови на вратата нема да може од соба во соба да оде сама. Ама и за тоа има решение, ќе ја дигнеш и преместиш во која соба сакаш да смука. Само кругот не и базата
Дали некој ја има оваа правосмукалка, дали сте задоволни? Многу е намалена во сетек, а одамна се мислам за шаоми па сега се премислувам
Искуство со dreame f20? Или било која серија на овој бренд? Може и препорака од искуство за робот правосмукалка во ценовен ранг до 25.000.
Имам (кратко) искуство со Dreame D20 Pro Plus. Задоволен сум од чистењето, а џогирањето е онака, океј, ама уште пред да го земам знаев, бидејќи не ми треба за џогирање. Дури и тепихот (делумно бушав) без проблем го чисти ама за него го пуштам уште еднаш посебно на најголема моќност, само тепихот. Би го оценил: чистење 8/10, џогирање 4.5/10.
Предлог за робот кој нема да ака во комода и остало, а да чисти солидно. До 20 000 ден, повеќе не ми се дава а и некако не верувам дека ќе чисти асално ама за денови кога не стигнувам да подзавршува работа.
Роботот во последно време не ми вшмукува добро всушност скоро воопшто не мети, некој совет ? Roborock Qrevo Edge
Xiaomi s20+, лично сум задоволна и кога го купував беше 19.000ден, сега гледам имаат извадено нови модели појаки во поглед на моќност на шмукување од овој модел и движат околу оваа цена.
Една познаничка зема Xiaomi H40 со постоље за собирање на ѓубрето , со обнова на договор преку А1 , и задоволна е од чистењето и џогирањето
Па ниеден не се удира во комода Мојот е Шаоми С10+, веројатно има и понови модели сега, толку околу 20 000 го земав. 2+ години го имам, презадоволна сум.
Денес бев да си купам робот нешто понов модел на Xiaomi од тие што ми предложивте околу 20 000 ден, 15 000 моќност на вшмукување и дечкото што беше таму ми вели играчка да не купувам од 20 000 ден, него да си земам нешто над 30 000 ден. Почна да ми покажува некои од 40,50 000 ден што јас за робот не сакам и немам намера да ги давам. Ај тоа него ме одврати да купам со тоа што ми кажа дека за тие 100 квадрата за да ми ги исчисти треба на 3 пати да ја полнам. Што значи една соба па на полнење, друга соба пак на полнење и така. Ако е така теоретски шанси нема да купам, тоа не ми треба, јас сакам кога ќе чисте се наеднаш да исчисти. И како тоа на 3 пати ќе се полни а пишува 180 минути трајност. Вистина ли дека за еден спрат ќе ми треба толку полнење или дечкото си немаше врска. Се изнервирав и си излегов. Немам намера 100 квадрати една недела да чистам.
15000Pa e добра моќност, мојата е 16000Pa,плус цело време е на полнач оклучена и никогаш не се десило да се испразни на сред чистење. Тоа 100квадрати ти е сигурно целиот простор, но делот за чистење што треба да го помине е помалку. И мојата куќа е 100квадрати( без вц нека е 85-80квадрати) па ми се случило да ја пуштам сите соби да ги чиста наеднаш, па не се испразнила и да неможе да го исчисти на прва. До душа многу ретко ја пуштам да ги мине сите соби заедно. Најчесто секој ден е дневната со кујна, а преку 2 или 3 дена спалните со ходникот. Е рачуни ако ја пуштиш сите соби на еднаш да ги мине сигурно 1час ќе биде може и повеќе. Ама ти раат си, си тераш друга работа
Која цена е, не ми се дава поскапо од 20 000, имам стик и плус две на кабел што влечат оваа ми е повеќе кога нема да можам да фатам кога ќе сум кнап.