Јас сум презадоволна од мојот, не чистам 100м2 ама 45 х2, не се празни ни до пола. Не знам зошто ти рекол "играчка", мене мојава играчка ми усисува, јас само џогирам бидејќи тој само со вода џогира.
Не знам, и јас се зачудив, баш ќе прочачкам искуства ама како и да е немам намера за поскап да давам.
Имате ли искуство со Ровус роботов? Исто го гледав Xiaomi H40, па се мислам. Фала! https://www.topshop.com.mk/product/rovus-robotic-vac-mop/
Xiaomi ти е појак. Ровус е со 1200pa, а xiaomi со 10000pa. Колку поголема Pa толку по јак е. Е сега гледам има и доста разлика во цената. Ако не ти е цената проблем xiaomi каде каде е подобар, за резервни делови јас од тему нарачувам. Само го пишуваш моделот на правосмукалката
Јас јa зедов Xiaomi S40 Pa 15000 како за почеток задоволна сум, викендот ќе ја пробам пак за целосен впечаток.
Зошто кога го пуштам ја поминува дневната, излезе во ходник помина, и наместо да продилжи во другите соби пак се врати во дневна по трети пат Некни го пуштив на кратко помина убаво цела дневна, дури и пред прозорци се мушна сега секаде помина таму не поминува. Некаде грешам а не знам каде, вака цел ден ќе ми чисти, дневната лижалка ја направи , за цел месец исчисти
Ај пробај соба по соба. Дали ги скенираше собите? Прво ги скенира па после тоа смука. Преку апликацијата можеш да ја проверуваш кој дел ти е исчистен
Почна, па после до ходник пак си се врати во дневна, цел ден ме пукна. Пак исчисти дневна и се врати на полнач. Се изнервирав и ја однесов во спална и таму не ги фати сите патеки. Утре пак ќе пробам да видам со скенирањето како треба, кај мене ја пуштивме и одма почна да чисти.
Проби види дали ги има скенирано собите, мапата како ти е на апликацијата. За да не се шета низ цел стан дури да и фатиш ред соба по соба пуштај. И мојата се шеташе како да биде на почеток дури да и фатам ред, и неколку пати мапите ги бришев на ново ја пуштав да ги скенира.
Здраво. Дали на xiaomi s20+ можам да мапирам соби од два спрата ? Дневната и кујната ни се на еден спрат, а собите ни се на втор спрат ?
Ги мапираше собите, па спалната не сака да ја исчисти само до врата влегува а кога ја мапираше убаво си влезе скенира. Не знам што и е проблемот ќе пукнам додека и најдам финтите.
Пробај на две различни мапи. Мапа1 и мапа 2. Не сум пробала, ама имам на пример во мапа 1 еден дел од куќата и во мапа2 друг дел од куќата.
Пробав неколку пати, бара да се бара на полнач а наполнета исчистена.. Денес пак ќе ја масирам да видам што мака има
Ако не сака и денес, јас кога ми забушава ќе ја дигнам и рачно ја носам во собата, и ја оклучувам преку копчето на неа, од кога ќе заврши на копчето за да се врати во кукиштето. Имај на ум дека може на почетна мапата да ти се измести, ама ништо страшно и тоа се мести пак да ти биде по старо
Исто и мене ме интересира за Xiaomi H40, треба ли со се куќиштето да ја однесам првиот пат да скенира, нонстоп ли ќе треба да се носи ?
Ако џогира и куќиштето се носи за да земе нова вода и да ја исфрли старата. Мене барем логично ми е така. Јас само долниот спрат го чистам со роботот, на секое не ми се префрла нагоре надоле.