Искуство со овие правосмукалки: https://www.neptun.mk/categories/ROBOT_Pravosmukalki/ROWENTA-RR-7877-WH https://www.neptun.mk/categories/RO...3_aBPoWq0AuhmSssu_BJIym7W3oRf9z7uZY8CEFuwThy4 https://www.neptun.mk/categories/RO...tecdQjbGniEGc5I6Gjd9NC5Ef3G5Qj4G_Fzd0BLxHbGJM Таа ровента според цената би требало да е најдобра, дали некој користи да сподели искуство?
Здраво. Се надоврзувам на тебе дека гледам ги знаеш опции е за xiaomi, јас ја имам s10 и сум задоволна како собира, но некако не ја гледам да мопира. Ја пуштам и на најако и баш проаѓам со прстите позади неа кај што поминува и суво е. Дали јас нешто грешам или ...?
Дали имаш вода во канистерот? Дали ти е уклучено џогирање во апликацијата? Таму имаш опции за секоја соба посебно да наместиш дали сакаш да џогира, смука, двете заедно и да одбереш со која јачина да го прави истото.
Се е подредено како што треба . Последно приметив дека пушта малку вода но како една тенка линија позади него, не се познава целата крпа кај што проаѓа
Не знам, навистина. Кај мене се е во ред. Дали користиш дестилирана вода? Или да се јавиш во сервис, па да те упатат они.
Си помислив нешто да не им е утка серијата. Гледам сега се 14.000 а јас пред неполн месец ја земав 20.000
Таман работа да користи дестилирана вода, боље чистачка да си плати. Туку намокри ја крпата, да не е сува..јас така и правам и супер е мојава.. Баш с10 ја фалат дека е со подобри функции. Искрено не можеш да очекуваш дека џогира како ти со џогер ама за површно е океј.. Има боље серија од неа с10плус мислам што има како рачиња и многу добро џогира..
Па, не знам... јас дестилирана користам, 3 литра од макс 100 денари ми трае месец дена, може и повеќе, а секој ден чисти Буби Не се става којзнае колку вода и не е некој трошок страшен, а може да и го продолжиш рокот на правосмукалката.
Здраво. Ми треба препорака за робот правосмукалка за куќа со 120м2 површина. 70% е паркет (не ламинат) а 30% е плочки. Ми треба многу добро да џогира, а не само да усисува. Фала ви на сите предлози
Моето искуство со робот правосмукалка заврши. Имав Xiomi и пред пола година ја огласив и ја продадов. Ако имате отворени големи соби кои немаат многу намештај тогаш може да ви користи. Нашиот стан не можеше да го исчисти сегде и тоа ме нервираше. Најчесто го користев за дневната соба и ходниците каде има поголем простор, но во спалните соби не можеше да влезе сегде, собите се мали и заради намештајот навистина се мачеше да пристапи во некои сегменти, главеше таму подолго и на крај не ги ни проаѓаше. Второ ако треба да преместам ствари пред да помине, не ми треба, сама ќе си поминам. Пр. за под трпезариската морав да ги тргнам столчињата за да исчисти убаво. Ме нервираше што останува неисчистено под каучите, туку е само околу нив...се осеќав како да не ми е исчистено. Крпата не ја користев во некои соби зошто имаше теписи, само во дневната и ходниците каде што немав теписи, а во собите сама бришев. Така да секоја работа од неа ми се чинеше дека е половично завршена. Секогаш ја надгледував зошто еднаш во детската соба додека чистела паднала маичка од закачалката и ја потфати со четката и по звукот препознав дека нешто не е во ред и дотрчав. Ќе ја прегореше... така да немав доверба да ја пуштам кога не сме дома или кога не сум во истата просторија. Генерално се осеќав како јас да работам за неа, а не обратно.. Ако имате чисти простори без теписи тогаш земете си, во спротивно не ви препорачувам. И кучето многу се плашеше од неа, повеќе отколку од обична правосмукалка. Морав да го чувам до мене додека работи, зошто ја бркаше и лаеше и и го сечеше патот, па таа го регистрираше како пречка и не чистеше во тој дел.
Препорачајте ми некоја робот правосмукалка повеќето од површината ми e паркет и ламинат И да не е многу скапа некоја со пристапна цена
Имав Mi Vacuum mop 2, скоро 2 години купена од Солун. Се беше супер ја утепав од користење, на 2 или 3 дена,некогаш на 4 дена ја пуштав и стварно топ ми средуваше. Многу ретко палам обична правосмукалка,само за некои делови. Ама па се расипа и ја однесов тука кај нас на сервис во раде кончар управната зграда имаат овластен сервис, рекоа дека и се расипала матичната плоча и дека немаат они делови, а и да имаат ќе кошта колку нова. Е сега бидејќи многу се навикнав на роботот и супер ми вршеше работа решив да купам нов.Земав Mi vacuum S10,па ќе видиме. Инаку гаранцијата е 1 година. Ги фалат IRobot многу ама некако 65000ден р превише мислам,некој ако има да сподели искуство нека пише. За роботот S10, пишува дека крпата треба да ја намокриш пред да ја ставиш за да помине со мокро.Резервоарот за вода е мал,па може затоа само линија ви остава мокро.
https://www.topshop.com.mk/rovus-robotic-vac-mop Имате искуства со овој робот, како сте задоволни? Ги гледав и Xiaomi ама не знам за кој да се одлучам.
Има ли некој искуство со Mi Mop s10, за простории со теписи, препреки, влакна од миленици и слично, значи не празни соби.