Јас ја имам с 10 и сум многу задоволна. Јас ја мокрам крпата пред џогирање и многу поубаво чисти така.
Благодарение на @Femina идам и јас во клуб на роботизирани. Ама денојве толку ми се активни и надвор од дома шо немам време да седнам и салам ни инструкции да прочитам, ни да мапирам ни ништо. Едино шо сакам да прашам е, вода се клава само ако сакам да прска, при џогирање? Или и за вшмукување?
Можеш без вода. Вода се става ако сакаш да џогира, инаку не. Користи дестилирана вода, за да ти трае подолго. Ќе си подесиш во апликацијата дали сакаш да џогира, да смука или и двете.
Фала! Само ова ми беше дилема оти сегде вика таму оди вода, нигде не можев да најдам дали има опција за без. А, не ми беше логично за само шмукање да е со вода.
Јас мојава колку пати сум заборавила да и ставам вода па смука и џогира без т.е не џогира пошо нема вода, ама работи.
Ja зема? Ја сакам и јас оваа, ама во сетек ми ја снема на залиха, и на страната на увозникот ја нема. Мислев ја снемало секаде. Ќе идам и јас до Нептун
Не, на акција е, јас во Нептун Кавадарци гледав, имаше на залиха некња јас си ја купив на попуст, ама вчера веќе се беше испродадено заради акцијата..
Здраво, дали некој од вас го користи овој модел и како е задоволен? И што мислите за оваа цена дали вреди? Јас имам дајсон и супер врши работа ама сакам и ваква да земам да одржуваме чисто постојано. Секој совет е добредојден
Јас ја имам xiaomi robot mi vaccum s20 + и убаво ми збира на тепикот, но мојот не е бушав и со високо влакно. Се зависи какви ти се
Тепихот ми е стндард обичен,ако собира како сорачен аспиратор тогаш е топ,и во ходник имам и секаде зимно време?
Ќе ти одговара. Далеку се подобри од аспиратор, не се споредуваат. Се убацувам зошто и јас имав иста марка (друг тип) и собираше убаво на теписите. Јас го продадов мојот одамна, ама не зошто не бев задоволна како собира или заради квалитетот, туку зошто не ми одговараше на просторот што сакав да го исчисти и ич не го користев.