Здраво, дали некој што има Xiaomi робот правосмукалка може да ми помогне? Купив Xiaomi s20, инсталирав Xiaomi home, секој чекор го следев, упатство прочитав, гуглав, милијарда видеа на YouTube изгледав и не можам да најдам решение како да ја конектирам правосмукалката со апликацијата. Се префрлив на 2G, рестартирав телефон, нема шанси да се поврзат. Имал ли некој сличен проблем и како го решил? Ви благодарам.
Па да, го знам тоа, на wi-fi и пробував, и рутерот го рестартирав за секој случај, неуспешно, не можат да се конектираат. Сите постапки ги следам, стварно не знам што би бил проблемот. Од понеделник да пробам од техничка поддршка да ми помогнат ако знаат.
Немам робот правосмукалка, ама од други уреди ми правело проблем ако пробувам на 5 GHz. Ако пробуваш на 5 GHz Wi-Fi, да пробаш на 2.4 GHz?
Чудно. Види при поврзување да не креира Wi-Fi хотспот правосмукалката па да треба на кратко да се поврзеш рачно на тој хотспот па да се вратиш на домашна мрежа. Пробај со друг телефон, ако не сака ни со друг, пробај да ја ресетираш правосмукалката па пробај одново...
Ресетирање на wifi на роботот. Прво тоа па се друго. Јас прво ја вклучив, па пробав преку Xiaomi home да ја конектирам. Но, прво требало ресетирање wifi на самиот робот тогаш од прва ми успеа. Има инструкции како се ресетира во самото упатство. Јас не обрнав внимание на ова.
Што мислите која од овие две е подобра? 1. https://www.neptun.mk/categories/ROBOT_Pravosmukalki/ROBOROCK-Q5-PRO 2. https://www.neptun.mk/categories/ROBOT_Pravosmukalki/XIAOMI-MI-VACCUM-S20--BLACK
И јас се двоумев меѓу овие две, па на крај се одлучив за Xiaomi S20 бидејќи според многуте рецензии што ги читав и гледав на YouTube, Xiaomi добро вшмукува и добро џогира, за разлика од Роборок, кој добро вшмукува, но наводно не го бива баш за џогирање. Значи ова се моите сознанија, најдобро ќе ти каже некој што има роборок. Јас од Xiaomi сум задоволна.
Роборок има подолго траење на батерија (240 мин), поголем резервоар за прав (770 мл), понапредна навигација и истовремено вшмукува и џогира. Шаоми има поголема вшмукувачка моќ и најверојатно подобро џогира. Значи, се зависи од тоа што ти е поважно.
Добра е, трга влакна ко "неарна" дур ми иди на кревет да ја качам, песокта не секогаш успева цела да ми ја собери. Можиш да подесиш колку да трга, колку да прска и дали да прска. Се поврзва со апликација. Лично вечерта ја празнам, сабајле дур се расонвам преку телефон ја пуштам и нозе на чисто да пуштам.
Исто и за оваа ме интересира, не ми се инвестира многу затоа што незнам колку би ми била од корист и дали вреди да си пукнам 500е за робот.
Не знам, јас и само еднаш ја пуштив да прска. Стациониран ми е во една соба. Можам ако сакаш да ти пратам во ЛП скриншот од апликацијата.
Мислам дека јас ја имам оваа, според цената. Ја земав 8500 на попуст од нептун. Разликата со поскапите е како што ми кажа девојчето во Нептун е типот на сензори, оваа е малку "потрапава" од поскапите и може да и треба малку повеќе време да се снајде со повисоки пречки и општо во просторот. Инаку многу добра работа е, одржува чисто секој ден ако ја пушташ, пречки, прагови, теписи до 2 цм поминува. Има и опција за џогирање со вода. Вреди според мене, откако ја имаме многу помалку чистиме со обичната.