Кажете ми од која робот правосмукалка сте задоволни, па ако и плус џогира супер. Да се потроши некоја пара за Black Friday треба ли?
Маж ми за роденден ми го купи пред 2-3 години и од тогаш ми е најдобра другарка и џогира и собира прашинки https://mi-store.mk/product/xiaomi-robot-vacuum-e10/
Да се умешам На овој сум му намерачена Ке го изчекам за бек фрајдеј да го намалат Сеа е 32.000 ден у нептун на сликава е у медиамаркет околу 370е РоброкQ5 Поскап е ама неможе да се рамне со овие поефтините
https://mi-store.mk/product/xiaomi-robot-pravosmukalka-mop-2-pro/ Црна имам, собира и џогира ама знае да заглави негде да се упика. Не сум мн љубител искрено не е тоа тоа, собира на плочки и таркет ама на тепих не баш, и ќошови слабо. Нешто ако детектира пример завесата и ако има каде да помине, она не проаѓа, мн е паметна. Имам и стик правосмукалка е тоа више чисти баш. Ако станам да исчистам.
Сакам нешто за онака да поминува секој ден, а нормално за подетално мора женска рака да помине сеа ја земав од сестра ми Е5 да ја пробам, океј е собира колку толку и е од поефтините на шаоми (окилу 6000), ама па другите што се по 12000 гледам 150% посилен мотор имаат и се мислам дали се исплати, или добра е и оваа за 6 чисто за да поминува
Јас за спална доле под кревет ја користам поминува, исто во детската, она како прашина што се прави од алишта го собира и џогира. Тоа и трошки. Ама мене ме нервира што ете заглавува треба да дигнеш столици кај масата трпезариска, имам на островот две шанкерки, па све остало од папучи, кабли од полначи све треба да се расчисти за да не заглави негде. Ние 27 ја зедовме и уште е цената голема 23 е сега со попуст, јас ја имам скоро 3 години. Најлесно беше кога немав мн мебел на почеток.
Јас од овој сум задоволна за усисавање, ама џогирање е влечење крпа реално, не може нешто засушено да го извади, иако ставам и од средството на Роборок што е специјално за џогирање. Ама помага многу. https://www.neptun.mk/categories/AP...I/ROBOT_Pravosmukalki/ROBOROCK-Q5-PRO---BLACK Едит: сега видов @ALISA0000 за истиот пишала.
Сите 3 ти се различна филозофија и според мојот ум сите 3 се потребни Роберта е за муж зошто стикот и роботот му се многу комплицирани. Стикот е за дневна шема после готвење или диплење алишта, а роботот е за договорено одмарање или шетање
Јас имам и робот и Dyson V8 ама сум позадоволна од дајсонот. Како што рече Лејди, ако немаш многу мебел, тогаш роботот е океј, ама иначе само се удира во мебелот, знае да заглави на кабли, или на завеса... некогаш дури па и на нерви ми иде што само бучи толку време а не собира баш све. Вака Дајсонот е лесен, има доста додатоци, собира добро, барем за сега, го имам некои си 5-6 месеци, и лесно се празни корпата. Единствена маана е што ако се користи на turbo power mode батеријата не трае многу долго.
Моето искуство со робот правосмукалка е дека дреме една година неуклучена. Супер е кога бебе е мало и ќе искочиш па таа ќе си заврши работа освен ако не се заглави во нешто, ама после кога ќе има играчки на сите страни повеќе време губам да раскренам се за да усиса она наспроти сама да си усисам. Позади врата секако не може да помине и некои заебани ќошиња. Мој совет е стик правосмукалка.
Се согласувам, баш сега гледаме со мм да купиме некоја подобра безжична стик правосмукалка иако имаме робот. Имаме и некоја ефтина стик со кабел ама и тоа е замарање со кабелот. Роботот го пуштам ептен дека и со куче па цело време се митари ама само се заглавува и чука некаде и предолго му треба да исчисти, во модот со крпа за џогирање уште потромав е и повеќе се чука
Шаоми е мојата Љубица. Шо модел врска неам, од тие шо џогираат Мене ми требаше најбитно да собира влакна Зш 2 жени и мачка у еден стан Оваа и по тепих се пентари и баш убаво го чисти
Ако е меѓу двете земи си Дајсон, ги имам двете и роботот највише сега заради бебето го земав оти од неа не можам да стасам секој ден да минам, а лази и мора да се собираат трошки и влакна . Ама роботот е само под додека со стикот и пајажини и кревети, столици, се усисувам. Попаметна инвестиција е Дајсон, на блекфрајдеј од странство го земав и јас пуштаат добри понуди.
Јас купив ама додека не ги сменам теписите џабе е. Повисоки се се качува ама заглавува на влакната. Така да шаркот кај мене не ми бега.
Ние имаме робот правосмукалка и искрено го користевме пред бебе секој ден, еднаш неделно само правев генералка, куќава секој ден ми беше чиста. Сега со бебе од 11 месеци нема шанси да го пуштам, ми требаат два часа само да раскренам се што има долу. Барам сега стик правосмукалка за блек фрајдеј да си земам. Луѓе дали јас се навикнав или не знам што е работава ама една недела не ми е пројдено со правосмукалка и не ми смета тоа, претходно не можев да јадам ако не е исчистено. Битно ми е бебка да е најадена, одморена, чиста и наиграна. И оваа мајка малку да одмори
Јас имам Дајсон стик и робот на Ми х20 про. Прво купен е роботот, и џогира плус. Го пуштав секој ден, ама 1-2 неделно поминував и јас со обична правосмукалка. После си зедов Дајсон стик и го видов Господ. Ништо друго не ми треба. Роботот седеше дома така година дена, и во канцеларија е сега транспортиран. Дајсон стикот е многу практичен.