1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Робот правосмукалка

Дискусија во 'Дом' започната од Tinushka, 16 февруари 2022.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    13.765
    Пол:
    Женски
    Што е финтата со Дајсонов, што е толку посебен? Има некои одредени програми или?
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.930
    Допаѓања:
    11.080
    Многу е моќен а е лесен и бежичен. Има еко, ауто и турбо, јас само на ауто 2 години више го користам. Моторот е целата работа. Други безжични стикови (поевтини) имам пробувано не влечат толку. Дајсонот влече на ниво на Шарк онаа огромната од Топ Шоп што беше на времето. Не влечеш кабли, црева. Плаќаш за олеснувањето реално. А и со папучата со ласер гледаш до најситна прашинка кај си фатил кај не.

    Ама, големо АМА, за стан или еден спрат е супер, за голема куќа не, не стига батеријата. За простор со многу и големи теписи исто не мислам дека е паметен избор.
     
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    10.045
    Има супер моќ на вшмукување. Купив беко јас стик што џогира за стан што го рентаме на букинг, ама пример е многу потешка на рака и без делот за џогирање кога е. И дајсонот поубаво ми чисти. Станот ни е 72 м2, јас 2-3 пати го поминувам со едно полнење на Дајсонот.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Може да споделиш која беко ? Дека јас се мислев за оваа наместо дајсонот (прескап ми е) https://www.neptun.mk//categories/STIK_Pravosmukalki/84113103-BEKO-VRT-97325-VY
     
  5. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Машки
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Па неколку има ама повеќето се дупло од оваа
     
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    10.045
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    8.425
    Пол:
    Женски
    Јас имам робот правосмукалка на Xiaomi и е нешто најдобро што ми се случило:DУсисава, џогира, сама си ги пере крпите, си ги суши, сама си ја усисува прашината од контејнерот и ја складира во ќеса, има опција да ја чистиш, практично пак сама се си прави. И навистина чисти. А јас сум перфекционист.

    Единствено што морам се да дигнам од земја, тоа е маана. Но, генерално, можам да си лежам додека таа работи. Собирав доста искуства, читав доста и Xiaomi испаѓа дека има доста голема усисна моќ за цената. Дури и дупло поскапите не беа толку моќни. И ако сакаш да инвестираш во себе, само со куќиште, без, пак ќе се мачиш.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.314
    Допаѓања:
    185.903
    Кој е моделот и цената?
     
    На anggell и MariaBouli им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    8.425
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам кој модел е, или е 20про или 20+. Јас го земав околу 420-450 евра. И тоа не се сеќавам. Но, во МК не знам колку е. Само знам дека разликата беше не толку голема од обичен робот без куќиште и со куќиште. А куќиштето уствари е тоа што премногу помага. И плус на Тему имаш резерви, за 20 евра и ќеси и џогери и четки и контејнер се имаш и тоа по неколку:D