Слики од роденденски торти Девојки ве молам да ми дадете неколку идеи за торта, на 15 декември ми е роденденот и немам никаква идеја барам на интернет и неможам да најдам, 18ти роденден ми е.
Секогаш сакам домашна роденденска торта и со мајка ми нон стоп се карам кога ќе ми каже голема си веќе, не се радуваш како порано. Како бе не се радувам?! Мајка ми е голема мераклика. Се некои чуда спрема и ужива во тоа. И знам, скоро секоја мајка и баба сака да прави торти и знае да готви, но мојата е е малку чудна. Тоа и е наследено од баба ми (за другата признавам дека нема појма од готвење, освен за 3-4 работи) и што би рекла она, до фатот е. Кога бевме мали ги правеше најубавите торти. Човек да земе и на натпревар да ја прати. Дебело кафено мече со панделка, барбика торта, клавир, куќа, книга за прв школски ден и така натаму. Па се нешто ги тинтраше, дотеруваше. Кога ќе се заиграше и немаше крај, како мало дете. Значи, иако преферирам домашна торта, на 18тиот роденден почастив на забавата со купечка од Крин. Највкусната купечка торта. Не го знам името, но има карамела и цели лешници. Њам.
Слики од роденденски торти Тортите за роденденот на ќерка ми, од првиот до петтиот роденден ги има украсувано мајка ми и можам да забележам дека секоја година е се понапредна во умешноста. На едната фотографија, малку забришав, за да не се чита името на ќерка ми. Еве колку е креативна: