Итно ми треба некоја слика како да ја декорирам тортата на син ми која скаме да биде на 2 спрата и најодозгора камион да направиме со тортата. Ве молам за идеа помош.
Дали знаете каде можам да најдам природни прехрамбени бои за торта или барем да ми кажете како се викаат за да побарам?
Пишав во рецепти за торти ај и тука, за роденден на малата сакам да и направам торта не многу голема онака со два три ката,ама не ме бидува многу за декорација па сакам помош од вас. Како да направам убави украси? Како да направам или да најдам боја за шлаг? Каде да барам украси за торти?како цветови во боја,панделки,некои фаци и сл... Ајде пишете и идеи како правите вие и како да направам јас некоја идеа. Благодарам
Еве една лесна детска декорација- Топчињата се прават од смеса за бомбици (можеш сосема обишни со бисквити, шербет, маргарин и ако сакаш може да им ставиш суво грозје, чоколада и слично.) А одозгора се премачкуваат со шлаг или се прават со фондан, ама јас кога би ги правела за мене би правела со шлаг, така ми е повкусно. Бои за торти има во сите поголеми маркети, има само во четири бои ама потоа ти со мешање на тие бои си ја добиваш нијансата која ја сакаш, таму исто така има и пообични украси како цветови и слично. Очите, устата и носот на црвчето може да се направат со бони топ или некои други детски бомбони. Е сега би те советувала наместо шлаг да си купиш слатка павлака таа некако е поцврста и поубаво изгледа на тортата. Позз и кога ќе ја направиш стави слика да видиме како испаднала може?
Да, мојата кума имаше торта од слаткарата Ханибал за роденденот на малата. Тортата беше преубава и на вкус и на изглед. Многу убава декорација со онаа шеќерна маса, до детали ептен се гледаше дека е вложено труд во неа. Два вкуса имаше дека на два спрата и беше, пробав од двата и беа фантазија..Здравје за првиот роденден на синко, планирам и јас од таму да порачам.
Дечки, каде го има онлајн менито со торти на О ла ла? Минатата година имаше на сајтот, ама сега гледам неактивен е. И дали се' уште ја има онаа торта со три вида чоколадо и сникерс?