Во последно време нарачувам од Four Team Friends. Имаат предобри колачи и торти. Составот им е премногу лесен на вкус буквално лапни-голтни, не од тие вообичаените тестести торти. Последно ја земав оваа:
Имаат ли вебсајт или фб страна кај што може да се погледне составот на тортите и цени? Оваа на сликата ептен убаво изгледа.
Да да имаат, еве ги на инстаграм: https://instagram.com/fourteamfriends?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Ф'стак и малина ми е омилен вкус. И еве уште една што ја нарачав од кај нив а составот и е баш ф'стак и малина а еве ја од внатре (на брзинка сум успеала да уловам фоткава), тоа кажав не е класична тестеста торта. Ако некој проба пишете импресии
Леле, немам инста, затоа барав фб. Имаш ли нивно бројче, јас конкретно сакам овошна, лесна торта - со јагоди, ананас, праска... Не сакам малини и вишни.
@Anika55 ако имаш време и ти се наоѓа нешто при рака. Дај некој рецепт за средно лесно ниво тортуле да пробам да направам за прв роденден. Се снаоѓам горе долу со печење и слично, ама во последните години немам ништо направено, а некако и со време сум ептен во тесно. Така да, подобро е да не е нешто што се прави со денови. Замислата ми беше нешто три пандишпана, и некој фил. Дури се мислев ганаш крем, оти најбрзо е. Или некој стандард јајца, путер, млеко, пудинг. Ама отворена сум и за други идеи. Па некоја декорација. Е арно ама ни еден рецепт не ми текнува што ќе е сигурен. На крај може и ќе купам . Ако имаш нешто на ум што ти паѓа, благодарна ќе сум .
Со роденденски торти ич немам искуство. Прво што ми паѓа на памет е Бел Египет, торта што мене ептен ми е по вкус. Не е тешка за правење, не бара некои вештини, ама време одзема. Еве го рецептот по кој јас ја правев Само ова е за мал калап. За 26 калап пример, рачунај дека сигурно треба дупло. Има и доста видеа и верзии, еве едно: Друга торта, сличен стил е Боем торта. Лесна за правење, класична, торта за сечиј вкус. Јас по овој рецепт ја правев: А ако сакаш да импровизираш, со нешто ептен лесно за правење, а вкусно, можеш да направиш класична торта со пандишпан ама со "чизкејк фил" наместо ганаж. Маскарпоне, слатка павлака и стопено чоколадо. Маскарпонето дава ептен кремаст и богат, полн вкус, слатката павлака додава малку повоздушеста структура, зашто само маскарпонето со чоколадо е потешко за јадење и се лепи многу на заби и непце. Може и нутела наместо чоколадо, сецкани лешници.. Комбинација еден слој со млечно чоколадо, еден со темно, еден со бело..
Помина роденденот. Се одлучив за лесна овошна торта. Најобичен пандишпан, "желе" од боровинки и фил од кремсир, млечна павлака за матење и путер. Им се допадна на гостите. Не правев ни деко, изгледаше прилично ок и "гола". Твоите предлози се убави, фала ти ќе ги испробам понатака за некои поводи. Спојлер: Тортуле
Тортата изгледа прекрасно, многу убаво склопена. Според составот, сигурна сум дека била одлична и на вкус. Среќен прв роденден
препорачајте вкусна торта од шарлота, сакам да порачам за роденден на син ми, се мислам за таа малина, чоко малина или дипломат.кој диаметар е на пример торта од 30 парчиња, и која висина?