Каде има цена, за кој профил ми кажуваш? Bento cakes им е називот општо на маливе торти, сум видела мали бизниси што прават вакви торти и така некако и се пишани ама уште не сум одлучила од кај да порачам, се мислам. Во Делициа гледав на слики на инста вака помали торти, се мислев за од таму дали да порачам? Некоја препорака од кај што сте земале и ви се свиѓала исто така прифаќам, затоа реков тука прво да прашам. За подарок сакав да земам за другарка во кафич да и однесам, неколку луѓе ќе сме само, ќе ни биде таман ваква тортичка.
Bento baby cakes ги имам прашувано пред Нова година, 600денари беше цената. А која ја прашав колку парченца се од прилика, не ми одговори конкретно, пиша само за две лица
Лаза ти кажува за профил на инста, bento baby cakes се вика и таму се 900ден, баш прашував пред 2 месеци. Искрено пре малечки се тортите, тоа не верувам дека е за двајца. Јас си нарачав округла со 11 12 парчиња од Ве микс, чоколадо со вишна. Изгледа исто како bento ама нешто поголема, за мене и сопругот беше, и ич не згрешив, најадени а ми се исполни желбата да е bento тортичка. Ме чинеше 550ден.