Другарка моја за свадбата имаше слична ваква, само во друга боја. Многу беше вкусна, уствари вкусот си го бираш сама, има страчатела, чоколадо, ванила, овошна...а декорацијата одозгоре е посебна, нема врска со вкусот.
Глазурата што ја ставаат на тие торти што изгледаат пластично е локумизирана. Прилично е дебела глазурата и тешко се сече таква торта но мене ми се омилени, многу убаво изгледаат. Главниот состав може да биде било каков, како било која торта, само што наместо шлаг одозгора, се става глазурава која всушност се јаде но мене лично не ми е баш вкусна, но затоа лесно се одделува од тортата и може да се тргне на страна да не ја јадеме
се е во ред многу топ торти има но едно прашање од мене еве ми се ближи роденден а ми се допаднаа неколку каде можат да изработат вакво нешто интересно. плс помош
Дали може да ми постирате слики од некоја интересна торта, бидејќи за роденденот од дечко ми ќе му правам торта а немам идеја како да ја украсам. Само да не биде како пластична.
http://4.bp.blogspot.com/_Z8mwJp4iSOo/S ... thday_cake. Дали постои некој на кого нема да му е гад да ја изеде тортава
Devojki pomagajte!!! Na decko mi mu e rodenden sakam da mu napravam torta ama bidejki on posti toa da bide posna torta. Ako znaete recepti pisete i da bide nesto polesno za pravenje bidejki ne sum bas vesta vo pravenje torti Odnapred blagodaram
Посна торта од јаболка (*** без масло ***) 5-6 јаболка се лупат и рендаат, 20 лажици шеќер, 1 чаша ореви сецкани крупно, 1 пакетче гриз, 20 лажици брашно, 20 лажици вода, 1 лажичка сода бикарбона Се се меша и се става во тепсија. Тепсијата се мачка со брашно. Со остава да стои еден час во теспијата. Потоа еден саат се пече на 200 Ц и потоа температурата се намалува. Откако ќе се испече се попарува со шербет од 500 гр вода и 500гр шеќер. ________________________________________________________________ ПОСНА КАРАМЕЛ ТОРТА Посни бисквити „Златни пек“ 500-600 грама 3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал 2-3 супени лажици мармалад од кајсија Посно чоколадо „Краш“ 100 грама (за глазура) Крем: 400 грама шеќер 5-6 супени лажици посно млеко во прав 1 л. вода 3 пудинга од ванила „Подравка“ 200 грама маргарин „Кристал“ 1 ванила шеќер 200 грама халта (блага, посна) 2-3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено посно млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пења, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па да се продолжи. За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс). Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна уедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира. Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура. Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер. ________________________________________________________________ еве и една торта со мед 100 гр. шеќер + 1 чаша вода 1 лажица сода бикарбона 2 лажици мед 250 гр. шеќер 500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз) Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се става во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Оладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив. Пред печењето, во тестото може да се стават оревчиња,смокви, урми, суво грозје,суви сливи суви кајсии.
Нема проблем Еве ти уште еден рецепт , повторно од карамел е тортата Ако најдам уште нешто ќе ти пратам...мислам дека имавме уште Посна торта од карамел 250 гр. шеќер 250 гр. шеќер во прав 1/2 кг. брашно 1/2 л. студена вода 1/2 кг. мелени ореви 1 лажиче сода бикарбона 2 лажици зејтин 1 кесичка ванилин шеќер 2 штангли рендано чоколадо 1 лимон морско оревче Во сад на оган се става 250 гр. шеќер и се пржи додека не се зарумени. Се трга од оганот и му се додава 1/2 л. студена вода и се меша додека да се стопи. Во оладената течност се додава 250 гр. шеќер во прав, 1/2 кг. брашно, 1/2 кг. мелени ореви, 1 лажиче сода бикарбона, 2 лажици зејтин и 1 кесиче ванилин шеќер. Се додава малку стругано морско оревче, 2 штангли рендано црно чоколадо, сок од 1/2 лимон и рендана кора од 1 лимон. Калапот се мачка со зејтин и брашно и се пече на силен оган. Печената торта се превртува на чинија, се сече на парчиња и се служи. _____________________________________________ Вкусна посна торта 2 јаболки 150 гр.сецкани ореви 50гр. суво грозје 1 мала лажичка сода бикарбона 2 лажици мармалад 150 мл. масло за јадење 150 гр. шеќер, 150 мл. вода. Во тенџере на оган ја ставаме водата,во садот ги додаваме шеќерот и маслото, и мешаме. потоа ги додаваме сувото грозје, оревите и мармаладот. Содата ја мешаме со брашното и ја додаваме во тенџерето , го рендаме едното јаболко на покрупната страна од рендето и мешаме.Тркалезниот калап за печење го намрсуваме со маргарин, и ја истураме содржината.Печеме на температура од 170 степени 40 мин.Ја вадиме тортата во чинија. Преостанатото јаболко го сечеме на тенки полукругови, и ги прелеваме со сок од лимон да не потемнат, ги редиме во форма на венец врз тортата, непокриената површина на тортата ја наросуваме со шеќер во прав.