Оваа торта изгледа навистина вкусно.еве нешто и од мене Јогобела торта ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кесичка/ки Прелив за торта 200 грама Шеќер во прав 2 Округли кори за торта 3 Желатин 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер 150 грама Јагоди 1000 милилитри Јогурт 1000 грама Блага павлака Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 30 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Јогобела торта ПОДГОТОВКА: Во овошниот јогурт додајте ги шеќерот во прав и ванилниот шеќер, па измешајте. Изматете ја слатката павлака и вмешајте ја во јогуртот. Исецкајте ги јагодите па и нив вмешајте ги во смесата од јогурт и слатка павлака. Желатинот ставете го во еден сад со 60 гр. вода, па садот ставете го на оган со ниска температура за да се истопи желатинот. Внимавајте, не смее да зоврие. Истопениот желатин полека вмешајте го во смесата од јогурт, павлака и јагоди. Во соодветна тава ставете една кора па истурете го филот. Израмнете ја површината и ставете ја втората кора. На врвот наредете исечкани јагоди и полијте со подготвениот прелив за торта.
Афф многу сакам роденденски торти Еве неколку : http://intlxpatr.files.wordpress.com/20 ... ake_05.jpg http://mrsugarbaker.com/images/Rollover ... _Cakes.gif http://birthdaycakeparty.com/wp-content ... cakes4.jpg
На една другарка и' беше роденден и ние сакавме да ја изненадиме, па во кафичот и ја донесовме роденденската торта во форма на одбојкарска топка МИКАСА! Значи многу беше среќна, па затоа мислам дека ако сакате вие да ја купите тортата направете ја форма на нешто што славеникот мноогу го сака
Јас сакам да го изненадам дечко ми за роденден со некоја убава чоколадна торта...незнам да правам,па затоа сакам да му купам.... Каде можат да се најдат вака украсени торти во Скопје,ама и да се вкусни?
Во Kanela ми се најубавите торти , одиш си бираш форма и вкус и сторено е се , само малку цените им се малку повисоки