Знам дека постои една тема во Врски, ама ми треба предлог за подарок за братучетка ми. Полни 27 години и појма немам што да и купам. Се што ми паѓа на памет веќе сум го подарила. Очекувам предлози.
Роденденски подарок Е па убав долен веш, некоја книга (ако сака да чита), кутија за накит, убав накит, парфем итн итн... Можиш скоро се’ да и подариш.
Роденденски подарок Шал, марама, ракавици, кутија за накит, за книга не сум многу сигурна зошто ако не чита така дома ќе и стои, а ако чита огромна е веројатноста дека ја има прочитано ( барем мене до сега никој ми нема погодено книга )
Роденденски подарок Бидејќи е зима за мене идеален зимски подарок е марама, ракавици и некоја баретка/шешир. Скоро сегде ги има сите три стварчици, и докај 1000-1500 денари може убав комплет да и наравиш. Поевтина варијанта ти се плетени шалче, ракавици и плетено капче, јас пред некоја недела од Шутка си купив преубави бели шалче, капа и ракавички за 400 денари. Можеш и некоја туника, џемпер и сл. Исто можеш да и подариш и пакетче, доколку имате послободен однос, и доколку е личност која сака чоколади. Ем ќе ја изненадиш, зошто верувам дека не очекува таков подарок, ем ќе биде поспецифичен, ем вкусен.
Роденденски подарок Во чаршија кај што се златарите,има и продавнички за сребро.Има многу убави обетки(малечки) со сваровски камче. Има преубави модели а се движат околу 500 ден. Доколку сака ваков накит,има преубав избор за подарок. Потоа можеш убав паричник,во ферги има многу убави.
Помош !!! Наскоро и е роденден на мојата мајка сакав да и купам нешто на што ќе се воодушеви но повеќе не сум сигурна дека можам да купам нешто што навистина ќе и се допаѓа почна да добива скапи подароци како што е накитот на свароски, убави и скапи алишта и оригинални парфеми бидејќе немам свои приходи не можам да си дозволам ништо од наведениве па ве молам за помош веројатно ви изгледам како хистерична тинејчерка но роденденот на мојата мајка е многу важен за мене однапрет едно големо благодарам. *Се извинувам за можните направени печатни грешки.
Помош !!! ти си сеуште тинејџерка, на твојата мајка ќе и биде драго ако и подареш барем една ружа, не мораш да претеруваш со скапо подароци .. а да можеш и една чоколада, тоа повише ќе ја израдува
Помош !!! јас на мојата мајка и подарив 4 шољи за кафе,милка во форма на срце и сама и направив честитка со песна посветена а неа. Искрено честитката ја израдува највеќе,дури и ја расплакав
Роденденски подарок за најблиските Утре му е роденден на татко ми а јас појма неам што да му купам имам една идеја ама незнам дали е добра.. Мислам да му купам една блуза и од ледена чоколада фо форма на срце да напраам колачии? Добра ли е идејава..? Дајте вие некоја идејаа!!
Што да му/и купам..? Можеш да му купиш пижами, џемпер, ако сака алат и ако има доста можеш оние што се како куферчиња за чување на алатот, тренерки, каиш, паричник...
Роденденски подарок На баба ми и е в среда роденден полни 70 год. Планирам да и направам голема торта,и да ги повикам комшивките и да ја изненадам.Сигурна сум дека ќе ми го памти ова
Роденденски подарок На баба ми и‘ беше роденденот додека лежеше на болница. И‘ отидовме сите внуци со торта и прскалици. Цел болнички персонал и останати пациенти беше воодушевен, така да погодок ти е ова со тортава и комшивките!
Роденденски подарок за најблиските Луѓе утре сме на роденден кај една другарка и сакаме со другарките да ја изненадиме славеничката,но незнаеме како...дај предложете нешто што вие имате правено на другарките
Роденденски подарок за најблиските може да и организирате нешто во спа центар-мислам дека нема девојка на светов која не сака да се разубавува, а како дополнителен подарок може да биде книгата жените се од Венера, а мажите од марс-бест селер е(во Матица, Икона би требало да ја има) една жена ми ја препорача мене
Роденденски подарок за некоја недела на мајка ми и е роденден,немам некоја идеа што да и купам а воедно да е убаво и практично ако имате некоја идеа пишете
Роденденски подарок Епа можеш да и кѕпиш некоја блуза или нешто што навистина ке и користи и треба...нешто за во домаќинството...или некој парфемм...
Роденденски подарок за најблиските Јас треба да купам некаков подарок за 60-годишна жена.Но незнам што. Ако имате некоја идеја кажете ми,бидејки навстина незнам што..?!