Присетисе За нешто низ муабет што ти има кажано дека посакува да го има или планира да си го купи. Изненадија и секако доколку ти е достапно купи и го. Така најмногу ќе се израдува и спакувајго интересно а можеш и едно балонче со хелиум да и купиш уз поклонот ..
Јоy во тоа е проблемот што таа не сака вакви работи.Таа сака една кутија од Џамбо.И онакви за на очи за спење,демек и пречеа сијалицата додека јас читам .Ако и земам само таква кутија ќе биде глпаво,а такви за на очи повеќе нема.Да не знај некој каде да ги најдам низ Битола? Adina-јас не немам таблет,таа да има.И мн.пари е. Некаде до 500денари.
провери Низ продавници за долна облека може да ги има . А зошто не одиш во теранова има убави маички и фустанчиња на попуст
За една недела и е роденден на мојата најдобра другарка ке полни 13 години некој предлог за поклон? И ако може некој да ми даде некоја идеа за изненадување
Зависи што сака и каков вкус има. Ако сакаш можеш да комбинираш фармерки и блуза(да купиш фармерки и блуза и да ги искомбинираш сама), некој парфем, или не знам што друго, кажи каков вкус има другарка ти па ако можам ќе ти помогнам
Феминки за два дена сум на дипломска кај најдобра другарка. Е сега не ми се оди со букет или бомбоњера, туку мислев да и купам некој поклон до 1200 ден,но прв пат одам на ваква пригода и баш не знам што се носи а и некако немам некоја идеа,па ве молам за помош.
Некоја колекција види лосион со тоалетна вода или некој парфем, најчесто тоа се носи. И бомбоњера за нејзините.
Можеби повеќе одговара во темата ,,Каде да си купам?'', но ова е нешо ситно, затоа се решив тука. Сакам на мајка ми да и купам за роденден огледалце за во ташна, па некој прелог каде би можела да купам некое така поубаво? Без циркони, светки, ружи и слично.
Девојки, мојата најдобра другарка заминува за Америка таму ќе живее... Сакам да и подарам нешто што ќе ја потсетува на мене... незнам што би било тоа, многу ми значи. Дадете ми некој предлог
една моја другарка наскоро полни 18 години. за да не биди мејнстрим со торти и бла бла сакаме да и приредиме изненадување со машки танчер. но неможам да најдам такво чудо. Предлози за каде да се најде таква личност?
На цимерката и е роденден, дајте кажете нешто идеа за поклон, мислев да и испечатам на блуза Бест Цимер, а и секакви предлози би биле добре дојдени
@Adi888 убава идеја ти е тоа со печатењето, не мора да е блуза можиш и чаша. Дечко ми едно време беше загреан за вежбање па јас му испечатив чаша и таман му ја поклонив тој престана да вежба Муабетот ми беше дека идејата ти е убава а чашата убав подарок, иде зима па ќе ја користи за чај, какао.. Маичките колку што знам се на кратки ракави, ќе треба да чека до лето за да ја носи.
За два дена полни 45 години, а јас, мојата сестра, брат и мајка ми не знаеме што да купиме. Ако може да не е гардероба, бидејќи секоја година купуваме нешто такво. Значи, барам предлози што не се маици, чевли, тренерки и сл. Благодарам :3
Здраво! Вака, идеа што да се купи за некој што отвора свој бизнис? Сум слушнала дека се купува брод демек симбол пари нешто ау... И,да помош каде би нашла брод... Мислам сувенир нели не вистински брод
Епа вака.. ова е сложено. На татко ми му се ближи роденден, а јас се мислам што да му купам. Ве молам да ми предложите нешто. Само НЕ парфеми, такви ствари за бричење и алишта, тоа го има во изобилство. Знам дека ништо не преостана- затоа кажав дека е сложено. Се мислев дали да купам околу 9 лименки пиво и да ги наредам на спратови како торта и на врвот да ставам кесичка кикирики... друго не ми паѓа на ум
Зависи што сака татко ти. Има ли некој хоби? Пример можеш нешто за риболов, некое књижуле такво, можеш некое пенкало мултифункционално како што имаа во Авон каталог сега Сака ли да чита? Некоја енциклопедија ако има. Не сум многу упатена што има по књижарниците, ама може да погледаш. Можеш шах табла на пример. Размисли што сака човекот и ќе ти биде полесно.