@Sky-butterfly nema nikakvo hobi. Rabota doma-doma rabota. Mozebi nesto za relaksiranje posle raobota. Ama sto...?
поклонче,МАЛО уникатно за стар добар пријател? Онака од мерак ми дојде да му купам нешто,без повод. предлог некој? Spoiler не е роденденски ама...
Денес бев во Џамбо и преполно е со симпатични мали работи како за поклон, немам конкретна идеја, но мислам дека ќе ти фати око нешто.
Дечки можеби прашањето не ми е за овде ама бидејќи станува збор за поклон дали може некоја од вас да ми каже каде можам да најдам еднобојна по можност црна кецела (престилка) за во кујна ? Фалааа
Сум ги потрошила сите идеји за роденден на најдобра другарка (од книги, од марами, шалови, обетки, новчаник, шољи и веќе незнам што) ...... Што можам следно??
На мајка ми му е роденден за околу две недели, на татко ми за околу пет. Секоја година купвав нешто практично за двата, неќам нешто шо едноставно нема ни да го гледаат. Ама годинава немам идеи. Ете ќе зборувам прво за мајка ми, зошто неа поблиску ѝ е роденден. Работи кои би ѝ „останале“ - и неќи, а и мислам дека има доволно, па затоа последните година- две гледам нешто попрактично да им подарувам на двата. -> Можам да ѝ купам неколку калапи за благи. Знам дека многу ги обожува тие калапи, ама едноставно смета дека сега не ѝ се потребни да ги купи. -> Размислувам да ѝ купам можеби и сервис со филџани, малку поголемки, не класични зошто многу се туфкаше кога два ѝ се скршија од сервисот. Дали мислите дека овие работи би биле океј? Ако не, што би било подобро да земам? За татко ми, гласи исто со тие работи кои би му „останале“. -> Можам да му купам црвен и зелен појас, зошто тие му фалат како појаси во колекцијата, а сака да ги има сите само смета дека е напорно да оди да зема материјал и да ги носи на шиење и/ли едноставно да купи по еден. (не зборам за титулата, или дипломата за појас, едноставно зборам за појасот како појава, не знам како да објаснам xD Тој и брат ми се активни со каратето и татко ми има желба секој појас кој го имаат, да го има како појава покрај признанието за истиот. Пример ако брат ми сега земи и положи за црн појас, татко ми ќе сака да има таков појас да седни пред него и да му го врзи) Освен ова немам идеи повеќе за него. Некој предлог, молам?
Предлoг зa рoденден,aмa зa тaткo ми зa еднa неделa му е рoденден... дефинитивни хoби му се спoртските oблoжувaлници...
Побарај на фб има неколку профили што печатат чаши, па можеш да си нарачаш. Исто и во Веро- џамбо карши Васидора под ескалаторот има некое фотографско студио што изработуваат. Цената, мислам, им е околу 300 ден.
Девојки ве молам помогнете ми...на блиска другарка и е роденден што да и купам? Само да не биде накит бидејќи таа мене ми купи...
Дечки идеја за поклон за 14 годишно девојче?!? Само да не е облека бидејки тесхко дека кје погодам величина
@s.w-e.e-t.y Има голем избор на подароци. Можеш да разгледаш шал, ракавици, паричник, козметички сет, плик-чанта или некој сувенир.
Феминки на најдобра другарка утре и е роденден а јас сеуште не знам што да и купам и имам купено сешто, сега сакав нешто различно несекојдневно, нешто као чаша/ и во неа шминки или пак слики од нас две во албум во кутија за накит, помогнетее