Следнaтa неделa мajкa ми полни 50 год. Пa сaкaм некaко дa ги оргaнизирaм и другите (брaт ми и сестрa ми) и дa ja изненaдиме некaко сaмо немaм ни идеja а ни пaри Некоjа идеja нешто зa поклон или незз за некое изненадуване.
Нарачајте торта да пишува нешто Happy birthday mom или на македонски, па на полноќ одете и в соба и изненадете ја. За поклон можете да и купете некои обетки од филигран или сребро, комплет ланче обетки доколку носи, некоја книга ако сака да чита или можете да и уплатете за масажа или спа во некој центар. Или пак организирајте фамилијарен ручек на некое убаво место
Зависи шо обожава брат ти... можеш дрес од омилениот тим на пример можиш и нешто вакво (не знам ова на македонски како се вика ) некој блузон или кошула, зависи каков тип е брат ти
Утре му е роденден на мајка ми па сакам да и купам нешто за во кујна ама немитекнува што би мозело ако мози да ми предложите нешто? Фала однапред
Девојки, на роденден сум кај внуче кое ќе полни 1 година... не знам што да му купам како подарок... Алишта, играчки се имам изнакупувано некоја идеја? Добредојдена ќе ми биде
Да видиш во Тетекс. Има убави волнени ќебиња, Свиланит пешкири. Свиланит имаш и во Елва во Рамстор, на спрат.
Женски ќе ве замолам за помош Дечко и на најверната другарка ме покани на роденден , јас идеа немам буквално никаква шо да му купам, ништо не ми паѓа на памет Некаква идеа нешто?
За околу еден месец и е роденден на мојата најдобра другарка, 19 години полни. Ќе и купам балончиња со хелиум, некое мало колаче до свеќичка и уште што не знам, некое слатко подароче што ќе и остане ама не знам што.. Она многу сака шминки ама ако и купам едно нешто да не не е убаво? И што да биде тоа зошто не знам конкретно која шминка ја посакува, не сум забележала. Или слободно дајте некој предлог ако имате.
@Leat Изборот на шминка има еднократна намена и нема да биде трајно како роденденски подарок од тебе. Ако сакаш да биде нешто што ќе остане, можеш да и купиш некој сувенир. Секој поглед кон него ќе ја потсетува на тебе.
Јас би ти препорачала палета со сенки и може некој неутрален кармин ако мислиш дека палетата е малце. Мислам дека вакво нешто на било која би и се допаднало, а цената е околу 250-300 ден и ги има во ДМ
Женскии ми треба идеја за поклон за сестра ми, до сега се и имам купено, козметика накит облека итн итн, сега сакам нешто уникатноо да биде, heeellllllp
Сакам да купам рибичка за поклон, заедно со сад и по некој украс. Знаете ли како се движат цените? Каде можам да најдам не толку скапи во Скопје?
Во ТЦ Бисер горе лево, рибите се околу 150-200 ден., а куглите мислам 600. Можеш да купиш камчиња од Џамбо, по 100тина ден. се. Исто имаше и кај грчка амбасада, спроти 7ца.
Девојки малце помош. Мајка му на дечко ми има роденден, па сакам да и` подарам нешто скромно. Некој предлог?
Девојки ми треба помош. Не се работи за роденденски подарок, туку поканета сум на прослава на 25та годишнина на родителите на дечко ми и немам апсолутно никаква идеја што да однесам. Веројатно треба да купам нешто, со празни раце не се оди. Инаку фамилијарен ручек во ресторан ќе биде. Помош