Гравирање на мапа за местата кои ги посетила, книга нова, боенка за возрасни, испечатена маица со некој омилен лик, книга со посетени места.....не знам што сака девојката но ова ми текна во моментов.
Убав накит, ташна, новчаник, подарок ваучер за у ДМ да си купи што сака или пак убава козметика, некоја палета, парфем, колекција... Зависи што користи и каква е, ти си ја знаеш подобро чим ти е блиска
Ова со ваучерот од ДМ е ептен добра идеја. Веќе неколку родендени со другарките си купуваме ваучери и супер ни е, секоја си зема тоа што и треба. Исто така имаат убави колекции од ДМ, во кошнички и што и не, со секакви цени, па штом е женско може и тоа, зошто да не.
Kako se vikaa prodavnicine za personalizirani podaroci? Edna ima pozadi Kino Karposh, druga na prizemje vo Bunjakovec?
Предлози за подарок за мајка? "44ти" е па сакам да го обележам на некој начин. Ќе направам чоко мафинчиња, но што друго?
Зависи колкав буџет имаш,а секако купи и нешто,некој сувенир вазна на пример со цвеќиња ,или нешто што таа го сака ,ако баш сакаш нешто друго,слики врамени од вас двете,плус некој адресар и убаво пенкало .
Предлог за 40 годишна жена? Марама, новчаник и има земено досега. Чаши за шампањ се мислам или чајник сет.
Дај и пари.Се шегувам,нешто накит на пример можеш или сет од убави чинии/чаши.Мебел може ,зависи од вкусот на жената и колку сте блиски .