Дајте ми некоја идеја за заеднички подарок од мене и дечко ми за наша пријателка.Инаку за 18 роденден
Новчаник, накит доколку носи, персонализирана чаша, парфем, некоја колекција за тело...искомбинирај нешто од овие.
Некоја маичка или наметка така пролетна, новчаник, ако сака шминки можете убава палета или некој сет, ако се интересира за некоја област(пр астрономија) можете некоја книга за тоа...
Можете некоја колекција на козметички производи, новчаник, ташничка, маичка, парфем, накит, шминка и сл.
Феминки, внука ми (од сестра ) значит поблиска немам прави 14години. Права девојка е, што можам со мм да и купиме? Порачувала онлајн (така ми кажа сестра ми) ама пак се мислев и само пари да и дадам па она нека одлучи
Доколку не изразила желба или не кажала дека сака нешто да си купи, јас мислам најубаво пари, да си одбере сама. На поблиски кои веќе се поголеми и можат сами да си купуваат јас секогаш пари им давам.
Штом сте блиски, треба да ја познаваш. Купете нешто да и потпомогнете ако има некое хоби, или нешто со чија помош ќе направи нешто што сака. Ако не мислиш дека подаркот ќе биде полн погодок, тогаш можеш да и дадеш пари, или подобро- заедно да излезнете и таа да си одбере што сака.
Ако сака да се шминка, можеш ваучер од дм да и подариш и да си избере што и фали сама таман. Пример мене ваков поклон погодок би ми бил, поготово тие години кога само шо почнав со шминка и многу работи ми фалеа. На голем дел од тинејџерките секако највеќе им се допаѓа тоа, шминка, облека, пари, накит...
Сакам да и купам на другарка ми некој сет козметика, но да не биде со гел за туширање, туку некој поубав. Можеби со путери за тело, некој сет од креми за раце, нешто такво. Предлог?
Сет за фарбање коса, парфем, сет за нега на тело, сушара за дома, новчаник, ташна, ваучер од дм за подарок...
Парфем, накит, марама, новчаник, чанта, колекција од некој лосион и уште нешто, нешо шминки, квалитетен убав кармин ако сака тоа на пример...
Можеш некое ранче како што се носат за излегување на за во школо или баретка со ракавици комплет за зимава.
Детски парфем,паричник,сет од шампон и гел за туширање или школски прибор доколку сака такви работи. Или нешто што ќе може да го носи во зима.