На блиска другарка и се ближи роденден и не знам веќе што да и подарам. До сега секој роденден и подарував гардероба или чанта, накит не носи, a и за парфеми е специфична. Некој друг предлог?
Lush козметика, во oshy имаш попуст на убави работи долна облека/ пижамче/ бициклистички. Можеш во сара фешон некој купач, книга плус маска за лице/нозе, за вадење црнки( она као селф кер пакетче), има убави плик ташни за летно време у дуки дасо, new yorker прслуче/ пижамка/ фустанче / влечки. Можеш ваучер за дм да купиш, имаш убави комплети од европа со винце и чоколада плус книга… Ако бои, боенка со фломастери /дрвени.. Букет цвеќе од пазар и нешо од тоа горе што пишав..
Предложете ми подарок за роденден за колешка, извршител полни 33 годиини. Сакамм нешто мало внимание да не биде нешто скапо но сепак нешто интересно. Сакав од оние пенкалана од просветно дело ама се над 2000 се… друга идеа немам баш.
Па, ако на твојата колешка не ѝ се битни марки, купи ѝ од друго место. Или искомбинирај пенкало и нотес. Види во Офис Плус опции под 2 илјади.
Некоја чаша да пишува најдобра колешка. Побарај по другите книжари ако има пример како златно пенкало или некое интересно не мора да е толку скапо. Можеш накит, ако не сакаш да е поврзано со работата, книга ако чита, ташна, новчаник имаш повеќе опции
Ако може некоја идеја што да му подарам на татко ми за роденден има сега во вторник, иначе вози камион ако може нешто да е поврзано и со тоа, лани му купив приврзок со пишаница за клучот од камионот.
Ми треба помош!! Идеа за поклон за 90 годишна баба … ми текна евентуално портрет слика, дали знаете некој кој добро црта да ми предложите и ако знаете колку чини. Сите други идеи кои ќе ви текнат се добредојдени
Здравп знам дека не е таа темата но не можев да најдам ништо ни малку блиско. Што да подарам за слава на баба и дедо а да не е стандард вино благо? Млад брачен пар сме па нешто што би им останало