Алка,сет за шминкање(ако се шминка),ланче, има во fiore на рекорд ако си од Скопје, парфем,шал од оние големине сеа што се носат, ако е постара сет филџани некои што знам
Здраво, не знам дали прашањето е за тука но, каде можам да купам престилка (ќептар) со натпис пример за најдобрата мајка, баба за 8ми март? Можи и онлајн.
Пробај одбери нешто за неа лично да не биде предмет за дома. Салонско цвеќе, облека, накит ако носи, убави стегачи или штипки за коса со цвет
@Youknow И јас мислам да избереш нешто лично за неа, а не за дома/домаќинството. Земи во обзир што повеќе сака да носи, можеш накит, марама, некој летен фустан, очила за сонце, парфем, кармин/шминки, и сл. Пример, ако е љубител на чанти: Чанта од природен материјал со цветен мотив (Манго) Може и помала, за да си го носи телефонот/наочарите и сл. (Parfois) На подарокот плус би рекла цвеќе или некое уникатно органско чоколадо, какви што има по Белина и сл продавници. Или ако ужива специфично во храната, можеш и да наполниш мала кошница со интересни веге производи
За сопругот некоја идеја. Онлајн. Он е тип кој сака едноставност без џиџи-миџи. Може часовник, брендирана облека. Хелп!
Не знам дали веќе му пројде. Што сака во слободно време? Јас во принцип секогаш бирам подароци според личноста, тоа што најмногу го сака така склопувам подарок. Последно за мм му земав гејмерски стол. За другарка опседната со свеќи, рачно изработени свеќи. За друга другарка што имаше идеја за личен мал бизнис но не и храброст - персонализиран бележник, буквално секоја страна внатре ја осмислував со слики, мотивациони пораки, убави мисли за да го направат така.. Овие часовник,парфем ми се ептен подароци без инспирација колку да не е без ич Или купи му парфем кој го користел одамна кога сте почнале да се гледате, сега се сетив дека на мојов така му вратив спомени, парфемот го имаше заборавено добри 8 години
Дали може да ми дадете предлози за поклон, 50ти роденден на мајка ми. Помислив на часовник, и да дадам да се изгравира да пишува нешто, каде би можело да се направи тоа?
Зависи од вкусот на мајка ти што сака таа. Јас на мојата најчесто и земам некој накит сребрен, сваровски, најчесто тоа затоа што сака такви работи, ташна, облека од она што знам дека и се допага, убав паричник, комплет некои книги за читање доколку чита. Ако си сака ваучер за масажи. Инаку за накит гравираат најчесто од таму каде што се зема накитот. Исто можеш некое ланче сребрено со иницијали некои ваши и секако што и да одбереш и букет свежо цвеќе.
Се извинувам бидејќи како машко пишувам тука на овој форум, но сметам дека е најдоброто место за да прашам. Каде можам да најдам мече кое "дише"? За подарок ми е за дете, но не можам да најдма освен на Bizy, а за таа страница има неколку објави во "Ѕид на измами од онлајн продавници"... Ваше искуство со страницата или каде можам да најдам?