Здраво, Ве молам за помош (подарок за родилка) Дајте ми некоја идеја за подарок. Се работи за нова мама , прво бебенце и е. За бебенцето купив ,но за мајката немам баш некоја идеја ..
За прва и најблиска брачеда за роденден да и земам се мислам меѓу една квалитетна чанта, една огрлица guess или еден сет парфем пример armani или dior ама никако да се одлучам.. помош?
Квалитетна ташна би бил мојот избор и тоа некоја класична црна што ќе си ја носи долго време. Парфемот се троши , а на Guess накитот нема голема вредност, го плаќаш името.
Книга за бременост доколку немала онаа од 1ден до крај на бременост што пишуваш внатре Ланче,алка,обетки,часовник За нега нешто
Елегантна чанта, парфем, сервис чаши за кафе или чај, цвеќе во саксија, накит или ваучер од продавница..
Прашувам бидејќи не се разбирам во пенкала. Сакам на подарок да дадам убаво пенкало со гравура. Некој да купувал или добил ваков подарок па да даде предлог,препорака?
Јас купував скоро пенкало за поклон, меѓу попознатите се на паркер и waterman. Има повеќе врсти, зависи дали е за класика и секојдневно користење, за убав текст или за бизнис потписи.. така мислам ги класифицираа.
Препорачајте ми страница што изработува карикатури. Прашав на две места,едното ми се виде ефтино,другото скапо и сега не знам што е правилно,која е реалната цена
Во последно време многу спонзорирани објави со chatgpt карикатури ми се појавуваат.. внимавај и на тоа ептен се приметува. Карикатури мк ги следам многу одамна, ама никогаш немам нарачувано.
Членката погоре ме потсети за карикатурите. Имаше порано во Рамстор, дали сѐ уште работат или се преместени на друга локација?